Јас за тортата во микро немав дома каккао и стаив иста количина само прашок за топло чоколадо и исто така не стаив ванила туку внилин шеќер и е преубавоо!!
Јас секој ден си правам сендвичи во микробранова и баш како што велите јадеш и нема крај,можам премногу да изедам. А сега ја прочитав тортата па да помине велигде и јас ќе ја пробам.
mene malku tvrda mi iskoci tortata za vo mikro, bidejki nemam od 1000w ja pecev na 800w 4 minuti, da ne sum ja prepekla malce ili takva treba da bide
Сакам утре да ја пробам тортата, ама нашта мокробранова е од тие дигиталните и има само за време, нема температура, на колку време да ја ставам.
Памелче да не ја проба тортава, оти и јас сакам да ја правам ама и кај мене микробрановата е дигитална, па ако си ја пробала да знам на колку мин. ја стави
Само што ја направив тортата. Толку едноставно, лесно и брзо а превкусно. Му се допадна и на моите, мајками дури рече дека ке барала некоја поголема чинија за да сме направеле поголема торта. Само јас би додала малце повеќе шеќер, не ми беше доволно благо.
Еве нешто и од мене вкусно е брзо и лесно.Без да изедам барем едно такво не одам никаде. Пица на парчиња Зимате леб на кришки,кришките ги мачкате само од една страна со маргарин, ставате кечап,кашкавал рендан,салама рендана и оригано и потоа за помалку од 3 минути си имате вкусна пица
Најчесто лепчиња со салама и кашкавал, но бидејќи ми е преубаво лепчето од микробранова често ја користам.. денес на пример си направив сендвичиња со кренвишли (претходно сварени) и кога ги извадив од микро им ставив и павлака над виршлите... се топеа в уста ммммммм исто брзо и лесно: ќе изматите 2 јајца, ќе ги посолите и в микро 1-2 минутки зависи од јачината, кога ќе ги извадите сечете ги на половинки и направете си сендвичиња со додатоци по желба јас студентски си ги правам со ајварче
Јас понекогаш си правам топено сирење,во мали количини Ставам сирење фета,после малце доматен сос,понекогаш ако имам ставам и кашкавал и оригано.На medium 3 минути Иначе ќе се испржи сирењето и многу прска
И јас го правам топеното сирење во микро.Само на 5 минути. Сиренце,кечап,врат,оригано и кашкавал,превкусно
4 лажици шеќер 3 лажици какао 4 лажици брашно измешано со малку прашок за печиво 3 лажици млеко 3 лажици масло 1 - 2 лажици еурокрем 1 јајце Може да ставите коцки чоколадо, лешници, ореви, некое овошје значи се по желба ... Подготовка: сите состојки се ставаат во чаша и се мешаат потоа се става во микробранова печка и се пече 3-5 мин. на највисоката температура. На крај може да украсете со шлаг пена, чоколаден прелив или некое обошје (пр. јагоди). Уживајте во оваа слатко задоволство и верувајте нема да зажалите
А за оваа тортава..Филџани за кафе ако ставиш во микробранова(најобични финџали од сервис)нема да распукаат,малку глупаво прашање ама се плашам да не им се случи нешто на финџалите а и на микрото.. ??Help!!
Јас сега баш ја направив!Превкусна е само што треба повеќе шеќер!!Во едно од филџанчињата ставив оревче..Мммм.. Другиот пат кога ќе правам,ќе ставам 3 лажици шеќер и половина пакетче ванила..Фала за рецептот.. И морам да кажам дека ништо не им се случи ни на микрото ни на финџалите
Сите керамички садови кои на себе имаат од онаа сребрена или златна боја на себе (претежно постарите типови на керамика се правеле со оваа боја), тие пукаат. Само тие садови не се ставаат, додека другите што се со обични бои може слободно да се ставаат . Исто не се става нешто метално (како лажичка, или друг прибор, или пак метални садови). Од нив може да се направи дури и експлозија и потполно уништување на микробрановата.
Еве еден брз,здрав и лесен рецепт за во микробранова.Јас го јадам како ужина или понекогаш како појадок.Се прави за 5 минути и вкусен е. Една чаша се полни до половина со овесни снегулки , се додава едно јајце , шеќер по избор и на крај можете да ставете дали боровинки , аронија или какво сакате овошје. Го мешате и го ставате во микро на најјака брзина околу 2-2.5 минути. Уживајте
Кубети Лебот исечкај те го на мали коцки ( онолку колку што сакате ) Ставете ги во длабок сад и потоа во микробранова на 800 вати една минута. Отворете ја микробрановата и оставете да излезе пареата, промешајте ги и зачинете ги по вкус ( бибер, пипер, оригано и сл. ) Вратете ги во микро на пола минута.
И на мојата нема вати туку се low, medium, high итн... една половина направив на највисока темп хај на 3 мин. за проба и ми излезе многу цврсто како камен А другата половина од смесата на медиум.хај ја направив и излезе таман како тортиче и одозгора и ставив бел еурокрем и убаво се растопи од жешкото и беше многу вкусно.
Чипс во микробранова Многу вкусен ама малку бавно се прават. Ги сечиш компирите најтенко што можеш, ја прскаш самата чинија која е во микрото, она стакленото што се врти со малку масло, ги редиш компирчињата, ама да не се допираат и посолуваш. За време неможам да ви кажам, кај мене зема 3 минути за едни, ама би ви препорачала да стоите на првите и да видите кога ке почнат да позлатуваат,тогаш се готови. Ако ви се уште меки додадете 30 секунди. Кога ке се оладат се уште покрцкави. Истото го правам и со јаболко и цимет.
Со оглед на ова Spoiler Луѓето, денес , умираат делумно и поради тоа што и понатаму јадат мртви намирници кои се убиени во микробранова печка. Тие земаат совршено здраво парче сурова храна, богато со витамини и природни лековити материи, а потоа го бомбардираат во микробранова и ја уништуваат неговата хранливост. Луѓето се единствени суштества на планетата кои ја уништуваат хранливата вредност на нивната храна пред јадење. Сите останати ја конзумираат храната во природна, непреработена состојба, но луѓето всушност заминуваат од тој пат за да нутритивно ја обезвреднат храната пред јадење. Не e ни чудо што се најмалку здрави цицачи на планетата. Во Русија, микробрановите печки се забранети уште од 1976 година поради негативните здравствени последици како што покажале многу студии кои се спроведени за нивната употреба. Забраната е укината по Престројката во раните 90-ти години. Можат да се најдат бројни документи кои се однесуваат на оваа тема. Изумот микробранова печка и нејзиното масовно усвојување од страна на населението се поклопува со почетокот на дебелината во развиените земји ширум светот. Не само што микробрановата станала погодна за конзумација на храната која ја поттикнува дебелината, туку таа уништува и многу корисни состојки во тие намирници оставајќи ги корисниците во состојба на потхранета прејаденост. Со други зборови, луѓето денес јадат премногу калории, но храната не е доволно богата со нутриенти. Резултатот е, секако, она на што сме сведоци денес: епидемија на дијабетес, рак, болести на срце, депресија, оштетување на бубрезите, нарушување на црниот дроб и уште многу други. Овие болести се последица од комбинација на потхранетост и изложеноста на отровни хемикалии (плус други причинители како што се емоционалните трауми, недостаток на вежби итн.). Микробрановите овозможуваат потхранетост речиси автоматски и изложеноста на отровните хемикалии лесно се постигнува, само треба да се јаде обработена микробранова храна ( се мисли општо на производите со додаток на токсични хемикалии кои дејствуваат како конзерванси, бои, засилувачите на вкус и сл.). Микробрановата, технички, е вид на храна која се добива со зрачење. Мислам дека е интересно што луѓето кои велат дека никогаш не би јаделе „озрачена“ храна не се колебаат кога е во прашење микробрановата храна. Тоа е иста работа (само различна бранова должина на зрачење). Всушност, микробрановите зраци изворно се наречени „радар зраци“. Звучи чудно денес, зар не? Но, кога за прв пат се воведени микробрановите во 1970 година, гордо биле рекламирани како радар зраци. Вие ја бомбардирате храната со високо интензитетен радар и таа се загрева. Тоа, во 1970 година, е видено како некое космичко чудо. Можеби, некој ден изумителот ќе создаде уред за загревање на храната која не ја менува радикално нејзината хранлива вредност, но да не се надеваме премногу. Веројатно, најдобриот начин за загревање на храната сега е едноставно користење на шпорет држејќи ја топлината што е можно пониска. Патем, микробрановата не работи на оној начин како што се рекламира. Но, механизмот со кој се создава топлина предизвикува внатрешно оштетување на осетливите молекуларни структури на витамините и фитонутриентите. Минералите се, воглавно, неизменети така што ќе го добиете истиот магнезиум, калциум и цинк во микробрановата храна како и во не-микробрановата, но сите важни Б витамини, антоцијани, флавоноиди и други прехранбени елементи се уништени од страна на микробрановата печка. Микробрановата печка е уред на живи мртовци. Луѓето кои редовно користат микробранова печка се на пат према дегенеративни болести и доживотна битка со дебелината. Колку повеќе користите микробранова печка, вашата состојба ќе биде сè полоша и веројатно ќе ви бидат дијагностицирани разни болести и ќе станете зависни од лекови, кои, секако, ќе создадат други здравствени проблеми кои доведуваат до големо спирално деградирање на здравјето. Направете си услуга: фрлете ја вашата микробранова печка. Заштитата на здравјето е ваша сопствена одговорност, на нас е да донесуваме одлуки за тоа што ќе купиме, подготвиме и конзумираме. Морате да се спасите. Овде се некои од најновите здравствени сознанија за микробрановата храна: 1. Микробрановата храна губи 60-90% од виталното енергетско поле и микробрановите го забрзуваат структурниот распад на храната. 2. Микробрановата создава канцерогени материи во млекото и житарките. 3. Микробрановата ги деградира основните материи на храната, што предизвикува потешкотии при варењето на храната. 4. Микробрановата ја менува хемијата на храната што може да доведе до нарушување во лимфниот систем и дегенерација на телесната способност да се заштити од канцерогените израстоци. 5. Микробрановата храна доведува до зголемен број на канцерогени клетки во крвотекот. 6. Микробрановата печка го менува распаѓањето на елементарните материи кога суровото, готвено или замрзнато овошје се изложува дури и на многу кратко време и за ова време се создаваат слободни радикали. 7. Микробрановата храна предизвикува желудечни и цревни канцерогени израстоци, општа дегенерација на периферното ткиво, распад на дигестивниот и секрецискиот систем кај статистички висок процент на луѓе. 8. Микробрановата храна ја намалува способноста на телото да ги користи витамините Б комплекс, витаминот Ц и Е, есенцијалните минерали итн. не користам и не правам јадења во микробранова печка.