http://moirecepti.mk/?s=Посна торта Еве имаш овде. Мене за што и да ми треба рецепт секогаш барам на странава.
aj ovde kje prasham. za pocvrst da e shlagot za da moze da se ukrasuva podobro mi rekoa sherbet da stavam. kolku kolichinski sherbet odi na primer kesa shlag i dali treba da chekam da se oladi sherbetot?
Овошна торта -5 јајца -10 супени лажици млака вода - 10 полни супени лажици брашно -10 супени лажици шеќер - едно пециво - 15 супени лажици шеќер ( за шлагот) - јаболки 1 кг и тесто
Најлесната и за мене највкусна .Бисквитна торта. Бисквитите ги потопуваш за кратко во млеко со јакобс кафе,редиш ред колкава сакаш да ти биде тортата и мачкаш со фил по желба или пудинг.Би ти предложила со карамел фил..Па редиш бисквити и повторуваш со фил.На крај ја филуваш со хопла.
Торти со кафе Иако во основа секоја класична пандипан и ванила или чоколадо крем торта можеш да ја збогатиш со кафе или со попрскување на пандишпанот со истото или со додавање во кремот. Еве што сум правела Чоко- мока торта За дното - 200 гр мелени чоколадни бисквити - 100 гр ситно кршени лешници -120 гр омекнат путер Се мешаат состојките да се добие хомогена смеса и се обложува дното на кружно тавче и ставаме да се лади Ганаш - 150гр чоколадо -75 мл слатка павлака На оган ја загреваме павлаката, тргаме и го фодаваме чоколадото да се стопи. мешаме убаво да се соедини и прелеваме врз тортата Мока крем -200гр чоколадо -60гр путер -2 жолчки -170 мл кафе ( еспресо е во рецептот ) -250мл слатка павлака изматена -1 желатин -50мк течна слатка павлака Го ставаме желатинот во вода да набабри. Кафето да е ладно. Ги топиме путерот и чоколадото и ги додаваме жолчките и матиме со миксер. Ги додаваме желатинот, течната павлака, кафето и убаво изматено ставаме во фрижидет да се лади. На крај ја додаваме и изматената слатка павлака и ја филуваме тортата и ја оставаме преку ноќ да се стегне. Ама утредента имаме фантазија што се топи во уста Малку захтевна за правење е иако не се печи, ама вреди за секој миг потрошен на неа. Како фан на Џејми Оливер, сум ја пробала и оваа негова торта ао кафе иако повеќе би ја нарекла колач ама е вкусна Потребни состојки -200 грама мелени бадеми -200 грама темно чоколадо -175 грама путер -70 грама шеќер -4 јајца (со одделени жолчки од белки -20 мл јако еспресо Начин на подготовка: Загрејте ја рерната на 170 степени и подгответе го тавчето со масло и хартија за печење. Додека се загрева рерната стопете го чоколадото на пареа заедно со путерот и еспресото. Потоа матете ги жолчките и шеќерот околу пет минути, односно додека добиете бледа густа смеса. На таа смеса прво додадете ја смесата со растопеното чоколадо, а потоа и мелените бадеми. Во друг сад изматете ги белките, па и нив додајте ги на новата смеса. На крај, останува само уште да ја испечете тортата во добро загреаната рерна околу 25-30 минути. Или како што ти спомнав погоре, еве една вкусна варијанта Нескафе торта / Капучино торта Тесто -6 јајца -140 гр шеќер -200 гр брашно -30 гр какао -ванилин шеќер -прашак за пециво Се мешаат брашното, какаото, ванилин шеќер и пецивото. Јајцата се матат со шеќерот па му го додаваме брашното мешаме со шпатула и печеме на 180 степени 30тина мин. По ладење сечиме три кори Крем -200гр шеќер -200гр омекнат маргарин -50мл млеко -5 жолчки -4-5 лажички нескафе/ капучино Се мати добро и се лади во фрижидер Прелив 1 -100гр шеќер -200мл вода -малку арома рум се зоврива и се прелеваат трите кори Прелив 2 -50гр шеќер -30гр маргарин -30мл вода -лажичка нескафе / капучино се зоврива и се премачкуваат трите кори Се реди кора-фил до крај и се лади. Вкусна кафе торта. Се надевам ќе пробаш некој рецепт
Ти благодарам, може да го пробам рецептот со лешниците и онака ги имам вишок, и рецептот од предходната членка, па ајде на торта кај мене
Жени, помош. Стопати го имам правено филот со пудинг млеко и жолчки и секогаш си излегуваше мазен и кремаст. . Синоќа ја спремав тортата за роденденот на ќарка ми и кога го направив филот видов дека има мали трошки од пудингот низ него. Да го фрлам ли или може да се поправи некако? Да додадам ореви сецкани? Совет, било каков? Не ми се допага идејата да го оставам таков бидејки и при јаденје се осеќаат грутчињата пудинг.
@La.loca рецептот го има напишано Bubale погоре за чоко мока торта, само што јас ја направив без жолчки
Да кажиш што стори, може во иднина на друг ќе му се најде за совет Мене еднаш ми поздагоре филот, ама во огромно тенџере го варев, 32 жолчки имаше, па фати на дното малку загоре и при претуривање во друг сад ми се изгреба од кората фатена на дното. А во цајтнот бев, огромна торта за родеднен правев, да купувам јајца и наново да правам немаше шанса, а рецептот беше грчка торта, во филот одеа 2 кила ореви мелени, чоколади рендани и бисквити кршени, па ризикував се да оди по фира, но на крајот не се осети воопшто ништо
ТРИЛЕЧЕ За тесто: 10 јајца, 300гр шеќер, 2 кесички ванилин шеќер, 300гр брашно и 1 кесичка пециво. Се матат јајцата и шеќерот, се додава ванилиниот шеќер и откога добро се измати се додава брашното и пецивото. Се пече на 180 степени. Се вади испеченото тесто настрана да се олади. Во длабок сад на тивок оган се става 1 литар млеко, 1 литар хопла и 300мл кондензирано млеко, се загрева но не да зоврие. 1/3 од ова се става во плехот од тестото, се става тестото, а останатите 2/3 од млекото се дотураат на два пати. Одозгора се става 800гр карамел.