Бисквити, плазма, јатскасти мелени, најсигурно. Можеш да приизматиш плус маргарин или путер. Да стопиш желатин исто.
Ставив путер измамен со шеќер во прав се надевам ќе стегне, ми е страв дека кога ќе филувам ќе ми се мешаат филмовите.
Би требало да стегне, остави го филот во фрижидер малку. Не знам каква торта правиш, ми се покажало дека каков било кекс стегнува супер, собира вишок влага, ама менува вкус и тоа скрос ја менува тортата.
Еве оваа ја правам: https://nmd.mk/torta-nad-tortite-na...prigotvuva-od-sostojki-koi-gi-imate-vo-kujna/ ама некако не е совршено точен рецептот
Може и да не е точен, а често згуснувањето зависи и од брашното, големина на жолчки и сл. Како и да е во рецептов има ореви, штом ќе бидат убаво оладени филовите ако се танки додавај орев, па и кекс нема многу овде да смени во вкус. Најсигурно ти е така отколку да ти се лизга после тортата сечејќи.
Може не е прашањево за овде ама ајде да пробам. Дали некој има рецепт за фил за обланда ,некако се суво ми испаѓа , сакам да направам обланди ама по сочни да бидат ,ако имате рецепт испробан пишете фала однапред
Во саботата ми е роденден и сакам да си направам некое по фенси тортиче, нешто во стилот на тие од Paradise Food. Тортата треба да е посна, сакам кремасти торти, во стил на чизкејк, така нешто кремасто.
Фала ти, баш разгледав, ама од мојата здрава исхрана толку.. нека иде животот.. На крај за оваа се одлучив. Ќе се пофалам овде како ни се допаднала, по коментари гледам ја фалат.