прекрасен вкусен брз и здрав колач без печење: -2 големи зрели банани -100 гр.крупно сецкани ореви -60гр. какао -100 гр.отопен путер -4 г.лаж. мед. 1 ванилин шекер, кесенце -пола лаж. цимет -прстофат сол сите овие состојки се мешаат и се ставаат во помал четвртаст сад обложен со хартија за печење и се става во фрижидер барем пола саат да се стегне. Многу вкусно
Не знаев каде да го напишам рецептот, а тема ЕКЛЕРИ не најдов... ЕКЛЕРИ Тесто 1/2 литар вода 200 мл зејтин 300гр брашно 1 пециво 6 јајца Водата и зејтинот зовриваат, се додава брашното и многу малку сол (на врвот од ножот) и убаво се уедначува. Откако ке се олади се додаваат јајцата, едно по едно, цело време матејки со миксерот. Се додава пециво. Во намастена тава се обликуваат еклерите, но се внимава мегу нив да остане доволно простор за да не се залепат! Тестото се става во шприц и се прават облици по желба - „принцес“, долгнавести, округли... Во отсуство на шприц се обликуваат еклери со помош на две лажички. Во добро загреана рерна на 200 степени, се ставаат еклерите да се печат. Првите 20 минути не смее да се отвара рерната, за да не „спаднат“ еклерите!!! Потоа се намалува температурата на 100 степени и се оставаат еклерите да се допечат. Испечените еклери се сечат на пола по должина и се филуваат!!! Крем 1 литар млеко 10лажици брашно 18 лажици шеќер 4 жолчки 4 ванилин шеќер Во тенџерче се матат жолчките и се додава млекото. Во друг сад се мешаат шеќерот и брашното и се додаваат во млекото. Се вари на тивок оган додека да се згусти. На крај се додава ванилата и се филуваат еклерите. Глазура 10 лажици млеко 2 лажици какао 6 лажици шеќер 2 лажици зејтин Ова е многу стар „оригинален“ рецепт за еклери... Кремот се вари долго време, ама затоа е превкусен!!! Доклоку немаме време или „нерви“ за толку долго варење на кремот може да се свари како класичен пудинг, но внимателно за да не се направат грутчиња!!! ПС Фоткава е од нет, ама изгледот е најблизок до моите еклери