@Umbrella22 @anakonda88 оддамна не сум ја направила оваа торта... Ме потсетивте да ја направам наскоро!!! Точак торта Пандишпан 2 шољи брашно 1 шоља шеќер 1 шоља млеко 5 лажици џем/мармалад (кајсија, слива, мешан...) 3 лажици зејтин 1 лажичка сода бикарбона 1/2 прашок за пециво * шољата е од 200мл ** пандишпанот е без јајца (не заборавив да ги напишам!!!) Сите состојки се матат и се пече во четвртаст плек (од шпорет). Оладениот пандишпан се сече на четири идентични ленти. Крем 1 литар млеко 3 пудинга од ванила 3 жолчки 15 лажици шеќер 2-3 ванили 250гр путер / маргарин 150 гр шеќер во прав Во дел од млекото се помешуваат жолчките и пудингот и се додаваат во зовриеното млеко со шеќер. Во сварениот пудинг се става ванилин шеќер. Во сад се мати путерот со шеќерот во прав, се додава оладениот пудинг и убаво се мати за да се воедначи смесата. По желба во кремот се додаваат мелени ореви, лешници, бадеми (околу 200 гр) или ситно сецкани јагоди (за овошна торта). Филување Првата кора се мачка со крем, се замотува како ролат и се поставува вертикално во чинијата за торта. Втората кора се премачкува со крем и се „лепи“ околу на првата кора. Постапката се повторува и со преостанатите кори. „Изроланата“ торта се премачкува со преостанатиот крем и се украсува со шлаг пена.
Количината што ја мериме со една шоља изразена во грами е различна, зависно од тоа што мериме!!! Така да грамажата на 1 шоља шеќер не е еднаква на грамажата на 1 шоља млеко т.е 200 грами не се еднакви на 200 милилитри... Инаку во рецептот напишав... Измери се со иста шоља и не се „замарај“ колку грами или милилитри си ставила
таман работа да те карам, те разбирам на иста мака сме, јас уште 8 дена до благото преска само пробав торта не издржав тоа беше едно лажиче. Ќе видиме мојата мрза каква торта ќе си направи за 20-от ден
@RainBow мислам дека идеата на @Umbrella22 за новата тема беше поинаква од оваа. Може да се додаде само," ваши" идеи за рецепти со фотографии. Да не бидат копирани од нет.