кажете некој рецепт за приготвување во микробранова, јас ја користам само за подгревање и за јајца на око
И јас не знам како може да се направи јајце на око во микробранова. ops: Еднаш мислам дека пробав, не се сеќавам убаво но мислам дека се подуваше многу. Сепак тоа си зависи од типот на микробранова. Каква програма користиш за пржење? Иначе јас правам многу работи во микробранова, на неа има програми за компири, ориз, пиле. Полесно ми е затоа што не треба да мислам дали компирите се залепиле. Знам колку време му треба и само ги ставам и воопшто не треба да ги надгледувам. НИКОЈ ДА НЕ СЕ ОБИДУВА ДА ВАРИ ЈАЈЦЕ ВО МИКРОБРАНОВА!!!
цинијата ќе ја намачкаш со зејтин (со четка) ги стасвач јајцата ги посолувач и стави во микро, зависно од јачината на која е вклучено готови се за 1-3 минути
леле.... се изнасмеав со пожаров... јас микро не ни користам, порано го користев за да згреам млеко за кафе или храна.... ама за ништо друго...
Ако имаш некој во странство нека ти испрати специјални садови за пржење и варење јајца во микро.Јас имам за прзење само за во микро и тоа во облик на 4 срциња. Романтично нели?
топен кашкавал во микро :roll: и заедно со јајцата пржени на око исто така во микротот и ете супер појадоооок
Торта за во микро ( вкусно како pop cake ) 4 лажици брашно 2 лажици шеќер 2 лажици какао 3 лажици млеко 3 лажици зејтин 1 ванила 1 јајце Се прави хомогена смеса од состојките, се исипува во една чаша за млеко. ( смесата прво е половина чаша, но потоа нараснува во микро ) 3 мин. на 1000W
Какао од тоа за готвење што е, што се пие како кафе? Или од оние за во млеко што се, од краш, милка...?
Рецептов ти е супер само малку го изменив внматре ставив парчинја крсено цоколадо и ги пецев во мали филџани за кафе БРЗО и ВКУСНО
Си мачкам кришки со маргарин и наросувам сирење(а може и кашкавал) и тоа се се топи во лепчето и се спојува, преубав појадок или вечера П.С. нема престан, го отвараат апетитот и можеш да се занесеш да изедеш многу
е баш сега си го направив и јас овај рецепт, ммммм прекрасно од смесата ми излегоа 4 филџани за кафе, јас во нив ја турив смесата, и плус на средина во секое ставив по една коцка бело чоколадо
ne li pukaat filganite za kafe vo mikroto nemam staveno jas samo pukam od pukankite [mod-kirilica:2ksv7lzw][/mod-kirilica:2ksv7lzw]
Девојки јас малку каснам ама сега видов...кажете ми за рецептот погоре што е за тортата, потребно ли е микробрановата да биде со грил или не? Сакам да ја правам ама мојата изгледа нема грил, пишува нешто таму auto cook за пица,за риба, за ориз, за шпагети...ама не видов никаде за печење