Ми требаат некои проверени 2 рецепти за роденденски торти за малото, така покремасти, ама да не содржат лешници и ореви, алергичен е. И некако да се добро уклопени вкусовите еден со друг Сакам да направам на два ката, ама различни вкусови, затоа да си одговараат вкусовите барам Лани комбинирав Шварцвалд и торта со малина и бело чоколадо, годинава би сакала да бидат без овошје. Секој предлог е добредојден @Anika55 ти ги видов сега ремек делата, ако имаш предлог за проверени рецепти, те молам да споделиш
Пошто не може ореви, лешници и овошје, единствено што ми текнува е кокос и чоколадо. Роденденски торти немам правено, а од класични сите се со ореви, лешници.. Имам проверен рецепт за рафаело торта. Спојлер: Рафаело торта Тесто 7 белки 150г шеќер 1 ванилин шеќер 1 пециво 70г брашно 150г кокосово брашно Фил 7 жолчки 2 кесички пудинг од ванила 700мл млеко 100г путер (собна температура) 150г шеќер во прав 400мл слатка павлака Останато 10-12 бисквити малку млеко (за потопување на бисквитите) Декорација малку кокос рафаело топчиња струганици бело чоколадо 20г сецкани бадеми Белките ги матиме во цврст снег, постепено додавајќи го шеќерот. Ги додаваме ванилиниот шеќер, пецивото и брашното и мешаме добро. На крај го додаваме кокосовото брашно и мешаме убаво со лажица. Го делиме тестото на два еднакви дела и ги печеме во калапи, 24цм во загреана рерна на 170 степени, 15-20 минути. По печењето оставаме целосно да се оладат. За филот ги мешаме жолчките со прашокот за пудинг и 200 мл млеко. Останатото млеко (500мл) го ставаме во тенџере на оган да зоврие. Ја додаваме смесата со жолчки во зовриеното млеко и готвиме кратко со постојано мешање (додека да згусне). Оставете целосно да се олади (покриено со најлонска фолија). Путерот го матиме со шеќерот во прав, па го додаваме во оладениот фил. Слатката павлака ја матиме и ја додаваме дел по дел во филот. На чинија за послужување ја филуваме тортата. Најпрво ставаме една од корите, па една третина од филот, потоа редиме еден ред бисквити потопени во млеко, па ставаме уште една третина од филот. Ја додаваме и втората кора и завршуваме со третиот дел од филот. Декорираме по желба. Јас декорирав со кокос, рафаело топчиња, сецкани бадеми и малку бело чоколадо. *бадеми има само одозгора, нема во тортата
Дали со обична чоколада растопено можам да направам како линии по тортата и дали би успеало кога тортата е премачкана со хопла Мислам дека добро објаснив да има како потечено по страните на торта линии
Домаќинки, дали можам наместо слатка павлака да употребам неутрална павлака(павлака за готвење конкретно) за десерт? Значи не треба да се мати за да стане како шлаг туку треба стоплена да се измеша со стопено чоколадо.. Би можело? И дали да додадам шеќер зашто не е слатка?
Може ли некој да сподели како чоколадата за готвење да не горчи, и дали ако се употреби млечна чоколада со хопла, ќе стегне хоплата?
Јас користам најчесто Менаж чоколадо за готвење, не горчи воопшто. И Дорина за готвење не горчи. Млечно чоколадо и хопла мислиш стопени заедно како прелив? Ќе стегне зависно од соодносот.
Па реално како фил излегува чоколадо и хопла, сум пробала 400 мл хопла + 200 гр млечно чоколадо не стегна баш
Ако е изматена хоплата да, мислев како ганаж, за прелевање. Веројатно треба друг сооднос или да додадеш желатин. Важно е и да отстои убаво во фрижидер, барем 8 часа, пред да се сече.