Рецепти за торти

Discussion in 'Рецепти' started by white-chocolate, Mar 25, 2010.

  1. julie77

    julie77 Форумски идол

    Joined:
    Feb 2, 2010
    Messages:
    5,566
    Likes Received:
    20,074
    Какви сакаш? Мислам со каков крем, фил?

    Еве од тие со карамел фил ... кои и се најубави сепак.

    Е сега зависи од кои обланди ќе земете ...

    За големите 3,5 литри млеко со 750 гр шеќер се вари ... ова се вари повеќе време додека не се згусне и се добие карамел филот. После се додава ванила и малку мелени ореви, кога ќе се под олади кремот се премачкуваат обландите.
    А за малите обланди 2,5 литри млеко со 500гр шеќер.
     
  2. maca99

    maca99 Популарен член

    Joined:
    Sep 19, 2010
    Messages:
    1,818
    Likes Received:
    1,692
    Фала ти ми се допаѓа :) а за чоколадни обланди знаеш нешто :$
     
  3. julie77

    julie77 Форумски идол

    Joined:
    Feb 2, 2010
    Messages:
    5,566
    Likes Received:
    20,074
    Знам и за чоколадни, ние ги правевме дома сега ... ама не се толку вкусни како овие со карамел фил.Вториве се стандардни и најубави.

    Еве за чоколадни ... На пареа се варат три жолчки со едно чоколадо за готвење и 6 лажици шеќер.
    Се вари додека не се згусне.После се трга и да се олади.
    Се матат настрана во сад 2 жолчки ... Во друг сад 150 гр маргарин ... И на крај се ова се соедиунува заедно.
    На секоја обланда се мачка прво џем од кајсии па фил и се така додека не дојде последната обланда врз која се става чоколадна глазура.
     
    maca99 likes this.
  4. Theodora

    Theodora Популарен член

    Joined:
    Jan 19, 2011
    Messages:
    1,504
    Likes Received:
    5,576
    Еве го единствениот начин на кој јас правам ова читај во наводници торти,по убрзана постапка.
    Купувам готови пандишпани од продавница,бидејќи искрено ама ич не би да ги правам сама,па уште со конец да ги делам па згора на се‘ и да ми се испокршат,ноу веј :shake: .
    Блага Хопла ја распоредувам на сите пандишпани,на едниот ставам сецкани желе-бонбони, на вториот овошје ако нема сезонско тогаш некое од замрзивач конкретно дома има секогаш замрзнати јагоди имаме наши-затоа,на третиот кокос,суво грозје,сецкани ореви,лешници што се нашло накратко од ова.
    Најзгора ставам кокос во боја и шеќер во боја ама наизменично ги нанесувам да се добие шарен ефект и од оние украсните цветичи и сл.за декорација на торти.
     
  5. snegulka21

    snegulka21 Истакнат член

    Joined:
    Dec 2, 2010
    Messages:
    249
    Likes Received:
    93
    Хеиии жени Божји ајде давајте рецепти за некој бел крем ама да е лесен не го сакам оној слаткарскиот што го прават со брашно и млеко туку некој полесен и интересен. Ке си купам готови кори темни и сакам да ги сечам на ленти па бел фил секоја лента намачкана и вртена во ролна како ролат и така секоја лента да се надоврзува на претходната и ке добијам округла торта но кога ке се пресече да бидат вертикални корите а не хоризонтални...ме сваќате нели...ајде рецепт за некој бел сладок фил за торта :*
     
  6. mia9184

    mia9184 Истакнат член

    Joined:
    Apr 25, 2011
    Messages:
    337
    Likes Received:
    296
    Gender:
    Female
    А жолт може?
    Еве ти рецепт за жолт фил
    5 жолчки се матат со миксер и се варат на пареа додека се згуснат , се оставаат да се оладат .
    Настрана се мати 2/3 од коцка маргарин со 150 гр шеќер во прав , тоа ти е вториот фил ,и третиот се матат 3 шлаг крема со 200 мл млеко ладно.
    Кога ќе се оладат сите три фила се мешаат, а можеш и измешаните филови да ги поделиш на половина и во едната половина да измешаш 200 гр растопено оладено чоколадо.
    Пред да ја филуваш тортата филот треба да се олади во фризидер половина час.
     
    snegulka21 likes this.
  7. snegulka21

    snegulka21 Истакнат член

    Joined:
    Dec 2, 2010
    Messages:
    249
    Likes Received:
    93
    Мислиш дека ке биде доволно крем за да се премачкаат готови кори правоаголни? Инаку одлично ми звучи :)
     
  8. OrdinaryGirl

    OrdinaryGirl Истакнат член

    Joined:
    Feb 4, 2010
    Messages:
    1,453
    Likes Received:
    499
    Еве рецепт за една многу едноставна, а убава торта што не се пече :) (можеби некој ја има веќепостирано, не знам)

    Мојата торта се вика ресана торта :)

    - Кило ресани ги сечете на пола и ги ставате во некој подлабок сад
    - Им додавате една мала шолја (како за кафе) толчени или сецкани ореви
    - На шпорет ставате еден маргарин (од оние Кристал), а откако ќе се стопи во него додавате 250ml млеко
    - Убаво ја мешате смесата и откако ќе стане врела ги попарувате ресаните и оревите
    - Од топлината чоколадото на ресаните ќе се стопи, желето и бисквитата ќе се одвои, а целата смеса од топеното чоколадо ќе добие боја
    - Потоа убаво рамномерно промешајте ја смесата, а откако ќе се подолади ставете ја на некој сад и направете и некаква форма по ваша желба (јас обично ја правам како тунел)
    - Сматете шлаг (две кесички се доволни) и премачкајте ја тортата
    - Ставете ја да се олади во фрижидер

    Полесно здравје, повкусно здравје :)
     
    joy1, fear and snegulka21 like this.
  9. SaskaBre

    SaskaBre Истакнат член

    Joined:
    Feb 12, 2010
    Messages:
    14
    Likes Received:
    5
    Торта од лимон

    Вчера ми дадоа еден рецепт за торта од лимон прво се двоумев дали да ја направам и се решив и е премногу вкусна. Еве и рецепт да си пробате ако сакате:
    Тесто:

    1 1/3шоља брашно
    пола маргарин ладен
    1 лажица шекер
    1/4 лажиче сол
    3 лажици ладна вода

    Фил:

    1 шоља шекер
    1/3 шоља брашно
    1/4 шоља вода
    4 жолчки од јајца малку матени
    1 1/2 врела вода
    2 лажици лимонова кора рендана
    1/3 сок од лимон
    1/4 од маргарин
    4 белки
    1 крем фикс
    1/4 шоља шеќер
    2 ванилин шеќер

    Ги мешаме состојките за тестото и го ставаме во тавчеГо прободуваме со чачкалица на повеке места.Го ставаме во рерна и го печеме на 200Ц околу 15-20 мин.Оставаме да се олади.

    Во посебен сад го мешаме шекерот со брашното.Додаваме малку вода млака, шолчките и матиме.Во смесата ја додаваме врелата вода и цела смеса ја ставаме во лонец и на тивок оган.Мешаме постојано околу 5-8 мин додека не згусне кремот.Се трга од оган и се додава ренданиот лимон,сокот од лимон,маргаринот и ванилите.Филот го ставаме врз тестото.А врз филот се става цврсто матени белките со крем фиксот ,ванилата и 1/4 шоља шекер.Се пече на 180Ц околу 10-15 мин.
     
    Saraa, shiningstar and zhap4e like this.
  10. jabol4e

    jabol4e Истакнат член

    Joined:
    May 21, 2011
    Messages:
    10
    Likes Received:
    29
    Торта од лимон

    ако може да прашам нешто само тие ли состојки требат за тестото и напиши по колку грама треба од се и во каков плех се прави колачот а мора ли да се стави и од крем фиксот како ли беше не знам ти се молам објасни поубаво........... :) :)
     
    gaga.rocks likes this.
  11. Cacy

    Cacy Популарен член

    Joined:
    Jul 26, 2010
    Messages:
    2,244
    Likes Received:
    1,547
    Јас за роденденот си правев сама торта и много убави излезе :)

    Рецептот беше многу едноставен :)
    Прво ставив 6 јајца и 6 лажици шеќер и матив со миксер а потоа додадев брашно со прашок за печиво и матев со лажица(дрвена) и ставив мелени ореви :)
    Потоа ја ставив смесата да се печи и по некое време ја извадив :)
    Почекав да се излади и потоа зедов конец и со него ја поделив тортата на два дела :)
    Ставив фил во тортата и ја поклопив и ја премачкав целата со останатиот фил :)
    Потоа ја украсив.Со филот од тортата направив натпис(Sweet 16 Cacy) и ставив фил по ррајта :)
    Пред да го напишам натписот изрендав чоколадо за готвење и го ставив врз тортата :D
     

    Attached Files:

    Saraa, TheCandy880 and apple12 like this.
  12. MoonChild

    MoonChild Истакнат член

    Joined:
    May 14, 2011
    Messages:
    247
    Likes Received:
    95
    да не знае некој рецепт за Нестле торта?
     
  13. MoonChild

    MoonChild Истакнат член

    Joined:
    May 14, 2011
    Messages:
    247
    Likes Received:
    95
    Сакам да прашам...?

    да не знае некој рецепт за Нестле тортА?
     
  14. Sweety-Tweety

    Sweety-Tweety Популарен член

    Joined:
    Dec 17, 2009
    Messages:
    994
    Likes Received:
    501
    MoonChild likes this.
  15. Lux

    Lux Форумски идол

    Joined:
    Nov 27, 2009
    Messages:
    7,094
    Likes Received:
    6,349
    Gender:
    Female
    Ај да прашам нешто, прв пат ќе правам торта за изненадување кај ги видов вака ненаправени, а оддамна стојат и ме стегна филм да им направам дома, да ги изненадам :D , имам готово тесто за торта во 3 слоја, моментално дома што ми се наоѓа се пециво (ама тоа претпоставувам нема да ми треба), млеко, крем, плазма, ореви, и крем за торта со бисквити од чоколадо и ванила пакувања од 60 грама ама не знам како да ги направам и кај да ги употребам, како фил да мачкам на еден од слоевите или како, на нив нема упатство, само состав.
    Ќе ми помогне некој со некоја идеа како да ја направам тортава на најбрз начин ?
    Ако може побрзо да одговори ми треба итно.
     
  16. maja8

    maja8 Популарен член

    Joined:
    Jan 3, 2010
    Messages:
    2,847
    Likes Received:
    2,159
    Лукс, тоа ванилата или кремот за торта ти се пудинзи, или што?
    Ако имаш пудинг ќе ти објаснам како :) Вака не знам на што точно мислиш, иако мислам дка тоа ванилата е пудинг. Ај провери

    Претпоставувам дека се пудинг од чоколадо и ванила.
    Пудинг вака се прави. Потребно ти е 500 мл млеко.
    Од тие 500 во длабока чинија сипи околу 100 мл, а останатите 400 стави ги во тенџере на оган.
    Во тоа 100 мл што ти е во чинијата сипи го прашокот за пудинг и додај 2 лажици шеќер (по вкус). и убаво измешај да се раствори, да нема грутки.
    Во меѓувреме ќе го мешаш и млекото што ти е на оган, ќе чекаш да зоврие. Кога ќе почне да врие го сипуваш млекото со растворен пудинг и мешаш 2-3 минути, или додека стане густо. Кога ќе се згусне значи дека е готово.

    И тогаш препушти се на креативноста. Можеш измеѓу тестата да ставип пудинг, можеш да додадеш во него и кршени лешници, бисквити, ореви и т.н.

    На крај пожелно е од надвор да се премачка тортата со шлаг или изматена хопла.
    Се надевам дека помогнав. Ти посакувам успешнo готвење :)
     
    Lux likes this.
  17. Lux

    Lux Форумски идол

    Joined:
    Nov 27, 2009
    Messages:
    7,094
    Likes Received:
    6,349
    Gender:
    Female
    Па има и посебно пудинг пудинг што се прави со млеко нели и со шеќер од ванила и од чоколада имам и такви, ама имам и едни од 60гр на нив пишува Крем за торта со бисквит-чоколада, а на другото крем за торта со бисквит - ванила, состав
    пченично и пченкарно нишесте, желатизирано компирово нишесте, арома и природна боја бета каротин.
    Тие не знам за што се користат и како се приготвуваат ако не мора со нив, можам и со пудинг .
     
  18. maja8

    maja8 Популарен член

    Joined:
    Jan 3, 2010
    Messages:
    2,847
    Likes Received:
    2,159
    Ете направив едит во горниот пост како се припрема пудинг. За тоа другото незнам што е, ама претпоставувам и тоа е нешто слично :)
     
  19. Lux

    Lux Форумски идол

    Joined:
    Nov 27, 2009
    Messages:
    7,094
    Likes Received:
    6,349
    Gender:
    Female
    Фала ти многу, а не треба да се пече тоа ?
    Е уште ова и не те мачам
    Значи уште шлаг ми треба и миксерот да го најдам, пудинг без мискер не се мати така ?
     
  20. Lux

    Lux Форумски идол

    Joined:
    Nov 27, 2009
    Messages:
    7,094
    Likes Received:
    6,349
    Gender:
    Female
    Епа на крај, не правам ни торта, ни ништо, се одкажав, шлакање ми е, а и можам да зафркнам, во секој случај фала, ќе ми користи ова со пудингов.
    Место да се шлакам в кујна, да си искористам додека сум сама да си направам депилација и маникир .
    И еве ви еден рецепт од кулинар превземен .
    Карамел торта
    ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
    5 голема лажица Шеќер во прав
    260 грама Шеќер
    125 грама Чоколадо за готвење
    385 грама Путер
    85 грама Пудинг
    1 кесичка/ки Прашак за печиво
    500 милилитри Млеко
    275 грама Лешник
    75 грама Брашно
    4 Јајца/це
    Време за подготовка: 25 мин.
    Време за готвење: 210 мин.

    КРАТОК ТЕКСТ:
    Млекото најчесто значи хранлива течност произведена од женките цицачи. Тоа ја обезбедува основната исхрана на новороденчињата пред нивниот организам да може да дигестира различни видови храна. Млекото се преработува во млечни производи како што се павлака, путер, јогурт, сирење, лактоза, суво млеко и други продукти.
    ПОДГОТОВКА:
    Намастете калап за печење торта ( 26цм ). Истопете го чоколадото со путер на пареа. Белките од јајцата изматете ги со шеќер. Измешајте ги жолчките, една по една како и растопеното чоколадо. Додадете го брашното како и прашакот за печиво и мелените лешници. Печете околу 30 минути на 175 степени. Оставете потполно да се олади.

    Пресечете го бисквитот на две кори. Ставете го оквирот за торти околу долната кора. За крем згответе го пудингот зо малку шеќер. Изматете го путерот и шеќерот во прав, потоа измешајте ја добиената смеса, лажица по лажица, во оладениот пудинг. Околу 2/3 од добиениот крем премачкајте го врз кората , поклопете со другата кора. Премачкајте со остатокот од кремот и изладите во фрижидер околу 3 саати.

    Препечете ги лешниците на сува тава. Во друг сад растопете шеќер, измешајте го со путерот и лешниците за да се карамелизираат. Распоредете ги по хартија за печење. Искршете ги карамелизираните лешници и распоредете ги по тортата. Растопете чоколадо и исцртајте ја тортата како сакате.