Еве,јас имам еден рецепт за КИНДЕР ,се надевам дека ќе ти се допадне КИНДЕР ТОРТА СО БИСКВИТИ Шест белки се матат со шест лажици шеќер,во нив се додава една лажица презла,две лажици брашно и 100гр мелени ореви.Сето тоа убаво се меша и се става во четвртаст плехобложен со хартија и се пече околу 20-25мин. на 200степени.Откако ќе се олади се сече на три дела. КРЕМ:400мл млеко се става да зоврие 200гр шеќер,се додаваат шест жолчки изматени со 100мл млеко и три лажици густин.Откако ќе се згусне,се трга настрана да се олади,па потоа се соединува со 1 маргарин.Филот се дели по половина и во едниот дел се става едно растопено чоколадо. Тортата се филува така што тестото се премачкува со еурокрем,па со бел фил,се реди ред бисквити,се премачкува со црн фил.Оваа постапка се повторува уште два пати,и со останатиот фил се премачкува целата торта.Се става во фрижидер да се олади,а потоа се декорира со фил,чоколаден прелив,мелени ореви или лешници.
И киндерот е убава, ама и нес тортата е убава,а и сникерсот. Еве ти рецепт за киндер, ако сакаш за другите две ќе ти ги пишам и тие. Киндер торта тесто: 12 белки 12 лаж. шеќер 2 лаж. зејтин 8 лаж. брашно На добро подмачкан плех со маргарин се редат ореви и врз нив се истура тестото кое се пече тивко. Испечената кора се врти со оревите нагоре и се сече на два дела. Изладените кори се мачкаат со крем ( црн 1/2 кг). фил 1: 4 пудинга од ванила 2-3лаж. густин се разредува во 200 мл млеко 5 лаж. шеќер Оваа смеса добро се изработува и се додава на 800 м млеко што врие да се згусти. Фил 2: Се матат 12 жолчки со 12 лаж. шеќер. Фил 3: 1 маргарин се мати со 250гр шеќер во прав. Сите три смеси се мешаат и филот се дели на два дела. Во првиот дел се става 200гр. црно стопено чоколадо, а во вториот дел 200гр бело растопено чоколадо. Тортата се филува кора-> црн фил->бел фил->кора-> црн фил->бел фил. На крајот се премачкува со шлаг пена. П.С Тортата е превкусна.
Медено срце Потребни состојки: - 1 шоља шеќер (со онаа со која ќе почнете да мерите, со таа продолжете (за кафе, млеко...)) - 2 шољи брашно - 1 пакетче пециво - половина ќесиче цимет - 3 лажици какао - 3 лажици зејтин - 5 лажици мармалад (или мед) - 1 шоља кисела вода - 1 пакетче ванилин шеќер (по желба) за глазура: - 100 гр чоколадо за готвење - 7 лажици зејтин - 4 лажици вода Подготовка: Во сад за матење ставајте ги состојките по напишаниот редослед. Треба да добиете густа и хомогена смеса. Ставете ја во тавче за печење малку намачкано со масло и брашно. Ставете да се пече во ладна рерна, на 230 целзиусови степени. За тоа време направете го преливот, така што во мало тенџерче ќе ги ставите сите состојки за глазурата и на пареа растопете ги. Глазурата прелијте ја врз испечениот колач. Исечете на коцки и ставете го колачот во фрижидер да се олади, а потоа уживајте во него. Нема којзнае колку чоколадо ама сепак....
Oкеј плавушке, фала! Ќе можеш да го напишеш и рецептот за сникерс тортата ? ја имам пробано и ептен ми се бендиса, па ете не можам да се одлучам.
Вчера вечерта се решивме да правиме торта некоја нова. Гледавме еден сајт с рецепти и одбравме според нас најдобрата, брза и лесна, која изгледа на сликите... (итно ни се јадеше ДОМАШНО благо!) Направивме ја тортата, и нема да ви кажа колку е вкусна!!!! Бисквитена е и е жестока!!!!! Еве го рецептот, ако сакате и вие да ја пробате...многу е едноставна и брза! Се вика БИСКВИТЕНАТА ТОРТА НА МАМА 560гр обични бисквити 300гр маргарин (кристал) 250гр шекер во прав 250гр ореви (по желба) 150мл млеко 1 с.ч. рум (по желба, јас немав и ставив сок за растварање од боровинки ) Бисквитите се чупат во голема купа. Маргаринот се топи на бавен оген (ринглата да не е пуштена на најсилно). Кога се стопи се става какаото, шекерот во прав и рум. Се меша, дури се добие гладка смес. Бисквитите се поливат со млекото, меша се полека (да не се прават бисквитите на трошки) Добавјат се и оревите и маслениот крем. Меша се убаво и полека и се става во тепсија. Става се во фрижидер да стегне...Отгоре можеш да ја украсиш по желба. Ние не и стававме украса, нема да се сликаме со нејзе ја, ќе ја јадеме Ќе добиете нешто слично на шоколадови бисквити. и е превкусно! Еве ја сликата од сајтот со рецептите
Ајде повелете. Сникерс торта тесто: 10 белки 1о лаж шеќер 4 лаж брашно 150 гр. сецкани смокви 100гр. суво грозје 100 гр. сецкани ореви Се пече во четвртаст плех и се дели на три дела. Фил : прва смеса: 1 маргарин со 10 жолчки добро се мати и се додава 200гр. растопено чоколадо. втора смеса: Се прави крем од 200мл млеко да зоврие и се додава пудинг од ванила со 12 лаж шеќер. Кога ќе се излади се додава 150гр мелени ореви, 150 гр мелени лешници и 200гр. желе бонбони. Потоа втората смеса се додава на првата смеса. Се става по следниот редослед: тесто, фил, тесто, фил, тесто. Потоа целата се филува по желба.
Ресана торта без печење Потребни состојки: 1 килограм ресани 1 коцка маргарин 200 милилитри млеко 200 грама шеќер 100 грама чоколадо за готвење Начин на подготовка: Во сад на оган се става млекото со шеќерот и се додава три-четвртини од маргаринот. Откако ќе зовријат, смесата се трга од оган и се остава да се олади. Изладената смеса се меша со ресаните што претходно сте ги исекле на четвртинки и малку се промешува. Тортата се става во калап за да го добие својот облик. Останатата четвртина од маргаринот, заедно со чоколадото, се топат на пареа, а потоа смесата се нанесува на тортата. Тортата се става да стврдне во замрзнувач.
Чоколадна торта Само што ја направив тортава и преубаво ми испадна. Прв пат ја правев и не е тешка. Прв Фил: потребно е 200гр. чоколадо за кување, 5лажици какако. 100гр. вода, 100гр. шеќер. Се ова се става во сад, па се става на загреана рингла се додека не се стопи чоколадото. Се топи на тивко! Откако ќе се стопи чоколадото, филот е готов и се става на ладно (може и надвор!) за да се излади. Втор фил: потребно е 1 маргарин (јас ставив Кристал), 100гр. шеќер во прав, 10 жолчки од јајце )белките се ставаат на страна, потребни се за во тестото). Се ставаат жолчките една по една и исто времено се мати (со миксер, мала брзина). Откако ќе биде готов овој фил се меша со првиот и така добиваме само еден фил. Тесто: 10те белки од јајце се матат со 10 лажици шеќер, се ставаат 10 лажици мелени ореви, па 1 пециво и 2 лажици од веќе приготвениот фил ( за да добие тестото кафеава боја). Се печи на 180-200 степени во плех, сами ќе видите колку време треба (зависно од рерната). Се сечи на три ленти. Првата се мачка со фил, па одозгора и ја ставаме втората лента и исто и неа ја мачкаме со фил и на крај третата се става и се мачка со фил цела торта!
Торта овошен сон многу е вкусна - 125 гр. мед - 225 гр. брашно - 50 гр. шеќер - 1 пудинг од ванила - 2 лажици густин - 200 гр. маргарин - 6 јајца - 350 гр. праски од компот - 150 гр. мармалад - желатин - 1 лимон - 3 лажици сок од праска - 500 мл. сок од праска Потребно ќе ви биде околу 1 саат за да ја направите Во сад за матење ги кршиме јајцата. Почнуваме да ги матиме јајцата со миксер. Не прекинувајќи со матењето во садот додаваме 3 лажици сок од праска. Потоа во садот го додаваме медот. Матиме со миксерот и откако смесата ќе се соедини го исклучуваме миксерот. На ситната страна од рендето ја рендаме кората од лимон. Прашокот за печиво го додаваме во садот со брашно. Промешуваме со жица за матење. Потоа мешајќи со зицата за матење во садот го додаваме брашното. Користиме од моето брашно на мелницата Кадино, кое е без адитиви. Откако смесата ќе се соедини, тестото го истураме во претходно подготвена и со хартија обложена тава за печење. Тавата ја ставаме во рерна. Печеме 20- тина минути на температура од 200 степени. Во тенџере на оган го ставаме речиси целиот сок од праски. Потоа во тенџерето го додаваме шеќерот. Мешаме со жица за матење. Во преостанатиот сок во мензурата го додаваме прашокот за пудинг и густинот. Мешаме со жицата за матење. Потоа мешајќи со жицата за матење во тенџерето со зовриен сок ја додаваме смесата од мензурата. Непрекинато мешајќи вариме на оган додека кремот не ја добие потребната густина. Го тргаме тенџерето од оган и го ставаме на работната маса. Тавата со испечениот пандишпан ја вадиме од рерна и ја ставаме на работната маса. Со нож ги одлепуваме краевите на пандишпанот од тавата. Потоа пандишпанот го превртуваме на работната маса. Ја отстрануваме хартијата. Во сад за матење го ставаме маргаринот. Го вклучуваме миксерот и почнуваме да матиме. Откако маргаринот е изматен го исклучуваме миксерот. Потоа во садот го додаваме претходно сварениот и изладен крем. Повторно матиме со миксер додека смесата не се соедини. Во тенџере ставаме половина литар вода. Тенџерето го ставаме на оган. Во преостанатата вода во мензурата го додаваме желатинот. Мешаме со жица за матење. Потоа мешајќи со жицата, во тенџерето го додаваме размешаниот желатин. Вариме на оган непрекинато мешајќи. Со нож пандишпанот го сечеме на 2 дела. Првиот дел од пандишпанот го премачкуваме со мармалад. На даската за сечење праските од компот ситно ги сечкаме. Парчињата праски ги нанесуваме на пандишпанот премачкан со мармалад. Врз парчињата праски премачкуваме фил. Потоа го ставаме вториот дел од пандишпанот. Целата торта ја премачкуваме со фил. Филуваната торта ја ставаме на долниот дел од кутија за торта. Јаболките ги сечеме на половина. Потоа на половинките јаболки им ги отстрануваме семките. Со нож половинките јаболки ги сечкаме на многу тенки парчиња. Парчињата јаболки скалесто и во круг ги редиме врз тортата. Мандарината ја лупиме. Парчињата мандарини ги редиме во празнината на средината на тортата. Во средината на тортата ставаме неколку зашеќерени цреши. Потоа со готварска четка јаболките ги премачкуваме со желатин. Торта каприо - 7 лажици мелени ореви - 6 јајца - 6 лажици шеќер - 4 лажици брашно - 30 мл. рум - 50 гр. мелени бисквити - 50 гр. мелени лешници - 250 гр. путер - 125 гр. шеќер во прав - 1 лажица какао - 4 јајца - 1 лажица масло за јадење Во сад за матење ги кршиме 6-те јајца. Почнуваме да матиме со миксер и во садот додаваме 6 лажици шеќер. Матиме додека шеќерот не се растопи. Продолжуваме да мешаме со жица за матење и во садот додаваме 4 лажици брашно. Додаваме и една лажица какао. Потоа во садот за матење додаваме 7 лажици мелени ореви и 2 лажици мелени бисквити. Мешаме додека смесата не се соедини. Калапот за печење торта го намрснуваме со путер. Во калапот го истураме тестото за пандишпан. Калапот со тестото го ставаме во рерна. Печеме 20- тина минути на температура од 180 степени. Во меѓувреме во сад за матење ставаме 250 гр. путер. Во садот додаваме 125 гр. шеќер во прав. Матиме со миксер додека путерот не стане пенест. Ги кршиме 4-те јајца и ги двоиме жолчките од белките. Жолчките ги додаваме во садот за матење, а белките ги оставаме во сад настрана. Повторно матиме со миксер и во садот за матење ги додаваме мелените лешници и румот. Откако смесата ќе се соедини го исклучуваме миксерот. Калапот со испечениот пандишпан го вадиме од рерна и го ставаме на работната маса. Со нож ги одлепуваме краевите на пандишпанот од калапот. Го отстрануваме страничниот дел од калапот за печење. Со нож го одлепуваме пандишпнаот од долниот дел од калапот. Го сечеме пандишпанот на два дела. На првиот дел од пандишпанот нанесуваме фил. Со нож го филуваме пандишпанот. Врз филот го ставаме вториот дел од пандишпанот. Потоа со фил ја премачкуваме целата торта. Страничниот дел од тортата го облепуваме со мелени лешници. Тортата ја ставаме на чинија за торта. Горната површина на тортата ја прекриваме со крупно сечкани и на шеќер испржени бадеми.
Унгарска торта - 9 јајца - 80 гр. суво грозје - хопла - 100 гр. мелени ореви - 150 гр. шеќер - ванила крем - 80 гр. нишесте - прашак за печиво - ванилин шеќер - 700 мл. млеко - вињак - масло за јадење(Зејтин) Во садот за матење едно по едно ги кршиме петте јајца. Го вклучуваме миксерот и почнуваме да матиме. Откако јајцата се изматени го исклучуваме миксерот. Потоа во садот додаваме 4 лажици шеќер и ванилиниот шеќер и повторно матиме со миксер додека не се растопи шеќерот. Во садот го додаваме нишестето и прашакот за печиво. Повторно го вклучуваме миксерот и непрекинувајќи со матењето додаваме масло за јадење. Земаме тава за печење и ја обложуваме со мрсна хартија. Во тавата го истураме тестото за пандишпанот и со лажица го распоредуваме по целата површина на тавата. Пандишпанот го ставаме во рерна да се пече. Печеме 10- тина минути на температура од 200 степени. На оган ставаме сад со вода и во него го додаваме млекото. Во садот за матење ги кршиме четирите јајца и додаваме 5 лажици шеќер и ванилиниот шеќер. Во садот исто така додаваме 4 лажици нишесте и ванила кремот. Го вклучуваме миксерот и матиме додека смесата не се соедини. Потоа добиената смеса при непрекинато мешање со жица ја додаваме во тенџерето на оган. Мешаме со жица и вариме на оган додека кремот не ја добие потребната густина. Го тргаме садот од оган и го ставаме на работната маса. Потоа кремот го претураме во поголем длабок сад. Во кремот додаваме ванилин шеќер и матиме со жицата за кремот побрзо да се излади. Сувото грозје го полеваме со вињакот и убаво го мешаме со лажица за да впие од алкохолот. Тавата со испечениот пандишпан ја вадиме од рерна и ја ставаме на работната маса. Го превртуваме пандишпанот и ја отстрануваме хартијата. Потоа пандишпанот со нож го сечеме на половина. Едниот дел го ставаме во керамичка тава, а врз него го ставаме филот. Филот убаво го размачкуваме по целата површина и врз него го ставаме половината суво грозје. Врз сувото грозје ставаме од мелените ореви, а врз оревите чоколаден прелив. Потоа го ставаме вториот дел од пандишпанот, кој исто така го филуваме со крем. Врз кремот ставаме мелени ореви, а врз оревите преостанатото суво грозје. Одозгора повторно украсуваме со чоколаден прелив. Во садот за матење ја матиме хоплата, а малку неизматен хопла истураме на дното на чинијата за сервирање. Врз хоплата во концентрични кругови украсуваме со чоколаден прелив. Потоа со помош на чепкалка декорираме во форма на пајакова мрежа. По краевите на чинијата наросуваме цимет. Со лажица црпиме од унгарската торта и ставаме на средината на чинијата за послужување. Со шлагот полниме еден готварски шприц, со кој ја украсуваме унгарската торта. Врз шлагот украсуваме со сецкано кандирано овошје и со чоколаден прелив. Реформ торта - 150 гр. чоколада - 300 гр. ореви - 1,5 лаж. брашно - 100 гр. суво грозје - 10 јајца - 8 лаж. шеќер - 150 гр. путер - 30 мл. рум - 300 мл. хопла - 10 лаж. шеќер Сувото грозје го преливаме со румот и го оставаме настрана. Оревите ги дробиме со сукалка и ги враќаме во истиот сад. Јајцата ги кршиме и ги делиме белките од жолчките. Белките ги ставаме во сад за матење,а жолчките во поголем длабок сад. Ги матиме белките со миксер и додаваме 10 лажици шеќер. Откако шеќерот ќе се растопи го исклучуваме миксерот. Добиениот шлаг го ставаме во поголем длабок сад. Брашното го додаваме во садот со дробени ореви и мешаме со рака. Потоа брашното и оревите ги додаваме во шлагот и мешаме со лажица. Го додаваме сувото грозје со румот и продолжуваме да мешаме додека смесата не се соедини. Тавата за печење ја намрснуваме со путер. Во тавата го истураме тестото за пандишпанот. Го рамниме тестото. Тавата ја ставаме во рерна. Печеме 20- тина минути на температура од 175 степени. Во меѓувреме жолчките ги ставаме во садот за матење. Почнуваме да матиме со миксер и додаваме 8 лажици шеќер. Откако шеќерот ќе се растопи го исклучуваме миксерот. Смесата ја претураме во поголем длабок сад. Садот го ставаме врз тенџере со зовриена вода на оган. Во садот ја додаваме чоколадата искршена на коцки. Мешаме со жица за матење и го вариме филот на пареа. Откако филот ќе ја добие потребната густина го тргаме садот од оган. Го оставаме филот да се излади. Тавата ја вадиме од рерна. Со нож го одлепуваме пандишпанот од тавата. Го вадиме пандишпанот од тавата и го ставаме на работната маса. Го сечеме пнадишпанот на два дела. Првата кора ја ставаме на долниот дел од кутија за торта. Во тенџерето со изладениот фил го додаваме путерот и матиме со миксер. Со фил го премачкуваме пандишпанот. Врз филот ја ставаме втората кора од пандишпанот. Целата торта ја премачкуваме со фил. Во сад за матење ја ставаме хоплата. Матиме со миксер додека шлагот не ја добие потребната густина. Го полниме шлагот во готварски шприц, со кој ја украсуваме Реформ тортата. Декорацијата ја завршуваме со дробени ореви.
Вака девојки,се ближи на дечко ми роденденот,па се спремам веке со рецепти,уствари мајка ми ми даде само сеа за одозгора се мислам за дизајнот и сакам да ја направам со вакво нешто,само не знам шо смеса е оваа машната и целото тоа.....па ако знае некој,нека се истакне,ќе ми биде од помош
тоа од горе на тортата е фондан, мислам дека во некои маркети има готов, а можеш и да си го направиш од локум и шекер во прав, па потоа со прехрамбени бои си го боиш како шо сакаш. има таква тема за фондан на форумов побарај ја
Слатки здраво... моето синче за неколку денови има роденден и би сакала да ми предложите некоја убава и вкусна торта,
Торта со париски крем За тесто: 200 гр чоколадо за готвење 210 гр брашно 100 гр нишесте 150 гр шеќер 110 грама путер 3 јајца 2 дл млеко 1 лажичка цимет 1 лажица кора од портокал 1 пециво За фил: 250 гр чоколадо за готвење 2,5 дл слатка павлака 150 гр путер малини (по желба, од прилика 1-2 раце) Чоколадата се топи на праеа па во неа се додава слатката павлака и 150 гр омекнатиот путер и смесата се остава да се излади (филот). Шеќерот се меша со 100 гр оменкнат путер и жолчките од јајцата. Чоколадата се топи во мелкото и се остава да се излади. Во смесата од шеќер, путер и жолчки се додава нишестето со пецивото, растопеното чоколадо со млеко, кората од портокал и циметот. Белките се матат да се добие пена па се додаваат во претходната смеса. Смесата се истура во калап со должина 18-20 сантима. Се пече околу 45 мин. на 180 степени. Потоа тестото се сече на половина. Едниот слој се премачкува со кремот па врз него се додаваат малини, постапката се повторува. Француска торта За тесто: 5 јајца 200 гр брашно 50 гр нишесте 250 гр шеќер 150 гр путер банилин шеќер пола пециво За фил: 550 гр горчлива чоколада (за готвење) 2,5 дл слатка павлака 30 гр путер една лажица зејтин две лажици рум Тесто: Се мати мутерот со шеќерот и ванилата, се додаваат јајцата, брашното, нишестето и пецивото. Се пече во тава број 28 обложена со картија за печење. Одкако ќе се испече пандишпанот се сече на 3 дела. Фил: Слатката павлака се става на оган за да проврие, се трга од оган и во неа се додава ренданата чоколада. Одкако ќе се добие еднолична смеса се додаваат две лажици рум и се остава да отстои една ноќ. Секој лист од тестото се намокрува со разводенет рум, а потоа се премачкува со кремот кој претходно малку се мати. Постапката се повторува со секој лист и одозгора убаво се премачкува. Ми тргна со францускиве рецепти
оваа торт ке ја напрам Јас ја иман неколку пати направено лесна е за обликување и многу е лесна за јадење !
Еве ќе почнам со еден рецепт за куглоф. Кекс Се матат убаво 3 јајца и 2 шола шеќер. Се додава едно шолче за кафе зејтин. Одделно се растопува 1 пакетче прашок за пециво во 1/4 л млеко. Се додава во изматените јајца и смесата се меша убаво. Се додава едно пакетче ванилин шеќер и стругана кора од лимон. Се додава 3 шола (од 250 мл) брашно и се меша со лажица. Смесата се дели на 2 дела и во едниот се става 1-2 лажици какао. Кугловот се мачка со зејтин и се попрскува со брашно (може и во тавче 26 или 28 број), па се истура од двете смеси (белата и кафената) и се пече. Лесно и брзо за подготвување, а вкусно. Колач со Вишни За тесто: 1/2 кгр. брашно 300 гр. маргарин 2 јајца 150 г. шеќер Фил: 3/4 кгр. вишни 100 гр. шеќер малку трошки од бисквити малку гриэ Замесете тесто од брашното, маргаринот, прашокот за печење, јајцата и шеќерот. Изработете го добро тестото и поделете гo на два дела. Едниот дел расукајте го во кора и ставете го во четвртеста тава. Потоа наредете ги вишните на кој претходно сте ги извадиле семките и сте ги оставиле да се исцедат од сокот, преку посипете ги со шеќер, малку гриз и трошки од бисквити и ставете ја другата кора. Избодете го колачот со вилушка и ставете го да се пече. Откако се испече посипете го со шеќер во прав помешан со ванила. Торта со цели јаболка Јаболката се лупат цели, се длабат, се редат во навлажнето тенџере, покриено со 1/2см шеќер. Се полнат со сецкани ореви, суво грозје, шеќер, ванилин шеќер и цимет. Се печат на 150 степени, се додека кога ќе се притиснат со лажица не бидат меки како сунѓер. Тесто: 4 цели јајца и 4 жолчки се матат со 6 лажици шеќер, се додава 6 лажици брашно и еден прашок за пециво. Се истура врз печените јаболка и се пече. Откако ќе се испече се превртува во тавче со скоро иста големина како тенџерето. Од 4-те белки се прави шам и се става озгора. Тесто: - 5 белки - 5 лажици шеќер - 7 лажици мелени ореви - 2-3 лажици брашно Од овие состојки се прават 3 теста. Се пече во правоаголен плех. Фил: 15 жолчки убаво се матат, се додаваат 8 лажици брашно и 1 филџан пресно млеко, извадено од 1литар млеко. Сето ова убаво се меша, и се става во едниот литар млеко, во кое има 20 лажици шеќер. Се вари на тивок оган, за да се згусне. Се матат 2 маргарина со 250 гр. шеќер во прав и се додаваат во изладениот крем. Филот се дели на 3 дела, и се додава: - Во првиот 200-300 гр. мелени ореви - Во вториот 100-200 гр. растопено чоколадо - Во третиот 200-300 гр. мелени лешници Торта со хопла и капучино 1литар хопла со шеќер 400 грама шеќер 1кг бисквити 1 шолја капучино со млеко 100 грама црна чоколада за готвење Малку рум Се мати 15 мин.хоплата со шеќерот кој се додава во хоплата на почетокот на матењето.Кога ќе добиете цврст шлаг го додавате румот и малку промешувате.Во содветен сад редите ред бисквити,ред шлаг.Два реда од чоколадата одвојувате а останатата ја сечкате и наросувате на секој ред бисквити(пред да го нанесете шлагот).Одозгора ги рендате двата реда чоколада. Торта портокал 6 јајца 400 гр шеќер 200 мл. млеко 200 мл.зејтин 500 гр брашно 1 пециво Јајцата се матат со шеќерот.Кога ќе бидат убаво изматени,се додаваат млекото,зејтинот и брашното измешано со пецивото.Оваа смеса за пандишпан се пече во поголема кружна тава(тавче бр 34).Кога ќе биде убаво испечен пандишпанот и оладен,се отсекуваат краевите(околу 2,3 цм) и се ронат во посебен сад. Потребно за филот уште и: 200 мл вода 200 гр шеќер 1 портокал Се прави шербет од шеќерот и водата,на портокалот се ренда кората и се цеди сокот и сето ова се додава во изронетиот пандишпан за да се добие вкусен фил.По желба можете да додадете слатко,мармалад,рендана чоколада,ореви и сл.Со филот се премачкува пандишпанот.Се прави глазура од 1 чоколада и се посипува со кокос или шеќерни трошки. Многу вкусна торта,освежителна ,одлична за лето време а зошто да не и во зима! еве некои еднодтавни и брзи торти
Торта со кокос: Тесто: 10 белки од јајце, 10 лажици шеќер се матат со миксер, се додаваат 5 лажици брашно, нпа 150 грама кокос и се меша со миксер континуирано. Се пече во голем плех подмачкан со зејтин, па печеното тесто се дели на два дела. Крем: 10те преостанати жолчки и 10 лажици шеќер се матат со миксер. Кога добро ќе се иматат се додаваат 250 грама путер. Тортата, финално се прелива со два крем-шлага.
Шарлота од чоколадо 80 грама Шеќер кафеав 300 грама Чоколадо 800 грама Путер 1 Пишкоти 30 милилитри Млеко 3 Белка/ки ПОДГОТОВКА: Изрендајте го чоколадото и ставете го во лонец со млеко. Загрејте го на ниска температура за да се истопи. Кога целото чоколадо ќе се истопи, доадете путер исецкан на ливчиња. Ставете на топло место. Измиксајте со миксер цврст снег од малку солени белки. Мешајте со вилушка додавајки малку по малку шеќер во прав. Додавајте ја снег кремата малку по малку за да се спојат двете смеси. Калап за шарлота или длабок огноотпорен сад премачкајте го со путер. Пишкотите (или чоколаден ролат исецкан на парчиња) преполовете ги, па една по една намачкајте ги со малку рум. Со пишкотите покријте го дното и страните од калапот. Налејте со кремот а поклопете со преостанатите пишкоти кои исто така малку ќе ги намачкате со рум. Покријте го калапот со пластична фолија и оставете го во ладилник 24 саати. Кафе торта 7 Шекер лажичка/ки 250 грама Шеќер во прав 80 грама Ореви 400 милилитри Млеко 4 Кафе филџан/и 100 грама Карамел 3 Жолчка/ки 1 Ванила пудинг/а 50 грама Брашно 7 Јајца/це Седумте јајца и 7 лажици шеќер долго се матат да се добие кремаста маса. Се додаваат мелените ореви и внимателно брашното, при што се меша со лажица. Тестото се пече на два пати во голем плех од шпоретот. Печените теста се делат на два дела, да се добијат 4 правоаголни кори. За филот, во 4 филџани варено кафе (без талогот) се додава 1 чаша млеко и 6 лажици шеќер. Се става на оган да се загрева. Пудингот се растопува во филџан мелко да нема грутчиња и постепено се додава кај кафето и мешајќи се вари крем додека да се згусне. Се остава кремот сосема да се олади. Во меѓувреме, путерот пенасто се мати со шеќерот во прав, на што подоцна се додаваат и три жолчки една по една, при што се продолжува со матењето смесата да биде пувкава. Четирите кори од тестото се премачкуваат со фил, а се премачкува и одозгора. Потоа се посипува со толчена карамел маса и толчени ореви, а по рабовите на тортата се прават купчиња од филот. Тортата се става во фрижидер добро да се олади.