Има теми за рецепти што се приготвуваат во Multicooker, Slow Cooker, во оваа тема да споделуваме рецепти само за Air Fryer. Воедно, споделете каков користите и дали сте задоволни. Дали некој правел крофни да сподели некој испробан рецепт? Ги има премногу на нет, но не можам да се одлучам кој да го испробам
Има веќе тема: https://forum.femina.mk/threads/air-fryer-готвење-со-жежок-воздух.30375/#post-4482258 Зависи што очекуваш. Предобро прави секаков вид на месо. Зеленчук така-така. Исто супер испаѓаат замрзнати ствари како мантии, переци, компирови крокети, пирошки, паниран кромид, нагетс, итн.
Какво месо? Јас стекот го маринирам со сенф, зачини, малку млеко, и после пола саат во маринада го печам во ер фраер, на 180 степени, прво 8 минути од едната страна, па го вртам, па 5 минути од другата страна, супер е, не е сув, идеално е печен.. Да не ти е превисока температурата или да не го печеш предолго?