Рецепти за торти

Discussion in 'Рецепти' started by white-chocolate, Mar 25, 2010.

  1. perlaa

    perlaa Популарен член

    Joined:
    Dec 2, 2011
    Messages:
    1,223
    Likes Received:
    788
    А некој да знае рецепт за киндер торта.
     
  2. s.t.e.f.a.n.j.a

    s.t.e.f.a.n.j.a Нов член

    Joined:
    Jan 4, 2012
    Messages:
    365
    Likes Received:
    51
    Состојки:

    6 белки
    6 лаж. шеќер
    2 лаж. зејтин
    2 лаж. брашно
    2 лаж.презла
    1 пециво
    Кога се пече тестото се става хартија подмачкана со 1/4 од маргарин,а врз неа се ставаат сецкани ореви.
    Фил:
    1 пудинг
    4 лаж. густин
    6 лаж. шеќер
    1 кг. млеко
    Сите состојки се варат заедно.
    Посебно се мати 1 маргарин со 250 гр шеќер, потоа се додаваат 6 жолчки и сите состојки се мешаат со пудингот. Филот се дели на 2 дела, во првиот се става 100г. кокос, а во вториот 100г. чоколадо. Кората од тестото се премачкува со еуро крем и потоа се става првиот дел, па вториот.
    Одозгора со хопла се декорира по желба ;) .
     
    pandevci, Saraa and perlaa like this.
  3. Abeja

    Abeja Популарен член

    Joined:
    Mar 24, 2011
    Messages:
    4,388
    Likes Received:
    17,606
    Gender:
    Female
    Јас нешто пропуштам или тебе ти фали брашно за пандишпанов? :lol: Ама ти фали ти фалиии, само јајца, шеќер, нишесте и прашок за печиво не прават пандишпан. И замисли сега да зафркнеше некоја тазе домаќинка да се обрука пред свекорот, свекрвата :tmi: :lol:
     
  4. blond

    blond Популарен член

    Joined:
    Sep 24, 2010
    Messages:
    2,251
    Likes Received:
    4,719
     
    perlaa likes this.
  5. papilona

    papilona Истакнат член

    Joined:
    Aug 13, 2011
    Messages:
    175
    Likes Received:
    143
    Девојки знае некоја рецепт за торта со афион? Однапред благодарам.
     
  6. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Joined:
    Dec 27, 2009
    Messages:
    4,327
    Likes Received:
    5,342

    Еве ти една, стар домашен рецепт, брзо бива и убава е

    - 4 јајца
    - 3 фил. мали за кафе шеќер.
    Убаво се мати па се додаде 1 фил. за кафе мал зејтин, 1 фил. мал млеко, 5 фил мали брашно, 1 пециво и 2 фил. мак.
    Се пече во подмачкано тавче со зејтин и брашно и се пари со шербет од 350-400гр шеќер и 300гр вода.
    Се пари ладна торта а вруќ шербет
     
  7. papilona

    papilona Истакнат член

    Joined:
    Aug 13, 2011
    Messages:
    175
    Likes Received:
    143
    Славица Фала ти :) јас вчера ги погодив состојките, ама грамажата ја утнав, и тоа со брашното, па 2 пати ја печев тортава, ама не..утре ќе ја правам по твоево рецепче, пукнав за колач со афион, плус одозгора ќе му ставам и чоколадно преливче мх мх мх :P
     
    slavica999 likes this.
  8. Kasandra123

    Kasandra123 Истакнат член

    Joined:
    Feb 7, 2011
    Messages:
    138
    Likes Received:
    22
    Може ли да ми кажете некои колачиња во вид на срце нешто такво да бидат :) За валентајн ми се :) И да напоменам, брзо да се прават/готват :)
     
  9. julie77

    julie77 Форумски идол

    Joined:
    Feb 2, 2010
    Messages:
    5,566
    Likes Received:
    20,074
    Сакам да споделам еден рецепт за торта или ролат како сакате која е превкусна и лесна за правење

    Торта или ролат со локум

    4 - 5 белки, исто толку брашно, филџан зејтин, 100 гр. шеќер, 150 гр. сецкани ореви, 150 гр. сецкано суво грозје, сецкан локум ... ванила, сок од лимон и рендан портокал

    Белките се матат убаво се додава шеќерот, зејтинот ... после се додаваат др состојки ... малку лимонов сок и се ренда кора од портокал колку сакате. Оваа смеса се пече во модла за ролат обложен со хартија за печење. Се пече на 200 степени.

    Инаку може да се пече и како торта во плех, само со повеќе белки ( 8-9 или 10 ) и повеќе лажици брашно, шеќерот се зголемува на 150 до 200 гр., а и др состојки може од прилика колку мислите дека ќе треба.

    Одозгора на ролатот или тортата се става стопено чоколадо.

    Пепорака за локумот да го наредите со рака зашто инаку ќе попадне на дното.
     
  10. ANGEL1

    ANGEL1 Истакнат член

    Joined:
    Dec 21, 2011
    Messages:
    227
    Likes Received:
    84
    Gender:
    Female
    Ајде Блонд кога почна може да ја пишеш и нес и сникерсот посебно ја обожавам ама немам рецепт! :)
     
  11. rainlover

    rainlover Истакнат член

    Joined:
    Jun 23, 2010
    Messages:
    969
    Likes Received:
    633
    еве...
    http://www.minjina-kuhinjica.com/desert ... srculenca/
     
  12. LoVeR

    LoVeR Популарен член

    Joined:
    Jul 22, 2010
    Messages:
    886
    Likes Received:
    1,046
    Ви го препорачувам овој ролат од цреша и кугловиот од банан и чоколадо многу се вкусни....


    Потребни состојки:

    5 јајца
    120 гр. шеќер
    1 лажичка сол
    Кора од 1 лимон
    80 гр. брашно
    40 гр. пченкарно брашно
    100 гр. мармалад од вишни
    350 гр. цреши
    30 гр. шеќер
    100 мл. вода
    300 мл. шлаг
    1 лажичка ванилин шеќер
    70 гр. шеќер во прав

    Припрема:

    Измијте ги црешите и отстранете им ги семките. Во тенџере ставете го шеќерот и растопете го со постојано мешање се додека не се карамелизира. Додадете вода и гответе 3-4 минути додека шеќерот целосно не се растопи. Додадете го 1 лажица од пченкарното брашно разматено со вода и црешите, гответе уште 2-3 минути, па оставете ја смесата да се излади.

    Изматете ги жолчките со малку сол и кора од лимон се додека не добиете кремаста смеса. Изматете ги белките во цврст снег, па додадете го шеќерот и матете се додека не добиете густа смеса. Потоа додадете ги матените жолчки, брашното и остатокот од пченкарното брашно и промешајте. Смесата ставете ја во тава за печење обложена со хартија и печете на температура од 200 степени 10тина минути.

    Пандишпанот превртете го во влажна кујнска крпа, отстранете ја хартијата, свиткајте го во ролат и оставете го да се излади.

    Изматете ја слатката павлака со ванилиниот шеќер. Внимателно одмотајте го бисквитот и внатрешната страна премачкајте ја со мармалад. На една третина ставете од смесата со цреши, а на другите две размачкајте ја изматената слатка павлака и повторно свиткајте ролат. Ставете го ролатот во фрижидер да се излади околу еден час пред послужување.

    Потребни состојки:

    200 гр. путер
    200 гр. шеќер
    3 јајца
    2 банани
    ¼ прашок за пециво
    100 мл. меко
    170 гр. чоколада за готвење
    Течна чоколада за декорација

    Припрема:

    Изматете го путерот, па додадете го шеќерот, јајцата, испасираните банани, брашното и прашокот за пециво, млекото и ситно сецканата чоколада и матете се додека смесата не се соедини.

    Смесата сипете ја во калап за куглоф и печете во загреана рерна на температура од 180 степени околу 45 минути. Проверете со чепкалка дали куглофот е печен.

    Сервирајте го куглофот на чинија за сервирање и декорирајте со растопена чоколада.
     

    Attached Files:

    mims-89 likes this.
  13. Loritaa

    Loritaa Истакнат член

    Joined:
    Aug 6, 2011
    Messages:
    395
    Likes Received:
    661
    Би ве замолила да ми пишете некој рецепт за многу чоколадна торта за роденден.
    За 2 недели ми е роденден и сакам сама да си направам торта.Цела чоколадна,вкусна,лесна и исплатлива.
    Однапред благодарам :)
     
  14. julie77

    julie77 Форумски идол

    Joined:
    Feb 2, 2010
    Messages:
    5,566
    Likes Received:
    20,074
    Го направив куглофот со банани и чоколадо и некако не ми е баш по ќејф. Не е толку вкусен.
     
  15. figgiMK

    figgiMK Популарен член

    Joined:
    Dec 23, 2010
    Messages:
    6,964
    Likes Received:
    2,301
    Торта со мамалад
    2чаши(за кафе) шекер
    1чаша(за кафе) млеко
    1 чаши масло
    3 чаши брашно
    1 пециво
    Половина од тестото се истура во тава и се запечува, потоа се премачкува со мармалад и се истура другото тесто и пак се пече. Кога е готова се посипува со шекер во прав.
     
  16. Lordi

    Lordi Истакнат член

    Joined:
    Oct 5, 2011
    Messages:
    52
    Likes Received:
    7
    Имам банани дома па сакам да им направам нешто на моите за вечер.
    Кажете нешто со банани и помалку мастраф :?:
     
  17. savana

    savana Популарен член

    Joined:
    Aug 18, 2010
    Messages:
    1,770
    Likes Received:
    9,567
    Gender:
    Female
    Сакам да направам торта во форма на срце. Досега немам правено, па сакам да прашам дали да испечам тесто па да го исечам во форма на срце, или пак да направам непечена торта -срце, да направам смеса па потоа да ја обликувам? :?:
    Помогнете ми вие што сте правеле срце -торта :)
     
  18. blond

    blond Популарен член

    Joined:
    Sep 24, 2010
    Messages:
    2,251
    Likes Received:
    4,719
    Teстото го исечи во вид на срце и готово :) :) :) Еве можеш кај сникерсот да го направиш во најголем плех тестото па да го пресечеш во вид на срце. Само ќе ти требаат две теста :?: или пак да направиш две срциња ама помалечки. Или пак сега ми текна и друго, во дебела помала четвртаста тава да го печеш тестото и да го поделиш на дебелина (ако ме сфаќаш).

    Не знам дали ги има постирано, ама еве праќав на една феминка, па и овде да ги споделам рецептиве.


    Нес торта
    тесто:
    10 белки и 250гр шеќер во прав се мати убаво и се додава 1/2 пециво, 2 лаж.брашно, 50гр. мелени ореви, 250гр сецкани ореви.

    Фил: 10 жолчки се матат со 250гр шеќер во прав, 250гр изработен путер, 200гр растопено чоколадо, 1 мала лаж.нес кафе. (ако сакаш да е појак вкусот, стави две мали лаж нес кафе).

    Сникерс торта
    10 белки, 10 лаж шеќер, 4 лаж брашно 150 гр сецкани смокви, 100гр суво грозје, 100гр сецкани ореви.Сето ова се меша и се става во четвртаст плех, се пече и се дели на три дела.
    Фил: 1 маргарин со 10 жолчки се мати добро и се додава 200гр растопено чоколадо.
    Се прави крем од 200мл млеко да заврие и се додава пудинг од ванила со 12 лаж. шеќер.Кога ќе се излади, се додава 150гр мелени ореви, 150гр мелени лешници, 200гр желе бонбони. На крај се спојува со горната смеса од маргарин, жолчките и чоколадото. Потоа се филува тортата.
     
    savana likes this.
  19. biggirlsdontcry

    biggirlsdontcry Истакнат член

    Joined:
    Mar 22, 2012
    Messages:
    483
    Likes Received:
    163
    Како се вика тортата,жолта е,се пече па се попарува со шербет и е многу вкусна? Дали се викаше мачмало или како незнам ако некој ме разбра нека пише рецепт. :D
     
  20. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Joined:
    Dec 27, 2009
    Messages:
    4,327
    Likes Received:
    5,342

    Сунгерка што се прави за прочка?