Air fryer-готвење со жежок воздух

Дискусија во 'Дом' започната од GirlyGirly, 17 јуни 2019.

  1. GirlyGirly

    GirlyGirly Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 мај 2018
    Пораки:
    38
    Допаѓања:
    673
    Air fryer е уред кој што ги приготвува оброците на топол воздух без користење на масло. Според сите рецензии е многу здрав начин на приготвување на оброците.

    https://www.delimano.com.mk/delimano-air-fryer-aparat-gotvenje-topol-vozduh/
    Вака нешто.

    Ве молам за ваше искуство и мислење.
     
  2. macalavica

    macalavica Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 август 2013
    Пораки:
    724
    Допаѓања:
    624
    Пол:
    Женски
    И мене ова ме интересира
     
  3. Wdrhd

    Wdrhd Нов член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2019
    Пораки:
    8
    Допаѓања:
    14
    Пол:
    Женски
    Имам јас, само што не е Делимано, ист е скроз. Не ми е купен од мк. Презадоволна сум, храната е вкусна, брзо се спрема и е лесно за чистење.
     
    На SunnyGirl2 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Imagina

    Imagina Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 ноември 2014
    Пораки:
    107
    Допаѓања:
    103
    Пол:
    Женски
    Јас го имам дома, сега скоро добиен на подарок, и сум ок задоволна. Досега имам подготвено обични тенко сечени компири како за помфрит според упатството внатре, и искрено не ми имаа никаков вкус. Нешто измеѓу пржен и печен компир доаѓа, со сосема малку масло се прават, ама без зачини (најверојатно ќе паднат/изгорат зачините).

    И пилешко филе имам подготвено, сечено и малку истолчено, поховано во брашно. јајце и презла. Неколку капки имаа истечено во садот долу, така да не беше проблем. Првиот пат го правев непоховано и ми се пресуши. Значи си сфатив дека најдобро е нетолчено и поховано, на 180-190 степени околу 20 минути.

    Се на се, добра инвестиција ми изгледа, за диетални оброци е супер. Само да кажам уште дека кога ќе биде вклучен да работи шири навистина голема топлина наоколу, и најдобро е на празна кујнска маса да се намести и да нема ништо околу него...(апелирам да се чита упатството за употреба внимателно)
     
    На SunnyGirl2 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. kristii

    kristii Популарен член

    Се зачлени на:
    10 април 2010
    Пораки:
    1.644
    Допаѓања:
    1.688
    Здраво,ме интересира што се може да се готви во овај производ?Потчно дали може да се спремаат паховани работи како топли даски,односно да се паховаат зденки,маслинки,кашкавал?
     
  6. Sunday-Rose

    Sunday-Rose Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 декември 2010
    Пораки:
    343
    Допаѓања:
    115
    Пол:
    Женски
    А дали освен на делимано, имате искуство со друг air fryer и кои се поквалитетните што се достапни кај нас?
     
  7. Цвет88

    Цвет88 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 март 2017
    Пораки:
    2.534
    Допаѓања:
    15.774
    Пол:
    Женски
    Дека е поздрава варијанта од пржење во зејтин, е секако.
    Но јас не верувам дека се постигнува истиот ефект.
    Пржење и печење е различно, не па ова кое мене ми делува како само варено.
    Може зошто не знам какофункционира, ама дека компирите ќе се крцкави како при пржење, не верувам.
    Ете нека кажат тие што го имаат.
     
  8. martty06

    martty06 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јули 2016
    Пораки:
    43
    Допаѓања:
    120
    Пол:
    Женски
    Јас го имам, искрено незнам што би можела да правам во него. Имам правено брускети (супер испаднаа), стек ( многу сув ми излезе мене) и помфрит ( првиот пат сама го направив и беше полу жив полу препечен, следниот пат со купечки помфрит пробав и беше океј). Убава е замислата на самиот производ за поздрави оброци ама мене нешто не ми испаѓаат. Ако знај некој некое рецептче нека кажи. :D
     
  9. Caci Bt

    Caci Bt Нов член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2020
    Пораки:
    6
    Допаѓања:
    2
    Пол:
    Женски
    Zdravo,
    Jas imam od Delimano, i ne gotvam mnogu vo nego. Kolbasi se pravat preubavo. Teci masnotijata niz resetkata i se kako na skara peceni. Otkako se oladi sadot, masnotijata ja sobiram so salfetka i potoa lesno se mie, a moze vo masina. Gotov pomfrit so malku maslo se pravi ubavo ili obicni kompiri ama tanko seceni. Koga przite ili pecite nesto vo nego obavezno da se promesuva ili prevrtuva vo tekot na gotvenjeto.Od prilika na sekoi 5 minuti promesajte ili ocenete sami koga. Lisnatici od gotovite ( zamrznatite) mnogu ubavo se pravat, a imam ispeceno i piperki. Kapacitetot ne e golem, ama za nabrzina gotvenje e ubav i mene mi pomaga. Nemam gotveno nesto kojznae sto, ama od ova do sega ubavo e. Nemam praveno pilesko ili pleskavici, a sakam da probam .:)
     
    На macalavica и martty06 им се допаѓа ова.
  10. macalavica

    macalavica Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 август 2013
    Пораки:
    724
    Допаѓања:
    624
    Пол:
    Женски
    И јас го користам максимално,највеке за кифлички лиснати, компирчиња, варен компир па запржен со зачини, колбаси, кебапчиња, копанчиња, стек(со маринада), тиквички, модар патлиџан, печурки, кромид во презла смрзнат, топчиња едни од компир смрзнати, крилца, дури и омплет спржив.Многу е брз и многу практичен, вреди за секој денер, моментално ми е бр.1 у кујна, го користам секојдневно.
     
    На martty06 и Caci Bt им се допаѓа ова.
  11. Caci Bt

    Caci Bt Нов член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2020
    Пораки:
    6
    Допаѓања:
    2
    Пол:
    Женски
    Blagodaram za ideite koi gi spodeli :f:
     
  12. Dust

    Dust Game Over

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    8.676
    Допаѓања:
    136.592
    Како успеа омлет да направиш?8-|
     
  13. macalavica

    macalavica Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 август 2013
    Пораки:
    724
    Допаѓања:
    624
    Пол:
    Женски
    Во тавченцето со путерче и кашлавал.
     
    На Caci Bt му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Цвет88

    Цвет88 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 март 2017
    Пораки:
    2.534
    Допаѓања:
    15.774
    Пол:
    Женски
    И јас го земав и одличен е...
    Лиснато, кашкавалки, стек, компир, помфрит, стек, сланинка,печурки,пиперки,кришки со јајце, потпечени лепчиња
    .. абе се ставам таму и печам..
    Вечерва правев кашкавалки..
    Искрено не верував дека е толку добар. 20201021_204522.jpg
     
    На joy1 и Caci Bt им се допаѓа ова.
  15. macalavica

    macalavica Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 август 2013
    Пораки:
    724
    Допаѓања:
    624
    Пол:
    Женски
    Супер е што веднаш загрева за разлика од рерна, и ептен погодно за помали оброци на брзина.
     
  16. Компир Манџа

    Компир Манџа Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 ноември 2019
    Пораки:
    1.100
    Допаѓања:
    2.003
    Пол:
    Машки
    И јас сум во план да купам. Освен Делимано, кое друго го препорачувате?
    И дали освен компир, може нешто друго да се прави во апаратот?
     
  17. Цвет88

    Цвет88 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 март 2017
    Пораки:
    2.534
    Допаѓања:
    15.774
    Пол:
    Женски
    Има у нептун голем избор, јас лично мојов онлај го нарачав за 2999 ден а како што гледам сите на ист начин функционираат.
    Пишавме погоре, доста рецепти има за во него, односно се што се пржи или пече може во него...
     
    На Компир Манџа му/ѝ се допаѓа ова.
  18. macalavica

    macalavica Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 август 2013
    Пораки:
    724
    Допаѓања:
    624
    Пол:
    Женски
    Јас имам Делимано, и мислам дека е подобар во однос на други брендови.
     
    На Компир Манџа му/ѝ се допаѓа ова.