1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Рецепти за торти

Дискусија во 'Рецепти' започната од white-chocolate, 25 март 2010.

  1. Lovely93

    Lovely93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 септември 2013
    Пораки:
    2.637
    Допаѓања:
    2.018
    Пол:
    Женски
    Монте торта

    Состојки:

    - Прв крем: 1 л. млеко, 100 гр. густин, 100 гр. шеќер, 1 ванилин шеќер и 125 гр. путер

    - Втор крем: 500 мл. слатка павлака (хопла) и 200 гр. чоколадо

    - бисквити

    - малку рум

    Подготовка:

    1. На помало тавче за печење наредете ги бисквитите во еден слој и премачкајте ги со малку млеко помешано со рум.

    2. За првиот крем ставете го млекото на рингла да се топли и додадете малку рум. Во друг сад измешајте го шеќерот и густинот со малку ладно млеко за да добиете изедначена смеса. Кога млекото ќе зоврие, додадете ја смесата со густинот и на послаб оган мешајте околу 2 минути. Во врелата смеса додадете го путерот и прелијте ја врз бисквитите.

    3. За вториот крем, на послаб оган загрејте ја слатката павлака во која сте го додале исечканото чоколадо, а кога истото ќе се стопи, прелијте го врз првиот крем и оставете ја тортата да се олади.

    (Штотуку ја правам па ќе пишам како испаднала, би требало да е вкусна) :)
     
  2. girl-miri

    girl-miri Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    7.698
    Допаѓања:
    19.879
    Пол:
    Женски
    За роденденот на малата сакам да и направам торта ама не ме бидува многу за украсување а сакам убаво да ја украсам.
    Како ги правите украсите за торти? кажете било какви убави и интересни,јас се исто едноставно со шлаг или со чоколадо :^) овој пат сакам нешто убаво,украси плус и некои б :) ои
     
  3. zoketo

    zoketo Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 септември 2012
    Пораки:
    139
    Допаѓања:
    128
    Пол:
    Женски
    Чоколадна торта која не се пече


    Состојки:

    1l млеко
    10 лажици шеќер
    3 пудинзи од ванила
    300g млечно чоколадо
    100g бело чоколадо
    500ml слатка павлака
    Пакетче бисквити
    Подготовка:

    Во 200ml млеко разматете ги пудинзите и шеќерот. Остатокот од млекото ставете го во тенџере и загрејте го додека не зоврие. Додадете го разредениот пудинг и сварете го.

    Добиениот пудинг поделете го на 2 дела. Во едниот додајте го темното, а во другиот белото чоколадо. Мешајте додека чоколадото не се растопи. Оставете ги да се оладат.

    Слатката павлака изматете ја со миксер, па по ¼ додадете во темното и светлото чоколадо.

    Во овален калап ставете фолија, па истурете ја светлата смеса и дел од темната смеса. Благо измешајте ги додека не добиете црно-бели шари.

    Нанесете ја преостанатата павлака, израмнете, па потоа додадете го остатокот од смесата со темно чоколадо.

    Бисквитите потопете ги во млеко, па наредете ги врз смесата.

    Тортата покријте ја со фолија и ставете ја во ладилник да се олади неколку часа.

    Земете чинија или плитка тава поголема од садот во кој ја правевте тортата и превртете ја.

    Сечете и декорирајте по желба.
     
  4. Giovanna

    Giovanna Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2011
    Пораки:
    1.968
    Допаѓања:
    10.188
    @Annath ќе може ли да ставиш рецепт од тортата Љубовен остров што си ја постирала, делува многу кремасто и фино, плус и жолтитот фил ме примами одма ^_^
     
  5. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.473
    Допаѓања:
    201.284
    Пол:
    Женски
    Сега ќе го ставам, имаше неколку феминки што ме замолија во лп за рецепт, ама сега тука ќе го напишам.

    „Љубовен остров“

    Потребни состојки:
    за темни кори:

    • 8 јајца
    • 8 лажици шеќер
    • 16 лажици мелени ореви
    • 4 лажици брашно
    • 2 лажици какао

      за бела кора:
    • 5 белки
    • 7 лажици шеќер
    • 2 лажици џем од кајсии
    • 50-80г ореви (цели јатки)

    за крем:
    • 8 жолчки
    • 5 лажици шеќер
    • 5 лажици густин
    • 500мл млеко
    • ќесичка ванилин шеќер
    • 250г маргарин/несолен путер
    • 200г шеќер во прав

    за натопување и украсување:
    • сок од портокал (1-2 портокали зависно од големината)
    • 100г чоколадо
    • 50г мелени ореви


    Прво се прават две темни кори. За една кора се матат 4 јајца со 4 лажици шеќер додека не се триплира волуменот и да се добие пенаста смеса. Се додаваат 8 лажици мелени ореви, 2 лажици брашно и лажица какао. Се меша со лажица, не со миксер, да се добие изедначена смеса. Се пече во тавче бр.28, на 180 степени околу 10-15 минути (зависи од рерната).

    Се прави уште една темна кора на истиот начин. Бидејќи немам тавче бр.28, јас ги изматив сите состојки за двете кори истовремено и смесата ја печев во плех од рерна, па го поделив пандишпанот на половина.

    Белата кора се прави така што се матат 5 белки со 7 лажици шеќер, да се добие цврст снег или шам. Се додава џемот од кајсии (може и некој друг по избор) и убаво се меша. На хартија во истото тавче во кое се печеле темните кори се редат половинки јатки од ореви и одозгора се истура смесата од белки, поточно се размачкува рамномерно. Се пече во загреана рерна на 175 степени околу еден час.
    Јас тука малку импровизирав, плехот од рерна го делев на половина за да добијам кора со иста величина како темните кори.

    Додека корите се ладат, се приготвува филот. Се мешаат 8 жолчки со малку млеко и 5 лажици шеќер и 5 лажици густин, а останатото млеко со ванилиниот шеќер се става на оган да зоврие. Постапката е иста како за пудинг од ќесичка, но во случајов правиме крем од жолчки. Кога ќе почне да врие млекото, малку се додава во жолчките со постојано мешање (да се навикнат на температурата) и потоа целата смеса се истура во садот во кој врие млекото. Постојано се меша да се добие убав густ крем како пудинг.

    Кремот треба убаво да се излади, а за тоа време се мати 250г маргарин или несолен путер со 200г шеќер, да стане пенаст. Кога кремот од жолчки ќе се излади, се меша со изматениот маргарин да се добие хомогена смеса. Ако е малку течна, слободно може да се стави во фрижидер да се стврдне, ќе биде полесно за филување на корите.

    Прво се зема една темна кора, се прска со сок од портокал и се премачкува со филот. Се става белата кора, се прска со сокот, се става фил и на крај се става другата темна кора. Повторно се прска со сок од портокал и се премачкува со остатокот од филот.

    Од страна се лепат мелените ореви, а одозгора се украсува со чоколадо.

    Напомена
    Може да се украси со шлаг од трите белки што останале изматени со шербет, ама бидејќи јас ја правев два дена претходно за убаво да се стегне, не направив шлаг, бидејќи не ми успева да стои на торта повеќе од еден ден. Тајната на траење на шлагот од белки се уште не сум ја открила.



    Се надевам дека ќе ја пробате, превкусна е. Не е тешка, иако вака изгледа дека има многу, ама правете ја кога имате повеќе слободно време. Добар апетит! :D
     
    На Giovanna и joy1 им се допаѓа ова.
  6. Elissa

    Elissa Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2014
    Пораки:
    3.302
    Допаѓања:
    22.592
    Пол:
    Женски
    Кој знае да пише некој рецепт за Брзи гонзалес, онаа торта што е топи одозгора со какао или чоколадо. Или некоја слична така како колач, пандишпан. Многу сакам такви.
     
  7. Bufi

    Bufi Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 септември 2014
    Пораки:
    367
    Допаѓања:
    647
    Pobaraj da kupis fondan za torta, go ima vo razni boi, izberi koi boi sakas, i doma so sukalo rasukaj gi, pokrij ja tortata so toa, i potoa vo drugi boi ukrasuvaj kako sakas i so koi figuri sakas,Toa se mesi ko plastelin, lesno e, samo treba malku kreativnost, a inspiracija mozes da pobaras na internet sliki! Pa uspesna rabota:))
     
  8. ennaz

    ennaz Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2013
    Пораки:
    269
    Допаѓања:
    412
    Еве еден рецепт за торта не е баш лесна ама многу е вкусна:
    Слики има на блогот:
    http://ennavegetariandelights.blogspot.com/2013/09/egg-row-cake.html

    Состојки
    За првото тесто:
    • 8 лаж. шеќер
    • 8 белки од јајце
    • 100 гр. сецкани урми
    • 3 лаж. презла
    • 3 лаж. брашно
    За второто тесто:
    • 8 лаж. шеќер
    • 8 белки од јајце
    • 100 гр. сецкана чоколада
    • 3 лаж. презла
    • 3 лаж. брашно
    Торта табла... Chocolate egg cake
    За филот:

    • 13 лаж. шеќер
    • 16 жолчки од јајце
    • 200 гр. чоколада за готвење
    • 1 литар млеко
    • 3 пудинга од ванила
    • сок од 2 портокали
    • 3 чаши мелени ореви
    • 500 гр. маргарин
    • 500 гр. шеќер во прав
    За дополнителноит слој:
    • 400 гр. бисквити
    • 1 чаша филтер кафе
    За декорација:
    • 1100 гр. фондант
    • 42 чоколадни бомбони
    • 30 чоколадни јајца
    Изработка:
    За тортата се печат две различни теста.
    За првото тесто се матат белките и шеќерот, и во смесата се додаваат исецканите урми, презлата и брашното. Тестото потоа се пече во загреана рерна на 180 степени Целзиусови околу 45 минути.
    На сличен начин се изработува и второто тесто. Се матат белките и шеќерот, па им се додава сецканата чоколада, презлата и брашното. Се пече на ист начин.
    Тортата се филува со три различни фила.
    Маргаринот се мати со шеќерот во прав и смесата се дели на три дела.
    За првиот фил пареа се матат 8 жолчки со 8 лажици шеќер, и во нив се додава 200 гр. темно чоколадо. Во оваа смеса се додава 1/3 од смесата со маргарин.
    За вториот фил се спрема крем од млекото, пудинзите, 8 жолчки и 5 лажици шеќер. Во овој крем се додава сок од 1 портокал и 1/3 од смесата со маргарин.
    За третито фил 3 чаши мелени ореви се парат со 1/2 чаша млеко. Во оваа смеса се додава сок од 1 портокал и 1/3 од смесата со маргарин.
    Редоследот на премачкување на тортата е следниов:
    Прво се става првото тесто, па првиот фил, потоа се редат бисквитите попарени со кафето, па се мачка вториот фил, потоа доаѓа второто тесто и над него третито фил.
    Од остатоците од сите 3 фила се прави смеса со која се премачкува целата торта.
    Над тортата се редат чоколадните бомбони во 7 реда по 6 бомбони, а потоа се прекриваат со тенко осукана кора од фондант. Бојата на фондантот е препорачливо да биде слична со бојата на таблите за јаца (зелена или кремава).
    Фондантот се окројува околу тортата. Измеѓу бомбоните треба нежно да се притисне и да се оформат вдлабнатини во фондантот во кои потоа се редат чоколадните јајца.
    На тој начин се прави тортата да личи на табла со јајца.
    За поверодостоен изглед чоколадните јајца можете да ги премачкате со стопена бела чоколада или да ги обложите со бел фондант.
    За секој од гостите да добие по едно чоколадно јајце тортата сечете ја во коцкасти парчиња како колаче, а не во класични парчиња.

    И многу лесен рецепт за куглоф тортичка:
    Исто слики на блогот:

    http://ennavegetariandelights.blogspot.com/2015/02/oriental-fruit-cake.html

    ОРИЕНТАЛЕН КУГЛОФ

    СОСТОЈКИ:
    2 јајца
    3 шољи шеќер
    1 шоља масло
    2 шољи млеко
    1пециво
    100 гр. сецкани урми
    100 гр. сецкани смокви
    150 гр. ореви
    4 лаж. какао
    1 ванила
    Со миксер се матат јајцата и шеќерот;
    Потоа во смесата се додаваат сецканите урми и смокви, оревите, какаото, ванилата и брашното (претходно измешано со прашокот за печиво);
    Смесата се пече во подмачкан куглоф на 200 степени Целзиусови околу 35 минути;
    Кога ќе се испече се остава да се излади па се превртува на опаку, се остава да се излади и се декорира со стопено бело чоколадо обоено со прехрамбени бои во саканата нијанса.
     
  9. ennaz

    ennaz Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2013
    Пораки:
    269
    Допаѓања:
    412
    Брзи гонзалез ми е омилена тортичка. Баш ме потсети да ја ставам на блогот. Вечер ќе ја искуцкам и ќе ја пратам.
     
  10. ennaz

    ennaz Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2013
    Пораки:
    269
    Допаѓања:
    412
    Од каде купуваш фондант. Јас до сега овде готов не сум видела, па сама си го спремам ама не ми е баш лесно.
     
  11. Bufi

    Bufi Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 септември 2014
    Пораки:
    367
    Допаѓања:
    647
    Vo stranstvo ziveam, ama mislev deka ima i tamu:^)
     
  12. mila101

    mila101 Активен член

    Се зачлени на:
    10 април 2014
    Пораки:
    94
    Допаѓања:
    51
    4073f0e4185a3c424a80b212ea598c8747-w=465-h=255.png

    Бананита - колач




    Потребни состојки за тесто:


    9 јајца
    9 лажици шеќер
    9 лажици мелени ореви
    2 лажици брашно
    ½ кесичка печиво

    Потребни состојки за фил:

    1 литар млеко
    2 пудинзи од ванила
    4 лажици брашно
    2 кесички ванилин шеќер
    250 г маргарин/путер
    2 лажици шеќер во прав


    Женски го имате некоја правено колачов? Дали е вкусен?
    Му се чудам од сабајле.. Дали бананиве од озгоре нема да поцрнат за неколку саати? :/
     
  13. joy1

    joy1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    19.769
    Допаѓања:
    324.644
    Пол:
    Женски
    Попрскај ги малце со лимон и нема да поцрнат .
     
    На mila101 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. okcenzi

    okcenzi Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2012
    Пораки:
    3.522
    Допаѓања:
    9.561
    Бидејќи јас не го поднесувам кокосот, ја направив песок тортата, но наместо кокос ставив суво грозје и во пудинг од чоколада наместо ванила, Тој беше најдолниот слој, па после ванилата со лешникот, па ванилата со бисквидите. Испадна најдобра до сега. Најголе нормално со шлаг.
    И баш беше ко песок од највлажен до најсув. Штета што додека се вратив беше веке изедена, но ќе ја правам пак во скоро време, па ќе ставам слики.
     
  15. Sweet777

    Sweet777 Активен член

    Се зачлени на:
    7 април 2015
    Пораки:
    19
    Допаѓања:
    20
    Пол:
    Женски
    Белата торта е торта која не се пече и е идеална за брзо приготвување, во случај да немате време за приготвување на благо, а ви се најавиле гости :)

    250 гр. путер
    250 гр. шеќер
    4 јајца
    4 (штангли) чоколадо
    100 гр. потпечени,па сомелени бадеми
    1 мала чашка рум
    бисквити

    Путерот и шеќерот се матат додека не се направи пена. Во изматената смеса додадете ги едно по едно јајцата со постојано матење. Потоа додадете го растопеното чоколадо и на крај бадемите. Во долгнавесто тавче наредете ги бисквитите, кои претходно сте ги потопиле во малку вода помешана со рум. Преку бисквитите ставете од филот и се така редете додека не се потрошат и бисквитите и филот. Последниот ред од тортата е само бисквити. Оставете ја во фрижидер да се стегне, а кога ќе се олади ставете и шлаг пена, по желба попрскана со чоколадо. d7a332411e14769f300879cf8b1d4da6_XL.jpg
     
    На okcenzi му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Tatjana95

    Tatjana95 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 август 2014
    Пораки:
    360
    Допаѓања:
    1.115
    Пол:
    Женски
    Сакате чоколадна торта, ама истовремено лесна за јадење? Епа еве ви една...
    Тесто:
    - 10 јајца
    - 6 лажици шеќер
    - 1 пециво
    - 100г печени мелени ореви
    Фил:
    - 2 пудинга од чоколадо
    - 0.5л млеко
    - 100г чоколадо
    - 150гр. крупно мелени печени ореви
    - 200г маргарин
    и 2 чоколадни шлага за прекривање
    Тесто
    Прво се печат оревите. Може и во рерна, а може и на рингла... од прилика дури да замирисаат, на потивко ако се на рингла, околу 10 мин. Јајцата и шеќерот се бијат (шеќерот се додава постепено). Потоа се додава брашното, пецивото, мелените ореви и се меша со исклучен миксер, дрвена лажица, што и да ви е погодно. Тестото се става во плех обложен со хартија за печење (плех 43х36см) и се пече во загреана рерна на 180 степени околу 20-25 мин. Оладеното тесто се дели на 3 дела.
    Фил
    Двата пудинга се варат со млекото, се додава искршеното чоколадо и се вари додека да згусне. Се додаваат маргаринот и крупно мелените ореви. Се филува.
    Шлагот се разматува со млекото и се прекрива тортата. Се остава во фрижидер за да се стегне.

    Многу е едноставна за правење и е вкусна за јадење. Мене ми требаше од прилика околу 3 часа за да ја спремам. Видов мака со филот затоа што наместо во пола кило, јас го ставив во скоро кило млеко (facepalm) Кога не проверуваш рецепт 2 пати, тоа ти е... :|
     
    На Lady Phoenix и okcenzi им се допаѓа ова.
  17. ♡BuBaLe♡

    ♡BuBaLe♡ Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 мај 2015
    Пораки:
    5.195
    Допаѓања:
    106.173
    Пол:
    Женски

    Ммм, вкусот на моето детство, тортата која за сите свечени пригоди ја правеше мајка ми!
     
    На Mrs.Bass му/ѝ се допаѓа ова.
  18. malecko5

    malecko5 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 декември 2013
    Пораки:
    1.605
    Допаѓања:
    1.135
    Ke moze li nekoj/a da pise recept od edna torta so se pravi kako medeno srce...znam deka site sostojki se mesaa zaedno i vnatre se stavase marmalad i se pecese i od gore se stavase preliv od cokolado
     
  19. Natee2

    Natee2 Активен член

    Се зачлени на:
    2 август 2015
    Пораки:
    50
    Допаѓања:
    108
    Пол:
    Женски
    Сладолед Торта


    8 јајца
    1кг хопла
    1кг бисквити
    20 лажици шеќер
    3кафиња (нескафе)
    Се кршаат јајцата во еден сад заедно со шеќерот и се матат со миксер се додека не се добие хомогена смеса.Потоа во друг сад се става хоплата и се мати се додека не се стврдне и се стават во хоплата изматените јајца и пак се матат за да се добие хомогена смеса.Потоа бисквитите се потопуваат во кафето и се редат =бисквити=хопла=бисвкити=хопла=бисквити=хопла но кој сака може да си стави и нешто друго еве на пример јас кога ја правам на секој ред врз хоплата ставам рендено кујнско чоколадо и тоа многу,некогаш бонитоп и др..
    Околу 300ден е а вреди да се проба,кога е заледена како сладолед е цела можам да си изедам хх :D:D
     
    Последна измена: 4 август 2015
  20. Winter Lady

    Winter Lady Популарен член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2015
    Пораки:
    3.421
    Допаѓања:
    26.046
    Пол:
    Женски
    Ауу онаа познатата торта со хопла јас така си ја викам торта со хопла превкусна и тие денови се мислев да ја правам ама на жешково не ми се ни јаде не па да готвам , поточно ме мрзии :rofl: незнам кога ке се решам да ја правам.Се става и ред банани на 2 редаа . ;)
     
    На Natee2 му/ѝ се допаѓа ова.