1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Рецепти за торти

Дискусија во 'Рецепти' започната од white-chocolate, 25 март 2010.

  1. thinkerbell

    thinkerbell Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2010
    Пораки:
    1.971
    Допаѓања:
    11.586
    Пол:
    Женски
    Сакам да прашам...?

    Во Шарлота во Маџари прават, во Белви исто, во Куманово има 2-3 слаткарници што ги прават. Над 1000 ден како ништо ќе те фати
     
    На thelittle17 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Siksi

    Siksi Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2010
    Пораки:
    461
    Допаѓања:
    305
    Сакам да прашам...?


    http://www.facebook.com/pages/Slatkarni ... 4323039369
    еве од тука имаш многу избор а и се многу вкусни :)


    ______________________________________________________________
    значења на Парличев или живот и дело ?? :geek:
     
  3. Miss.Love

    Miss.Love Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јули 2011
    Пораки:
    8
    Допаѓања:
    0
    каков јогурт да ставам..? :P
     
  4. Barbie-mwa

    Barbie-mwa Популарен член

    Се зачлени на:
    20 декември 2009
    Пораки:
    1.237
    Допаѓања:
    528
    Пол:
    Женски
    Сакам да прашам...?

    Ај ако имате некој брз рецепт за торта или колач некој со капини ми се јаде благо а се сетив дека имам капини. :D
     
  5. savana

    savana Популарен член

    Се зачлени на:
    18 август 2010
    Пораки:
    1.770
    Допаѓања:
    9.567
    Пол:
    Женски
    Еве една лесна, брза и вкусна торта, често ја правам + посна е :)

    6 финџали кисела вода
    6 фин. шеќер
    6 фин. брашно
    2фин. зејтин
    1 ванила
    1 пециво

    Сето ова заедно се меша и смесата се дели на 2 дела. Во едниот дел се става 2-3 лажици какао, малку ореви, а во другиот дел се става 100гр кокос.
    Во подмачкано тавче прво се става кафениот дел да се пече, откако ќе се запече се вади и се пречачкува со мармалада и се истура и вториот дел (белиот) се враќа во рерна да се допече. Откако ќе се испече одозгора се премачкува со стопена чоколада.
     
  6. Zaljubena111

    Zaljubena111 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 февруари 2010
    Пораки:
    2.087
    Допаѓања:
    1.647
    Торта медено срце


    Состојки:
    1,5 чаша шеќер(200 мл)
    1,5 чаша ладна вода
    2,5 чаши брашно
    4 лажици мармалад
    1 пакетче цимет
    1 пакетче сода бикарбона

    се заедно мешаме со лажица, и ја оставаме смесата да отстои 10-на минути во тепсија, додека не се појават меурчиња на површината, па ја печиме.откако ке се испече и олади ја премачкуваме со мармалад и чоколада за готвење

    http://www.tortijada.mk/mk/torti/236-2011-03-28-23-41-19.html
    дали некој ја има правено оваа торта да ми каже во колкава тепсија се става? дали мора да ставам мармалад
     
  7. ljubicicaa

    ljubicicaa Популарен член

    Се зачлени на:
    14 декември 2010
    Пораки:
    1.540
    Допаѓања:
    559
    јас ја имам правено и тоа во тепсија бр 30. си е тамам, и мора да ставиш мармалад за да биде мека :)
    п.с да се пофалам мој е постот,и мило мие што ете им се допаѓа на други ;)
     
  8. ljubicicaa

    ljubicicaa Популарен член

    Се зачлени на:
    14 декември 2010
    Пораки:
    1.540
    Допаѓања:
    559
    било каков јогурт можиш да ставиш, јас дури и кисело млеко користам понекогаш, и филот јас го правам на друг начин ако сакаш ке ти кажам ;)
     
  9. Zaljubena111

    Zaljubena111 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 февруари 2010
    Пораки:
    2.087
    Допаѓања:
    1.647
    навистина твој е постов, браво :clap: :clap:. а тепсијата да ја намачкам со нешто или не ? и колку време?
     
  10. ljubicicaa

    ljubicicaa Популарен член

    Се зачлени на:
    14 декември 2010
    Пораки:
    1.540
    Допаѓања:
    559
    фала... инаку јас ја мачкам тепсијата со малку масло со четче за килфиња и потоа ставам малку брашно за да не ми се залепи... а ако ме прашуваш колку време ја печам, 20-на минути некаде, јас обично проверувам со чачкалица дали е печена или не, хехе ако неми остане на чачкалицата знам дека тогаш е готова :D
     
  11. Dulceee

    Dulceee Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јули 2011
    Пораки:
    916
    Допаѓања:
    2.185
    Пол:
    Женски
    Ја направив денеска тортава. Случајно налетав на неа на форумов и ај си реков. Премногу лесна. Се нафатив да ја правам зашто не морав да одам до продавница по продукти. Смрт ми е :)
    Супер испадна, сите ми ја бендисаа.
    Фала за рецептот. :rofl:
     
    На ljubicicaa му/ѝ се допаѓа ова.
  12. thinkerbell

    thinkerbell Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2010
    Пораки:
    1.971
    Допаѓања:
    11.586
    Пол:
    Женски
    Чоколадна торта
    (рецептот е за ролат)

    Пандишпан: Се матат 8 белки, 1 жолчка, 8 лажици шеќер, 3 лажици брашно, пециво, 100 гр. сецкани ореви во цврст снег. При матењето се додава малку сол (онака низ прсти не цело лажиче). Се пече 20 минути.
    Фил: 18 лажици вода, 18 лажици шеќер, 150 гр. чоколадо, 50 гр какао. Се вари и се остава да врие 15ина мин.
    На страна се матат 8 жолчки, 250 гр шеќер во прав и 250 гр путер (јас ставам кристал маргарин).
    Кога првата смеса ќе се олади, се меша заедно со втората. На крај се филува.

    Пандишпанот се печат во плех (тие од шпорет) и се сече на 3 дела кои се редат еден врз друг.


    Кога би ја правеле да испадне голема торта, состојките од пандишпанот се преполовуваат (4 белки, 1 жолчка, 4 лажици шеќер, 2 лажици брашно, 1/3пециво, 50 грама сецкани ореви) и се матат и печат посебно 3 пандишпани (во обична тепсија)
    Состојките од филот се дуплираат (маргаринот не мора- доволно се тие 250 гр) за да стигне за цела торта.

    Тортава не одзема многу време, 2 часа се на се, а превкусна е.
     
    На Saraa му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Miss.Love

    Miss.Love Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јули 2011
    Пораки:
    8
    Допаѓања:
    0
    Фала тии .. ако постои и др начин те молам кажии мии.. :) Да го испробам.. :))
     
  14. ljubicicaa

    ljubicicaa Популарен член

    Се зачлени на:
    14 декември 2010
    Пораки:
    1.540
    Допаѓања:
    559
    еве можиш да видиш на линкот, и таа е многу убава и лесна, ти кажувам од искуство ;)

    http://www.tortijada.mk/mk/torti/262-to ... ogurt.html
     
    На Miss.Love му/ѝ се допаѓа ова.
  15. eli25

    eli25 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    14.921
    Допаѓања:
    123.327
    Девојки рецепт за мачмалоу колачот? Ми треба проверен рецепт,најдов на кулинарика неколку варијанти,ама ми треба некоја што го правела да ми каже,вака не ми се експериментира.Фала ви
     
  16. Tenna

    Tenna Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 октомври 2010
    Пораки:
    305
    Допаѓања:
    332
    Мачмалоу

    8 жолчки се клапаат со 150 гр. шеќер, потоа се додава 100 мл. зејтин, 150 мл.млеко, 150 гр. брашно, 2 лаж. какао, 1 прашак за пециво, 1 ванилин шеќер. Се пече во плех бр.32 подмачкан.

    Шам

    8-те белки се клапаат со 18 лаж.шеќер
    Откако ќе се испече колачот се истура врз него шамот, се потпечува малку во рерната и одозгора се глазира со 100 гр. растопено чоколадо за готвење и 1 лаж.маргарин.

    Рецептот е проверен, лесен а преубав ;)
     
    На no.name6, Lea87 и eli25 им се допаѓа ова.
  17. glamour-lady

    glamour-lady Популарен член

    Се зачлени на:
    7 ноември 2010
    Пораки:
    572
    Допаѓања:
    776
    Чоколадна торта со Кокос превкусна е и многу лесна ;)

    Пандишпан
    4 јајца
    150 гр. шеќер
    300 мл. млеко
    300 гр. брашно
    3 супени лажици какао
    1 прашок за пециво

    Ги мешаме јајцата со шеќерот (со жица за матење) а потоа го додаваме млекото, брашното, какаото и прашакот за пециво.. одкако убаво ќе ги изматиме сите состојки, на округло тавче (средна големина) намачкано со зејтин.. истураме ПОЛОВИНА од смесата и го ставаме да се пече 20-30 минути во загреана релна од 200 степени, а притоа го подготвуваме филот..

    Фил
    500 мл. млеко
    4 супени лажици гриз
    4 лажици шеќер
    100 гр. кокос

    Во тенџере на оган ги ставаме млекото и шеќерот, одкако ќе зовријат го додаваме гризот и кокосот и убаво се меша околу 5 мин и го тргаме од шпоретот.. го вадиме испечениот пандишпан од релната го премачкуваме со филот, го додаваме другиот дел од изматениот пандишпан и повторно го печеме.. (внимавајте само да не ви се препече пандишпанот од здолната страна).. откако ќе се испече го вадиме го премачкуваме со чоколадната глазура (јас му додавам и мелени ореви за декорација) и го сечеме на парчиња.. прекрасно изгледа и премногу е вкусно :inlove:

    Чоколадна глазура
    2 чоколади за кување
    1 млечна чоколада
    една четврина маргарин (кристал)
    1 финџал млеко

    во мало тенџерче го ставаме маргаринот и млекото на шпорет, откако ќе се стопи маргаринот ги додаваме сите три чоколади да се стопат.. (ако не вие доволно млекото за убаво да се стопат чоколадите додајте уште)
     
    На magic.girl му/ѝ се допаѓа ова.
  18. ljubicicaa

    ljubicicaa Популарен член

    Се зачлени на:
    14 декември 2010
    Пораки:
    1.540
    Допаѓања:
    559
    http://www.tortijada.mk/mk/torti/318-torta-macmalou
    ете ова верувај го имам испробано ;)
     
  19. feferona

    feferona Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2011
    Пораки:
    166
    Допаѓања:
    94
    Лења пита

    5 јајца
    2 чаши (0,25) шеќер
    1 чаша јогурт или кисело млеко
    1 чаша масло
    1 пециво
    3 чаши брашно
    мармалад

    Најпрво се матат јајцата и шеќерот , а потоа се додаваат маслото, јогуртот, брашното и пецивото. Откако ќе се добие хомогена смеса, половина од неа се става во тавче да се испече, а потоа се премачкува со мармалад и се додава остатокот од смесата и пече. На крај се посипува со шеќер во прав.
    По ваш вкус во смесата можете да додадете какао или чоколадо, а наместо мармалад може крем или смрзнати вишни.
     
  20. supersonic

    supersonic Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 април 2010
    Пораки:
    178
    Допаѓања:
    49
    Хитно ми треба рецепт за чоколадна торта со мнооооогу чоколаден фил т.е спремна сум и цело кило чоколадо да ставам! :D Не ми е битно каква е по комплексност за правење, само сакам да биде богата со зарзавати зашто ми е за роденден и ќе се потрудам да биде најубава.. Било какви идеи ? :)

    А , и кој знае рецепт за Киндер тортата ????