Најубаво со ганаш да ја прелиеш, два дела чоколадо на еден дел слатка павлака, така нема да се крши и да пука чоколадото.
ај едно прашање, сакам да ја правам песок торта е сега немам калап за торти во шо да ја направам а да ми е лесна за сечење после, да не треба со лажица да ја сркаме?
Не знаев каде да го поставам прашњето, па овде може ќе знае некој да ми одговори. Од каде купивте тавче за тарт? Дали е ова од сликава или има некое друго? Некако не сум сигурна дали е ова, не знам после како би ја извадила тортата?
Ваков треба да е. Ако не најдеш може и обичен да купиш, ама ќе треба убаво да го подмачкаш. Ми кажаа дека има на зелен пазар кога сакав да купувам, ама од немукает не отидов, не знам дали има.
Ако земаш готови кори за торта ти ги предлагам на Винчини (не дека им правам реклама ама стварно се добри) а и башка наши се од Мак прогрес Мкд компанија, а фил ке ти пишам рецепт кој што се прави превкусната торта Бели Анџео (рецепт има позади на пакувањето од розен кори фил од пудинг, бела чоколада и маргарин (путер) 900мл млеко ги ставаш во сад на оган да закрчка, во друг сад или чинија ги мешаш останатите 100мл млеко, 3 пакувања пудинг од ванила, 2ванили, 5лаж шеќер и откако млекото убаво ке се загрее постепено ке додаваш од смесата и се меша додека се згусне (да се добие убав фил) Тргаш од оган, додаваш 100гр бела чоколада мешаш да се стопи и тргаш на страна да се излади. Маргаринот( путерот) цел, значи 250гр се мати на страна со миксер додека не се направи кремаст, матиш со изладениот крем и воалаа. Испробани, тортата Бели Анџео ми е една од поубавите, после Киндер секако
Дали знаете како се вика тортава и можеби имате рецепт? https://i.pinimg.com/564x/2c/ce/ee/2cceee333ceb8a15d915bdc3165593db.jpg
Повели https://www.homecookingadventure.com/recipes/no-bake-triple-chocolate-mousse-cake Фала за инфо, таман Битпазар ми е близу
Јас скоро правев бакнеж торта, тесто попарено и згора топол ганаш, немав тавче со обраш што се вади па се снајдов, обложив 5 литарско тенџере со хартија за печење и утредента лесно ја извадив со помош на хартијата и супер и форма и висинс дојде
совет за тортава? ја најдов по дома некако многу убава обожаваме кокос ама пандишман со кондензирано млеко не сум праела убав ли е?
кај пандишпан од белки...еднаш правев ми остана како жила на средина? има финта некакфа да ми испадни во ред да нема жила и на колку степени да го печам? пандиѓанот е со 10 белки за киндер торта.
Кога бев мала јадев еден колач се викаше Зебра. Знам дека се прави со бисквити но немам рецепт. Дали некој од вас има?
Не, не. Бисквитите беа цели и се редеа со еден фил. После омекнуваа и така се сечеше. Ти благодарам сепак.
Korata od belki i seker za kinder tortata se susi ustvari ne se pece. Na tivko ja stavas i ja proveruvas, koga nema da lepi i ne ti propaga prstot gotova e korata. Najubavo se pece na hartija posipana so sitno meleni orevcinja.