Можеби малку задоцнето, ама посна варијанта за шлаг е течноста од наут во тегла, мискирана со миксер со најголема брзина и подолго време. https://moirecepti.mk/post/%D0%B2%D0%B5%D0%B3%D0%B0%D0%BD%D1%81%D0%BA%D0%B8-%D1%88%D0%BB%D0%B0%D0%B3
Здраво ми треба рецепт за некоја чоколадна торта, не многу голема. Со некој лесен пандишпан за правење, хаха, многу пати сум пробала да правам пандишпан ама никако не ми излегува како што треба. Последниот пат правев ледени коцки и веројатно тепсијата ми била поголема и на средината пандишпанот беше ем тенок, ем препечен, ронлив.. Ќе научам можеби некогаш, којзнае..
Како да спојам да направам фил од кондензирано млеко и маскарпоне? Сакам фил за торта, цврст да испадне. Има некој што се разбира во слаткиве работи?
За ледени ветер какви ви се корите? Очекував многу повеќе од оваа торта, читав коментари сите кажуваат многу вкусна, мене некако ме разочара, очекував повеќе. Дали ви крцкаат корите, моите не, мислев како целувки ќе има вкус, а многу лесно ја направив како за прв пат.
Ми треба рецепт за торта, може и да е сирова, а може и да содржи крем сир, само да не содржи шеќери, освен природни засладувачи како урма на пример и да е со фстаци. Нешто како сиров чизкејк со фстаци.
https://centarzaprirodnumedicinu.co...-5-najukusnije-sirove-i-posne-prolecne-torte/ https://centarzaprirodnumedicinu.co...-najukusnijih-sirovih-i-posnih-letnjih-torti/
Која торта ја препорачувате од која се вадат убави парчиња и не менува вкус откако ќе се замрзне? Периодов што следи ќе имам гости на неколку наврати, па да си поедноставам да вадам парчиња само пред послужување сакам. @Anika55
Два пати сум правела вакви теста. Првиот пат како од шала, се погодија фантастични. Останаа воздушести, не се истушија да речам и покрај филот згора, и за јадење беа фантазија. Знам дека во тој рецепт што тогаш го имав требаше после печење да се покријат (завиткаат) корите со влажна крпа и така да се оладат. Преубава бепе тортата за јадење. Пролетва се обидов пак да направам теста на ист начин, ништо, се истушија како најлончиња дојдоа. Не знам кај беше грешката.
Најсигурно за да не се сомириса тортата на замрзнувач и да ме смени вкус е пред замрзнување да се извадат сите работи кои можат да испиштат мирис - месо, риба, зеленчуци, било што што може да повлијае така, а потоа темелно да се очисти замрзнувачот. Вака сме правеле дома пред поголеми настани и секогаш било успешно. Друго, кога ќе ја направиш тортата, стави ја обичен фрижидер или замрзнувач на кратко за да стегне, исечи ја на парчиња и после остави ја целосно да замрзне. Бидејќи ќе иѓаш гости во повеќе наврати да ме правиш одмрзни/замрзни повеќепати, ќе си ваѓаш парчиња по потреба. За замрзнување не се убави филовите со густин, тоа го знам исто.
Така и планирав, да ја исечам оладена па после да вадам парчиња по потреба. Секако не би оравела одмрзни замрзни Само ја фати мрза оваа домаќинка, па еве за првите гости купив еклери
Може ли некој да ми помогне како да го згуснат филот за торта, некако ми е редок ми е страв да не ми тече кога ќе филувам