Рецепти за торти

Дискусија во 'Рецепти' започната од white-chocolate, 25 март 2010.

  1. magic.girl

    magic.girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 април 2014
    Пораки:
    542
    Допаѓања:
    204
    Пол:
    Женски
    Денес ке ја правам само се мислам дали да ставам овошје или не па ке ви кажам како ми испаднала :)
     
  2. ristovska123

    ristovska123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 мај 2014
    Пораки:
    214
    Допаѓања:
    64
    Кажете некојј рецепт за торти некои кои се прават за пократко време и се вкусни :$ :$
     
  3. ane.bella

    ane.bella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 јуни 2011
    Пораки:
    3.224
    Допаѓања:
    25.832
    Пол:
    Женски
    Хмм, брза а вкусна?!? Онаа со хопла и бисквити е ем брза ем вкусна,за да не е толку едноставна можеш да додадеш нешто плус како банани и еурокрем на пример,или јас понекогаш ги брцкам бисквитите во овошен чај наместо во млеко или во растворено капучино за да има подруг вкус,на друга брза не ми текнува.

    Редактирам :D
    Прошетав низ моите фото рецепти и еве најдов уште две лесни и брзи торти и двете се со бисквити
     

    Прикачени фајлови:

    • image.jpg
      image.jpg
      Големина на фајлот:
      176,8 KB
      Прегледи:
      544
    • image.jpg
      image.jpg
      Големина на фајлот:
      167,9 KB
      Прегледи:
      543
  4. Valerin

    Valerin Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    1.717
    Допаѓања:
    5.277
    Има некој рецепт за торта од лимон како се прави?

    [​IMG]


    Вака треба да изледа, веројатно знаете за што ви зборувам..? :?:
     
  5. okcenzi

    okcenzi Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2012
    Пораки:
    3.522
    Допаѓања:
    9.563
    Девојки ВЕ МОЛАМ ЗА ПОМОШ
    Брат ми пред еден месец ја скрши раката и му ветив дека кога ке го извади гипсот,ке му направам ХАВАНА торта ( незнам кај ја видел). Е сега ми треба рецептот, дека го извади гипсот пред три дена, а јас три дена го мотам. Срам да ми е знам.

    Била слична како песок торта ( која највеке ја обожава), но повкусна.
    Еве пред 2 мин ми ја спомна и морав да пишам.
     
    На Antebellum му/ѝ се допаѓа ова.
  6. nevermet18

    nevermet18 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 мај 2014
    Пораки:
    5.229
    Допаѓања:
    13.205
    Пол:
    Женски
  7. poenta

    poenta Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 ноември 2013
    Пораки:
    5.028
    Допаѓања:
    36.091
    Пол:
    Женски
    Ладен ролат

    500 грама мелени бисквити
    едно паковање ресани
    ореви
    шербет(300 гр шекер,150мл вода)
    70 гр маргарин
    1-2лажици какао
    еурокрем

    Се месат заедно сите наведени состојки и тестото го делиме на два дела, при што правиме два ролати. Најпрво се става најлонска хартија во калапот, потоа дел од смесата ја премачкуваме со еурокремот и ставаме од оревите кои сме ги исецкале претходно, и со тоа е готов едниот ролат. Со другиот ја правиме истата постапка само што тука ставаме ресани на средината.
    Потоа ги ставаме во фридижер да се стегнат и може да се декорира по желба.
     
  8. okcenzi

    okcenzi Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2012
    Пораки:
    3.522
    Допаѓања:
    9.563
    Фала душо, но оваа торта на брат ми не се пече, а може и да не се вика Хавана, кој знае што пробал човекот.
    И јас ја барав на нет, но не ја најдов, па за тоа пишав тука.
    А сега ке прашувам по комшии па ако ја најдам ке ви го пастирам рецептот.

    Оваа не се пече ама нез дали е тааа
    http://www.coolinarika.com/recept/violetina-havana/
     
  9. Antolinaa

    Antolinaa Популарен член

    Се зачлени на:
    2 октомври 2012
    Пораки:
    2.943
    Допаѓања:
    18.250
    Ја направив со праски уште пред една недела и за 2-3 дена ја мафнаа сите :) Лесна торта, баш како за периодов сега. Јас и’ ставив плус шлаг одозгора да не биде сува. :pizza:
     
  10. lepa.milena

    lepa.milena Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2011
    Пораки:
    346
    Допаѓања:
    161
    еве повеќе рецепти за хавана торта http://www.coolinarika.com/tag/havana-torta/
     
    На okcenzi му/ѝ се допаѓа ова.
  11. okcenzi

    okcenzi Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2012
    Пораки:
    3.522
    Допаѓања:
    9.563
    Фала мила. Обавезно ке ја направам оваа http://www.coolinarika.com/recept/704374/.

    Вчера ја нправив ПЕСОК тортата и мн беше вкусна.
     
  12. mila101

    mila101 Активен член

    Се зачлени на:
    10 април 2014
    Пораки:
    94
    Допаѓања:
    51
    ФАНТАЗИЈА ТОРТА

    Состојки:
    *ПОДЛОГА:
    300гр.мелени бисквити
    200мл чоколадно млеко
    1 ванилен шекер

    *БЕЛ КРЕМ:
    300мл павлака за шлаг
    3 лажици шекер
    100гр.бело чоколадо
    0,5 пакетче желатин


    *ТЕМЕН КРЕМ:
    300мл.павлака за шлаг
    100гр.црно чоколадо за готвење
    3 лажици шеќер
    0,5 пакетче желатин

    ПОДГОТОВКА:
    Од мелените бисквиди, ванилниот шеќер и чоколадното млеко направете кора. На пареа се топи белата чоколада. Се матат павлаката и шеќерот во што се додава стопената чоколада и желатинот.Матиме со миксер, па го додаваме филот врз кората. Треба да отстои малце во фрижидер додека се стегне.
    На пареа се топи црното чоколадо. Се матат павлаката и шеќерот па ја додаваме и стопената црна чоколада ижелатинот. Матиме со миксер, па го додаваме црниот фил врз белиот. Тортата да отстои 1 час во фрижидер и потоа ако имате желба може да се декорира. Пријатен апетит. :*
     

    Прикачени фајлови:

    • 910-660x300.jpg
      910-660x300.jpg
      Големина на фајлот:
      34,5 KB
      Прегледи:
      606
    На AnaKarenina и okcenzi им се допаѓа ова.
  13. srcence1607

    srcence1607 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2012
    Пораки:
    2.368
    Допаѓања:
    2.475
    Пол:
    Женски
    Цигански колач се вика и превкусна е, а е мн едноставна и брза. Јас ја обожавам за неполни 2 саати дома ја јадеме 2ца :D

    Потребни состојки
    3 jajца
    12 супени лажици шеќер
    12 супени лажици млеко
    12 супени лажици зејтин
    8 -||- лажици брашно
    6 -||- лажици гриз
    4 -||- какао
    1 прашок за печиво
    1 ванилин шеќер
    Мармалад со вкус по желба и во зависнот од потребите
    1 или 2 кесички Шлаг пена по желба
    околу 100 мл млеко за парење на тортата и
    малце млеко за матење на шлагот

    Подготовка

    Јајцата се матат со шеќерот дур не се добие густа хомогена смеса. Потоа се додаваат наеднаш, 12те лажици млеко и зејтин, брашното, гризот, какаотот, прашокот за печиво и ванилиниот шеќер и се меша со дрвена лажица за да се соедини но не многу да не изгуби густината. Во правоаголно тавче се става малце зејтинче се мачка и се посипува со брашно. Смесата се истура и на загреана рерна се става да се пече на 180- 200 степени. Откако ќе се испече, се остава убаво да се олади, се загрева малце млеко и се пари тортата. Одозгора се мачка мармалад. се мати шлагот и на крај се мачка шлагот. Се сече на коцки и веднаш може да се јаде.

    Нешто преубаво е. Пробајте :inlove:
     
  14. SunnyGirl2

    SunnyGirl2 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 ноември 2012
    Пораки:
    5.584
    Допаѓања:
    5.924
    Сте ја правеле ли тортата Милка -од чоколадата?

    Сакам да направам за роденденот на саканиот и сакам да ставам лепенка за торта со омилениот цртан имало во Тинек 103 ден. биле...

    Па сакав тортата да е вкусна :) :D
     
  15. Lovely93

    Lovely93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 септември 2013
    Пораки:
    2.637
    Допаѓања:
    2.020
    Пол:
    Женски
    Штотуку ја направив тортава, многу е брза и евтина и се гледа дека ќе биде превкусна. Ја препорачувам и јас. :)
     
  16. zelenooo

    zelenooo Активен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2014
    Пораки:
    23
    Допаѓања:
    3
    dajte mi nekoj recept za kora od torta so suvi smokvi ili urmi
     
  17. poenta

    poenta Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 ноември 2013
    Пораки:
    5.028
    Допаѓања:
    36.091
    Пол:
    Женски
    Торта од чоколадо и костени

    Потребни состојки:
    6 јајца
    80 г шеќер
    2 лажици какао
    60 г пченично брашно (тип 40)
    5 лажици млеко

    За кремот:
    150 г пире од костени
    300 мл слатка павлака
    300 мл млеко
    1 крем за колачи од чоколадо
    100 г чоколадо

    Начин на подготовка:
    Жолчките и шеќерот заедно ставете ги во сад и со електричен миксер изматете ги додека не добиете кремаста смеса. Додајте го какаото помешано со брашно и добро измешајте. Белките изматете ги во цврст шлаг и нежно додавајте ги во смесата.
    На дното на калап за торта со дијаметар 24 см ставете хартија за печење и добро премачкајте ја со путер. Сипете ја подготвената смеса, израмнете и печете 40 минути во рерна загреана на 180 степени.
    Извадете го печениот пандишпан и оставете го да се излади, а потоа напрскајте го со млеко.
    Пирето од костени разредете го со 100 мл слатка павлака. Во сад ставете го ладното млеко, додајте го остатокот од слатката павлака и содржината од кесичката за кремот.
    Матете со миксер на средна брзина околу 2-3 минути, додека не добиете крем. Во него додајте го стопеното чоколадо и разреденото пире од костени.
    Веднаш нанесете врз оладениот бисквит-пандишпан и израмнете.
    Потоа тортата ставете ја во фрижидер да се лади, после што е спремна за послужување.
    Дополнително можете да ја украсите со шлаг или чоколадна глазура.
     
  18. Lovely93

    Lovely93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 септември 2013
    Пораки:
    2.637
    Допаѓања:
    2.020
    Пол:
    Женски
    Има ли некоја рецепт за тортата со банани, ресани, бисквити, пудинг и пишкоти?
     
  19. Marick14

    Marick14 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 март 2013
    Пораки:
    3.679
    Допаѓања:
    2.933
    Знаете ли каде можам да најдам кај што прават торти во форми?
     
  20. Marick14

    Marick14 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 март 2013
    Пораки:
    3.679
    Допаѓања:
    2.933
    Се снајдов. Најдов во Канела. ;)