1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Рецепти за торти

Дискусија во 'Рецепти' започната од white-chocolate, 25 март 2010.

  1. Korija

    Korija Активен член

    Се зачлени на:
    29 април 2020
    Пораки:
    68
    Допаѓања:
    69
    Пол:
    Женски
     
    На Ygritte му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Tinkerbell11

    Tinkerbell11 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 мај 2019
    Пораки:
    590
    Допаѓања:
    1.827
    Пол:
    Женски
    Женски ај тие шо се разбираат во торти да ми кажете дали може слика за торта да се ставе врз фондан?
     
  3. neongirl07

    neongirl07 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јуни 2015
    Пораки:
    304
    Допаѓања:
    344
    Пол:
    Женски
    Дали некој ја пробал познатата "песок торта" и дали стварно е толкуубава колку што ја фалат? Сакам да ја правам па затоа.
     
    На tina2018 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Zoricaa__

    Zoricaa__ Активен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2021
    Пораки:
    37
    Допаѓања:
    46
    Пол:
    Женски
    Јас имам една со бисквити, да изедеш прсти, ретка е а превкусна, ќе ти ја кажам
    1/2 литри млеко ставаш да се загрее
    2/3 лажици какао
    9/10 лажици брашно може и повеќе додека не се згусне
    5/6 лажици шеќер јас толку ставам но пробајте и со повеќе
    Можете да ставите и црно чоколадо препорачувам да се стави половина
    Потоа го ставате филот да се олади откога ќе го измешате целиот, тава ќе ви треба и на бисквита ставете фил и прелепете ја си друга бисквита, и така направете цел ред, колку има фил толку правете, на крај ставете го во фрижидер околу 30/40 мин дасе згусне и пресечете ја накосо за да не биде филот многу оптетен и да се рони, преубава а и лесна е!!!
     
  5. IRBBB

    IRBBB Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 октомври 2019
    Пораки:
    8.291
    Допаѓања:
    33.563
    Пол:
    Женски
    Женски испробан рецепт за киндер или млечен пат дајте ми.
     
  6. Zoricaa__

    Zoricaa__ Активен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2021
    Пораки:
    37
    Допаѓања:
    46
    Пол:
    Женски
    Јас сум ја пробала, мене ми е превкусна, една од омилените ми е, имам рецепт ако сакаш ќе ти дадам.
     
    На tina2018 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. neongirl07

    neongirl07 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јуни 2015
    Пораки:
    304
    Допаѓања:
    344
    Пол:
    Женски
    Може рецепт
     
  8. Zoricaa__

    Zoricaa__ Активен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2021
    Пораки:
    37
    Допаѓања:
    46
    Пол:
    Женски
    Да да!!!
    Потребни состојки :
    1 литар млеко
    Пудинг од ванила 4 пакувања
    10 супени лажици шеќер
    Мелени бисквити 250 грама
    Мелени ореви 350 грама
    Кокос 200 грама
    и оваа е подготовката :
    Од тој 1 литар млеко одвој 100 милилитри и измешај ги со тоа будинзите, а другото млеко стави го на оган, и кога ќе се загрее додај ги будинзите заедно со 100мл млеко во него. Додај ги 10те лажици шеќер, цело време мешај и потоа остави го да си се олади.
    Потоа смесата подели ја на три дела. Во првиот дел додади ги тие 300г ореви и добро измешај, во вториот дел додајте го 200г кокос,
    50г мелени ореви, и 50г мелени бисквити.
    И во третиот дел се додаваат 300г мелени бисквити.
    Во калап за ролат стави најлонска фолија, прво стави го првиот дел (за да е најгоре ко ќе го превртите калапот) потоа вториот и на крај третиот. Цела торта премачкај ја со матен шлаг и посипи ја со мелени ореви или бисквити, и стави ја во фрижидер да се стегне за пред послужување.
     
    На tina2018 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Aztec

    Aztec Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 декември 2020
    Пораки:
    528
    Допаѓања:
    739
    КИНДЕР ТОРТА

    Пандишпан:
    *200г сецкани ореви
    *10 белки
    *300г шеќер
    *1 кафена лажичка оцет
    Оревите се ставаат на хартија за печење во правоаголен сад.Белките се матат со шеќерот и оцетот, па се истура смесата врз оревите. Се пече на 150 °С околу еден час. Кога ќе се излади пандишпанот, се сече на два еднакви делови.

    *пишкоти
    *млеко
    Пред филување пишкотите се натопуваат во млекото.

    Фил:
    *1 литар млеко
    *4 пакувања пудинг од ванила
    *10 супени лажици шеќер
    *10 жолчки
    *2 пакувања маргарин (Кристал) или несолен путер
    *1-2 црни чоколади
    *1-2 бели чоколади
    *крем
    Се варат пудинзите со млекото и шеќерот. Кога се меша пудингот со дел од млекото пред да се стави да се вари, во тоа стави 1 супена лажица вода за да не се направат грутки при варење. Жолчките се матат на пареа. Маргаринот/путерот се мати. Кога ќе се изладат пудингот и жолчките се соединуваат сите (пудинг+жолчки+маргарин/путер).
    Се дели филот на два дела. Во едниот дел се става растопено црно чоколадо. Во другиот дел можеш по желба да ставиш бело чоколадо, ама не мора.

    Филување на тортата:
    Првиот пандишпан се става наопаку, значи оревите да бидат од горната страна, се премачкува со крем, па со белиот фил. Врз белиот фил се редат пишкотите натопени во млеко, па врз нив кафеавиот фил и на крај повторно пандишпан, ама овој со оревите од долната страна за да биде помазно и полесно за украсување.

    И ќе ти треба уште шлаг пена или шлаг крем ако сакаш да ја украсуваш. :)
     
    На hermosa, tina2018 и IRBBB им се допаѓа ова.
  10. Hortenzija

    Hortenzija Популарен член

    Се зачлени на:
    14 април 2019
    Пораки:
    1.601
    Допаѓања:
    14.899
    Пол:
    Женски
    Neznam dali ima vakva tema ama mislam deka prasanjevo e za ovde :) kade mozam da najdam poeftina torta vo forma na srce bar da izvadam 12 13 parcinja vo Krin ima ama najmnogu 4 parcinja :(
     
  11. Tea678

    Tea678 Популарен член

    Се зачлени на:
    9 март 2018
    Пораки:
    894
    Допаѓања:
    5.177
    Пол:
    Женски
    Delicia
     
    На Hortenzija му/ѝ се допаѓа ова.
  12. *malenavolena*87

    *malenavolena*87 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 мај 2019
    Пораки:
    1.699
    Допаѓања:
    3.500
    Пол:
    Женски
    Јас ја правам и јадам и преубава е но за мене не е торта туку колач ја сечам како бајадерки парчиња и обично за именден ја правам доста е лесна ако ти треба рец го имам најдобриот
     
  13. Tinkerbell11

    Tinkerbell11 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 мај 2019
    Пораки:
    590
    Допаѓања:
    1.827
    Пол:
    Женски
    Девојки ми се ближи роденден па сакам да правам торта со пудинг. Е сега ме интересира што би можела да ставам внатре во пудингот и ако може некој рецепт да ми дадете?
     
  14. edna_malecka

    edna_malecka Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2018
    Пораки:
    3.894
    Допаѓања:
    14.701
    Пол:
    Женски
    Кокос, ситно рендано чоколадо, крем.
    Онаа обичната со бисквити направија, али со различни филови.
     
    На Tinkerbell11 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. tinka-mace

    tinka-mace Популарен член

    Се зачлени на:
    5 мај 2013
    Пораки:
    3.451
    Допаѓања:
    16.463
    Meне оваа многу ми се допаѓа. :inlove:
     
    На hermosa и Tinkerbell11 им се допаѓа ова.
  16. BabyD0ll

    BabyD0ll Популарен член

    Се зачлени на:
    3 март 2011
    Пораки:
    2.372
    Допаѓања:
    8.328
    Пол:
    Женски
    8320E7C2-406B-4B19-BD63-6F8917DAFB10.jpeg


    кај можам рецепт за ваква торта да најдам?
     
    На *malenavolena*87 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Aztec

    Aztec Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 декември 2020
    Пораки:
    528
    Допаѓања:
    739
    Рецепт не знам, ама можеби би можела сама да си склопиш. Филот личи како чоколаден мус, едниот со бела, другиот со темна чоколада. А пандишпанот, барем тој „белиот“, личи како да е направен од белки. Може да го искористиш пандишпанот од рецептот за Реформ торта. Мислам дека тој беше со белки и ореви. А жолчките можеш да ги искористиш за мусот. :D
     
    На BabyD0ll му/ѝ се допаѓа ова.
  18. **MajkaE **

    **MajkaE ** Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 септември 2020
    Пораки:
    257
    Допаѓања:
    298
    Пол:
    Женски
    Се ближи роденденот на ќерка ми па сакам да направам нешто поразлично од претходните години. Сакам да искомбинирам торта со некој чоколадо фил + карамел фил и уште некој што би одговарало пример нешто со лешник . Ве молам за предлог и ако знаете добри пробани рецепти да ми предложите.
     
  19. Marija_Magdalena

    Marija_Magdalena Популарен член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2018
    Пораки:
    819
    Допаѓања:
    2.625
    Пол:
    Женски
    Има голем избор на торти на страницата Мои Рецепти, има превкусни Карамел торта, Несквик торта, избор колку сакаш
     
    На **MajkaE ** му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Lima24

    Lima24 Популарен член

    Се зачлени на:
    21 август 2014
    Пораки:
    1.281
    Допаѓања:
    3.088
    Пол:
    Женски
    Некоја од вас ја има правено милка тортата? Му се ближи роденденот на либе, од сите рецепти што ги гледав оваа ми се виде убава, повеќе е на филови.