Рецепти за торти

Дискусија во 'Рецепти' започната од white-chocolate, 25 март 2010.

  1. peperutkaa

    peperutkaa Популарен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    943
    Допаѓања:
    619
    Пол:
    Женски
    Ставив кикиритки мелени и сецкани и си придојде скрос
     
    На ♡BuBaLe♡ му/ѝ се допаѓа ова.
  2. worrieddd

    worrieddd Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јуни 2013
    Пораки:
    972
    Допаѓања:
    3.602
    Пол:
    Женски
    Колач Медено Срце - Посно

    1 шолја кисела вода
    2 шолји брашно
    1 шолја шеќер
    5 лажици масло
    7 лажици мармалад или маџун (може и комбинирано)
    1 кесичка цимет
    1 кесичка сода

    Состојките се мешаат и смесата се истура во намрсена тепсија. Се пече на 180° околу 30мин. Одозгора се прелива со растопено чоколадо за готвење. Под чоколадото може да се намачка мармалад. Превкусен и брз колач.
     
    На anita123, Acka22 и anaja1 им се допаѓа ова.
  3. Afrodite¥

    Afrodite¥ Популарен член

    Се зачлени на:
    7 август 2017
    Пораки:
    483
    Допаѓања:
    2.979
    Пол:
    Женски
    Некоја торта на која што не и треба печење? Така полесна почетнички:D
    @LiliBoz :?:
     
  4. bebaa

    bebaa Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јануари 2011
    Пораки:
    2.774
    Допаѓања:
    4.604
    Пол:
    Женски
    Еве јас ако може да ти кажам една :)
    Мене многу ми е убава Песок торта.А ако ти е сложена оваа,секогаш можеш да си направиш ред бисвити натопени во млеко или кафе,па ред пудинг :)

    • 1л млеко
    • 5 лажици шеќер
    • 3 пудинга ванила
    • 250 гр мелени бисквити
    • 200 гр мелени ореви
    • 100 гр кокос
    • 1 млечно чоколадо
    • 200 гр шеќер во прав
    • 250 гр путер
    Подготовка:

    Прво се варат млекото и шеќерот, потоа се додава пудингот. Исто како да правите обичен пудинг. Потоа тргате го од оган да се олади.

    Во миксер матите 200 гр. шеќер во прав и 250 гр. путер, се додека убаво не се соедини смесата. Потоа додајте го на веќе изладениот пудинг од ванила.

    Така подготвената смеса поделете ја на три дела:

    • во првит дел додадете 250 гр. мелени бисквити
    • во вториот дел додадете 200 гр. мелени ореви
    • во третиот дел додадете 100 гр. кокос
    Во стаклен сад за торта прво нанесете ја смесата со бисквити првитот дел, одозгора над неа вториот дел со ораси и најгоре нанесете го третиот дел со кокос. Внимавајте, многу е битно да се запази редоследот. Одозгора нарендајте едно млечно чоколадо. Декорирајте по желба.
     
    На Afrodite¥ му/ѝ се допаѓа ова.
  5. LiliBoz

    LiliBoz Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    18.273
    Допаѓања:
    226.755
    Пол:
    Женски
    песок торта? :?:
     
    На Afrodite¥ му/ѝ се допаѓа ова.
  6. PogbaPol

    PogbaPol Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2015
    Пораки:
    2.511
    Допаѓања:
    10.358
    Пол:
    Машки
    Uci uci :P
     
    На Afrodite¥ му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Afrodite¥

    Afrodite¥ Популарен член

    Се зачлени на:
    7 август 2017
    Пораки:
    483
    Допаѓања:
    2.979
    Пол:
    Женски
    Ќе видам можда ќе ја пробам таа.

    Ако не успее мајка ти ќе ми направи ај :nod::^:
     
    На PogbaPol и LiliBoz им се допаѓа ова.
  8. Tatjana95

    Tatjana95 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 август 2014
    Пораки:
    360
    Допаѓања:
    1.115
    Пол:
    Женски
    Епа вака дечки.. За брзо ми се ближи роденден, па деновиве разгледувам рецепти, барам нешто интересно.. :D Традиција ми е веќе 7 години сама да си правам торта.. Па ако имате некаков предлог, повелете со рецепт :^: :l:

    Нека биде нешто едностсвно ама роденденски. Нема нешто што не јадам во тортите, па сите рецепти се добредојдени ;)

    П.С. Честам парче, нема проблем :D:hug:
     
  9. Leo-nora

    Leo-nora Популарен член

    Се зачлени на:
    25 март 2013
    Пораки:
    1.969
    Допаѓања:
    1.271
    Пол:
    Женски
    Nekoj recept za torta so jabolki... samo edna znam so peceni jabolki i posle pecenjeto smesata za pecenje so se stava.. mi treba drugo nes zas jabolki vo izobilie imame a se kapat ko ludi haha
     
  10. ♡BuBaLe♡

    ♡BuBaLe♡ Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 мај 2015
    Пораки:
    5.207
    Допаѓања:
    106.318
    Пол:
    Женски
    На Leo-nora му/ѝ се допаѓа ова.
  11. kejtmoss

    kejtmoss Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 август 2018
    Пораки:
    167
    Допаѓања:
    347
    Пол:
    Женски
    Знае некоја на кој начин се правени тортиве? И дали има некаде да се купат готови деловите? city home clean design.jpg EXPS_49892_CWX1958946A03_25_2bC_RMS_clone-696x696.jpg
     
    На _Catherine_ му/ѝ се допаѓа ова.
  12. NarCis@

    NarCis@ Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 март 2018
    Пораки:
    11.312
    Допаѓања:
    182.720
    Пол:
    Женски
    Има готови, само треба да се залепат деловите и да се декорираат. Ама кај нас не знам дали има. Мене ми имаат донесено од странство.
     
  13. zbuneta66

    zbuneta66 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 март 2018
    Пораки:
    39
    Допаѓања:
    87
    Пол:
    Женски
    Рецепт за торта со мед?
     
  14. bebaa

    bebaa Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јануари 2011
    Пораки:
    2.774
    Допаѓања:
    4.604
    Пол:
    Женски
  15. zbuneta66

    zbuneta66 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 март 2018
    Пораки:
    39
    Допаѓања:
    87
    Пол:
    Женски
    ги најдов тие што се на нет,нема многу избор. Сакав некоја филеста повеќе. јадев пред некое време,донесе свекрвами од работа ,имало некое славење,ама неможам да го најдам рецептет,незнаеше и таа од кого била тортата
    сепак фала
     
    На bebaa му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Ciel

    Ciel Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јануари 2019
    Пораки:
    383
    Допаѓања:
    2.130
    Пол:
    Женски
    Торта од лешници
    Потребно е:
    6 јајца
    250г шеќер
    250г лешници
    Брашно за посипување
    Приготвување:
    Се одделуваат жолчките и се матат во 250г шеќер. Белките се матат во цврста пена. Кога се готови, бената од белките се поврзува со жолчките и се додаваат 250г мелени лешници. Тестото се пече во загреана рерна на 180°C. Тестото се вади од рерна, се пресекува на половина и се остава да се излади. Се премачкува со мармалад или со крем од кафе.
     
  17. st2007

    st2007 Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 мај 2014
    Пораки:
    317
    Допаѓања:
    797
    Пол:
    Женски
    Девојки ај малку помош. Шампа за торта само со белки и шеќер се прави или имаше уште нешто?
     
  18. Imagina

    Imagina Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 ноември 2014
    Пораки:
    132
    Допаѓања:
    130
    Пол:
    Женски
    Во основа е тоа, белки со шеќер. Ако сакаш да биде подолготраен шамот и поцврст, треба да ги матиш белките со шербет. Значи според потребната количина во рецептот колку шеќер на колку белки, се прави густ шербет од шеќерот и се додава во танок млаз, малку по малку во тек на матење на белките.
     
    На st2007 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. angela.kostova

    angela.kostova Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2013
    Пораки:
    188
    Допаѓања:
    199
    Пол:
    Женски
    Здраво, сакам да направам на другар за роденден торта со чоколадо и портокал дека кажа му се омилени тие и барам некој рецепт, малце по-прост. Он го опиша како фил од портокал желе и одгоре прелиено со топено црно чоколадо. Некои рецепти слични да не имате?
     
  20. _Catherine_

    _Catherine_ Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2018
    Пораки:
    79
    Допаѓања:
    1.323
    Пол:
    Женски
    Здраво, јас сакам торта во облик на срце да направам и да е овошна. Некој рецепт да споделите ? А и немора да е овошна, само главно да е во облик на срце.