Па не треба да се пече, пудингот е сварен и готов е. Е сега, незнам тие тестата готови дали се печени или полупечени? Никогаш не сум купувала. Ако се полупечени прво нив ќе си ги испечеш па после ќе мачкаш пудинг. И не, пудингот не се мати со миксер, додека се вари се меша со лажица. А за шлагот ќе ти треба миксер Најдобро е да си купиш хопла, само ја матиш со миксерот и се згуснува и готово.
Роденденска торта Во среда ми е роденден, па се мислам што торта да направам, не сум љубител на тешките торти со многу кори и не обожавам овошје. Може ли еден рецепт за лесна, брза и поефтина торта, благодарам, цмок
Ќе ви дадам рецепт за Чоколадна торта ама многу е вкусна Црн фил: 450гр. чоколадо 150гр. млеко 250гр шеќер Сето тоа се растопува и се остава да се излади. Потоа посебно се изработува 250гр. маргарин 100гр.шеќер и во тоа се додаваат 10 жолчки Потоа се меша се заедно со претходната смеса 2кори исто се прават 10 белки со 10 лажици шеќер, се додава 12 бисквити мелени 3 лажици брашно, 1 пециво и за секоја кора се зема по 4 лажици од филот за да и корите бидат црни Се надевам дека ќе ви биде од корист овој рецепт
Сакам да споделам со вас еден прелесен рецет за овошен колач. 5 јајца 2 шолји (поголеми за млеко или чај) шеќер 3/4 од шолјата млеко 1/4 шолја масло 2 шолји брашно 1/2 прашок за печиво овошје по избор (мене најубаво ми е со малини или вишни) се матат сите состојки, и се пече во подмачкан и набрашнет плех бр32. Кога само малку ќе се запече се става овошјето низ целата површина на колачот (ако се стави веднаш тоа пропаѓа на дното, а ако е многу запечена кога се стави останува на површината, значи доволно е само 1 минутка колку да се створи како коричка на површината). Кога се испече се става шеќер во прав одозгора. Прелесен рецепт. Јас го направив пред 2 часа, пред да излезам на кафе и веќе пола исчезнал.
Сакам да прашам...? Девојки кога ја матите шлаг пената во фрижидер ја ставате да се олади па потоа ја ставате на тортата? прв пат правам торта што да правам кога незнам
Сакам да прашам...? Не јас одма ја матам и ја филувам тортата. Па потоа ја ставам тортата во длабоко (обично ден два порано ја правам тортата за роденден или сл,)
Сакам да прашам...? Првен ке ја нашлапаш тортата после со се торта ќе ја ставиш во фрижидер така е поубаво а можиш и да ја изладиш малку па после да ја ставишна тортата.
Сакам да прашам...? Па зависи колку време ќе ја оставиш во фрижидерот јас ја ставам во длабоко подолго времне и после ми иде како сладолет.
Раванија Рецептов е од храна и вино..ми се виде вкусна тортата и ја правев, мене ми се допадна, а посебно мм ептен ја бендиса (инаку ептен е терсене за благо и ретко-ретко нешто да му се допадне) -4 јајца се матат со 9 лаж. шеќер. Потоа во изматените јајца се додаваат: -6 поголеми рендани моркови (на крупната страна од рендето) -2 лажици какао -1 ќесичка прашок за пудинг од чоколадо -1 пециво -9 лажици зејтин -9 лажици млеко -100 гр. мелени или сецкани ореви -9 лажици брашно. -Се` се меша со жица за матење и се пече ( подобро е во округло тавче) Шербет -3 чаши шеќер (200 ml.) -2 чаши вода (200 ml.) -1 лимон цеден -рендана ( на ситната стара од рендето) кора од лимон. Откако тортата убаво ќе се излади, се попарува со шербетот. Добар апетит
Разработена сум деновиве во кујна,баш сега ставив еден колач да се пече,па ќе видиме како ќе испадне. Лесен ми е многу за правење,и зима и лето со сезонско овошје. Најубав е со вишни ама јас имав праски дома и го направив со праски. Еве го рецептот 2 јајца 10-12 супени лажици шеќер шоља за кафе зејтин 250 мл јогурт 1 пециво 12 супени лажици брашно (јас ставам 10) 3 супени лажици гриз (јас ставам 5,така ми е поубаво тестото) Сето тоа се миксира,се става во подмачкан плех и одозгора се става сезонско овошје и се става да се пече.Јас кога го сервирам ставам шеќер во прав,а може и ванилин шеќер. Добар апетит !!!!
Може ли рецепт за некоја брза и лесна роденденска торта,по можност чоколадна,а не овошна? И ве молам сите постапки на правење на тортата,без прескокнувања.
еве еден лесен рецепт за чоколадо со ориз 1 еурокрем 3 чоколади за готвење 1 пакување оризови снегулки во тенџере загреано се става малку масло за јадење потоа се додаваат 3 чоколади а откако ке се растопат се става и еурокремот откако се заедно ке се растопи се трга тенџерето од оган и се ставаат снегулките, убаво се промешува за да се измешаат снегулките со кремот и се става во тавче и се рамни, откако ке се стави ви тавче препорачливо е да поседи 5 минути на собна температура а потоа да се стави во фрижидер за поубаво да се сече да не се распаѓа
ммм ова може да се измени и да се прават како колачиња, во корпички за бомбици да се ставаат со лажичка!!!!
Девојки мии требаа помош.. Најдов една тортаа на Интернет .. многу ми се допагаа но не ми е јасно како да ја направам, бидејки немаа дадено точно колкава коли4ина од состојките треба да се стави. Може Хелп?. ***За тесто е потребно: 2 чаши јогурт, 2 лажици шеќер, 2 лажици какао, 2 чаши брашно, 2 лажици сода бикарбона и половина шолја масло. За прелив: 10 лажици шеќер, 100 гр путер, 10 лажици млеко и 100 гр чоколадо за готвење. Подготовка: Истурете го брашното во голем сад и додадете сода бикарбона и какао, додадете го шеќерот и измешајте. Постепено додавајте јогурт и мешајте, потоа додадете масло и мешајте додека масата не стане хомогена. Намачкајте го тавчето со масло или путер и истурете го брашното. Додадете ја подготвената смеса и заедно со измешаното брашно печете 40 минути на 220 степени. Најдобро е да најдете калап кој ќе биде во форма на срце. Растопете ги чоколадото, путерот и млекото. Чоколадото секогаш растопувајте го на мала температура за да не го изгуби сјајот. Додадете шеќер, измешајте и чекајте да се стопи. Откако ќе се испече колачот, оставете го да се излади, а потоа пресечете ги краевите за да можете да го додадете чоколадниот прелив.
ДА не сакаш да не повикаш дома да ти го направиме или немаш лажици Еј ако немаш калап срце тогаш може и округло тавче
Торта Детско царство Ми се ближи роденденот и сакам мајка ми да ми ја направи детското царство. Ја имам јадено некаде ама не се сеќавам каде. Многу ми се допадна. Но за жал не го знам рецептот. Ќе може ли некој да ми го каже. Благодарам