1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Рецепти за торти

Дискусија во 'Рецепти' започната од white-chocolate, 25 март 2010.

  1. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.469
    Допаѓања:
    201.244
    Пол:
    Женски
    ^^Јас го печам во плиток голем плех, од оние што доаѓаат заедно со шпоретот кога го купуваш. Знаеш на каков мислам, нели? :)
     
  2. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.566
    Допаѓања:
    20.053
    Јас сакам така да ја печам.После ја сечеш на три подолги ленти така?
     
  3. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.469
    Допаѓања:
    201.244
    Пол:
    Женски
    ^^Да, па така ми кажаа кога ми го дадоа рецептот. А и повеќето торти така ги правам :)
     
  4. glamour-lady

    glamour-lady Популарен член

    Се зачлени на:
    7 ноември 2010
    Пораки:
    572
    Допаѓања:
    776
    :) да знам... фала.. утре ќе си направам.. вака изгледа дека е многу вкусна.. :D :up:
     
  5. angie

    angie Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2009
    Пораки:
    389
    Допаѓања:
    242
    Ролат од лешник и кокос

    • 150 грама Шеќер во прав
    • 20 грама Чоколадо за готвење
    • 50 грама Чоколадо
    • 250 милилитри Млеко
    • 250 грама Лешник
    • 100 грама Кокосово брашно
    • 50 грама Какао
    • 100 грама Блага павлака
    • 250 грама Бисквити
    Млекото, 100 гр. шеќер во прав и какаото варете ги додека не зовријат, а потоа ставете го чоколадото за готвење, па мешајте додека не се растопи.
    Додадете ги мелените бисквитите и мелените лешници.
    Измешајте ја смесата за да стане хомогена.
    На работната површина ставете намастена кујнска хартија, одозгора ставете ја смесата, па расукајте правоаголник, а одозгора ставете намастена хартија или фолија.
    Слатката павлака и белата чоколада ставете ги да се варат, пред да зовријат тргнете ги од оганот, па вмешајте ги со 50 гр. шеќер во прав и кокосот.
    Премачкајте преку темната смеса, а потоа внимателно завиткајте ролат.
    Ролатот оставете го во фрижидер неколку саати да се стегне, а потоа со остар нож сечете парчиња и послужете.
     
  6. Viiiiip

    Viiiiip Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2010
    Пораки:
    837
    Допаѓања:
    400
    Срцка јас сега баш ја правам тортава, оставив а ми се излади пандишпанот па да ја филувам тортата, туку да те прашам филот ти излага тврд, како крем, или потечен па се стврднува кога ќе олади малку... Бидејќи мене малку потечен ми испадна... :D
     
  7. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.469
    Допаѓања:
    201.244
    Пол:
    Женски
    ^^Нека се олади малку филот, ако си ги ставила еурокремот и чоколадото директно од микробрановата... тие го топат маргаринот па е малку потечен. Стави го во фрижидер на пола час и ќе се стврдне, токму за мачкање, а не да ти тече по тортата. А ако и ладен ти е течен, тогаш изгледа не си го варела кремот доволно долго (да се направи како потврд пудинг).
     
  8. MrSasinka

    MrSasinka Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2010
    Пораки:
    14
    Допаѓања:
    1
    Дали некој знае рецепт за посна торта или колачи?
     
  9. savana

    savana Популарен член

    Се зачлени на:
    18 август 2010
    Пораки:
    1.770
    Допаѓања:
    9.567
    Пол:
    Женски
    Еве една посна торта што редовно ја правам, пробајте навистина е лесна и вкусна :)
    1 чаша тола вода
    1 чаша зејтин
    1 чаша шеќер
    1 лажица сода бикарбона
    20 лажици брашно
    1 чаша ореви сецкани
    3 - 4 лажици мармалад од сливи ( може и од друго но со мармалад од сливи е најубава)
    2 јаболка убаво изрендани.
    Сето ова убаво се меша ( со лажица или со жица за матење) се става во подмачкан плек, пред да се стави да се пече одозгора се наросува со малку сусам.
     
    На blond му/ѝ се допаѓа ова.
  10. cvetanoska

    cvetanoska Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 декември 2010
    Пораки:
    31
    Допаѓања:
    8
    Здраво јас сум нова и многу ми е интересна оваа страница еве и од мене едни колачи посни а и лесни
    4 чаши од кафе вино бело
    6 чаши од кафе зејтин
    1 пециво
    брашно по потреба
    Добро се замесува се заедно тестото да не се лепи за раце и да може да се оформуваат топчиња,
    на рака се прави топче и се плеска на раката се става внатре мармалад и со краевите се затвара да дојде како цвеќенце кога ке се испече се редат во неподмачкан плех кога ке се извадат од рерна одма се валкаат во шеќер во прав многу се лесни а и вкусни за јадење позззз
     
    На irenna му/ѝ се допаѓа ова.
  11. irenna

    irenna Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    3.098
    Допаѓања:
    4.461
    Пол:
    Женски
    Ги имам правено, вкусни се, виното може и со пиво да го замениш ако сакаш :)
     
  12. cvetanoska

    cvetanoska Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 декември 2010
    Пораки:
    31
    Допаѓања:
    8
    Еве уште една посна торта:550гр брашно 8 чаши од кафе кисела вода 3 чаши од кафе зејтин 1 ванила 1 пециво и 300гр шеќер
    Ова се заедно се меша и се дели на два дела во едниот дел се става какао а другиот останува бел.Со црпалка за супа се става еднаш од белото еднаш од кафеавото да испадне шарено како зебра на крај се става сусам и се пече.Може изгледа просто но е вкусно..... :D
     
    На vviillaa, sofijana и loveforever им се допаѓа ова.
  13. cvetanoska

    cvetanoska Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 декември 2010
    Пораки:
    31
    Допаѓања:
    8
    Da da znam deka moze....:) inaku jas sum golem ljubitel na blago i sakam da pravam uzivam vo sekoj nov recept i so zadovolstvo go pravam
    [mod-kirilica:2xfs2itu][/mod-kirilica:2xfs2itu]
     
  14. cvetanoska

    cvetanoska Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 декември 2010
    Пораки:
    31
    Допаѓања:
    8
    Торта со еурокрем :inlove:
    Пандишпан:
    5 јајца
    15 лажици топла вода
    15 лажици шеќер
    10 лажици брашно
    1 пециво
    10 лажици мелени ореви
    *се мати со миксер како за пандишпан. Убаво се изматува и се додават 10 лажици брашно(пецивото се става во брашното), 10 лажици мелени ореви. Се пече во четвртаст плех од шпоретот. Кога е готово се сече на 3 ленти.
    Фил:
    Се вари густа каша од 4 лажици брашно, половина литар млеко и една 200гр. шеќер. Посебно се мати со миксер 250гр. маргарин со 200гр. шеќер во прав и две ванили. Се додава матејќи 300-400 гр. еурокрем и 100гр. готварско чоколадно, претходно омекнато во микро или во рерна. Се' се измешува заедно кога белата каша убаво ќе се излади. Тортата се филува.
    п.с. тортата е ептен убава, лесна и евтина :lol: ако на некој нешто не му е јасно, нека пише ;)
    се прави еден пандишпан или 2 :D
     
    На Lacrimosa му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Lovely

    Lovely Популарен член

    Се зачлени на:
    30 ноември 2009
    Пораки:
    1.262
    Допаѓања:
    1.058
    Пол:
    Женски
    Може ли да ми кажете рецепт за филувана торта ама без ореви, лешници, суво грозје....
     
  16. Zaljubena111

    Zaljubena111 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 февруари 2010
    Пораки:
    2.087
    Допаѓања:
    1.647
    Сакам да направам некоја чоколадна торта со овие купените кори, само да биде без суво грозје, кокус и ванила.хепл ми
     
  17. jarec6

    jarec6 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јуни 2010
    Пораки:
    2.775
    Допаѓања:
    18.320
    Пол:
    Женски
    Па има крем за торти чоколаден исто како шлаговите,во такви ќесички,на др.Оеткер мн е вкусен можес со тој да филуваш,а одозгора да изрендаш чоколадо или ореви нешто.
     
  18. BV87

    BV87 Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2010
    Пораки:
    209
    Допаѓања:
    81
    Еве една лесна торта без многу "зарзевати" ( ореви,смокви и сл.) ;)

    кора :10 белки, 12 лажици шекер, 200гр рендана чоколада 3 лажици брашно (откако ќе се испече кората се остава убаво да се олади пред да се извади од тавчето - за да се стегне ренданата чоколада)

    фил : 6 жолчки (се матат па се додаваат во размутениот пудинг па потоа ги додаваме во млекото заедно да се сварат) , 4 пудинзи од ванила или чоколада, се варат во 1кг млеко и 12 лажици шеќер. Се мати 1 маргарин со 4 жолчки и 250гр шеќер во прав. Оладениот крем се меша со изматен маргарин и се филува.
     
    На Saraa му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Dushica-sk

    Dushica-sk Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    5.048
    Допаѓања:
    3.926
    Сакам да прашам...?

    Каде можам да нарачам торта да ми направат ? Знам само за Канела јас , сакав да ве прашам дали знаете и некое друго место што сте задоволни ? :wasntme: Битно и хитно ми е :P
    Ќе правам беља што би требало да има многу добри резултати .. Ако искочи ко што замислувам , ако не .. :rofl:
     
  20. ciribiribela

    ciribiribela Популарен член

    Се зачлени на:
    12 август 2010
    Пораки:
    1.272
    Допаѓања:
    652
    Пол:
    Женски
    Сакам да прашам...?

    Јас пред два дена купив од Шехерезада за кај братучед на маж ми за малото, супер беше :)