Рецепти и исхрана за оброци после тренинг

Дискусија во 'Фитнес' започната од Hipster, 2 март 2015.

  1. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.745
    Допаѓања:
    22.377
    Пол:
    Женски
    Мислам нема ваква тема, а сметам дека е неопходна.
    Само не знам дали требаше тука или во категоријата подоле, @RainBow нека одлучи.

    Сите знаеме дека после тренинг препорачливо е да се јадат протеини, но сметам дека тоа не е доволно само да се каже протеини, туку треба да се оформи еден здрав најповолен оброк.
    Сметам дека на телото после напорен тренинг му треба ревитализација, и со изгладнување после тренинг не се постигнува ништо.

    Пишувајте ги вашите оброци после тренинг, предлог рецепти за оброци, па макар да бидат и мали закуски и ужинки.
     
    На GirlLove, sonce555, Deemy и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. Elissa

    Elissa Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2014
    Пораки:
    2.403
    Допаѓања:
    21.733
    После тренинг може да изедам една салата марула со туна и пченка, некогаш малку пилешко, некогаш една јаболка. Оти обично тренирам покасно навечер.
    Девојките немаат потреба да ставаат мускулна маса затоа и немора многу да јадат после тренинг.
    Најдобро овошје е јаболкото и цитрон. Банани после тренинг никако, а најпепорачливо е јаткасти производи, бадеми, лешници, семки.
     
    На IamSexyAndIKnowIt му/ѝ се допаѓа ова.
  3. sonce555

    sonce555 Активен член

    Се зачлени на:
    23 јули 2014
    Пораки:
    84
    Допаѓања:
    57
    Пол:
    Женски
    После тренинг МОРА да се јадат протеини за да се нахрани мускулот, иначе само ќе се троши без да се нахрани....обично вечерам туна со марула, или пак урда со потпечен сусам и златна мешавина, или палента може со урда исто така...или таратур (во кој додавам и малце урда)...Добро ќе биде да се разработи темава, па сите да имаме поќе идеи. :D(y):muscle:
     
    На Hipster му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.745
    Допаѓања:
    22.377
    Пол:
    Женски
    Зашто никако банана?
    Јас па секаде читам дека бананата е најдобра за после тренинг...ме збуни сеа Елиса.
    И за мускулната маса, не знам зашто сите се у некоја заблуда дека ќе се напраат билдерки. Не знам што е работава.
    Јас порсно ништо не јадев подле тренинг и легнував мртва гладна. Немаше никаков посебен ефект тоа изгладнување.

    Мој предлог закуска за после вежбање, а може и за пред вежбање зависи.
    Оризови округли кексови(rise-cakes) и путер од кикирики на нив. Доволни се два и дваат многу енергија и заситуваат.
    Сега напшиот путер од кикирики е грозен во споредба со америчкиот ама проаѓа.
    Мене ми е супер комбиманација и држи сита.
     
    На Marossa и sonce555 им се допаѓа ова.
  5. sonce555

    sonce555 Активен член

    Се зачлени на:
    23 јули 2014
    Пораки:
    84
    Допаѓања:
    57
    Пол:
    Женски
    Така е Хипстерче, бананата е убава после тренинг одма, а после тоа и вечера....баш добар предлог ти е со путерот од кикирики :) закусче со едно такво кексче и после тушот вечера :D и јас бев во заблуда за тоа дека ке станам билдерка, ама се советував со фитнес инструктори, и прочитав многу статии дека е битно да се прави тежински тренинг, и дека е битно после вежбање да го нахраниш мускулот со протеини....т.е да имаш вечера богата со протеини...Сега си се држам строго до тоа :)
     
  6. Elissa

    Elissa Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2014
    Пораки:
    2.403
    Допаѓања:
    21.733
    @Hipster банатата е едно од најкалоричните овошја, убава е секако ама од сабајле да се јади а после тренинг не. Сега не е страшно ама ако веќе се придржуваме кон некои правила бананата не влегува во храна за после тренинг. А изгладнување никако мора нешто да се внеси во организмот, меѓутоа ако пред тренинг се внесила квалитетна храна после тренинг може и со полесна да се помине, салата и овошје.
    Јас за мене си кажував оти секогаш тренирав касно навечер од кај 20 до кај 22. Па после тоа не бива обилно да се јади.
    Инаку убаво е да се јаде и зеленчук малку сварен, пример брокула, моркови, пченка, и да се искомбинира со некое парче стек. Идеално :)
     
    На IamSexyAndIKnowIt му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Elissa

    Elissa Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2014
    Пораки:
    2.403
    Допаѓања:
    21.733
    еве еден добар оброг, риба со зеленчук
    11038397_730169497100654_2916304742695510170_n.jpg
     
    На Dzes88, Lovy1 и orchid28 им се допаѓа ова.
  8. butterfly *_*

    butterfly *_* Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 март 2015
    Пораки:
    32
    Допаѓања:
    147
    Пол:
    Женски
    :wasntme:Предлогот со рибата е ок . Сепак мислам дека зеленчукот да би бил сварен на пареа би бил полн погодок .Јаболко дефинитивно за мене најдобар избор...темава е интересна дајте предлози да се разработи темава
     
  9. Zumbulce9

    Zumbulce9 Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 септември 2014
    Пораки:
    98
    Допаѓања:
    508
    jas vezbam od 21 do 22h, a posleden obrok mi e maksimum 19, 20h. Jas samo magnezium pijam posle vezbanje. E sega dali e loso ili ne neznam :) inaku vezbam pilates, taka da , ne e nesto mnogu naporno :)
     
  10. m2m2m2

    m2m2m2 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2011
    Пораки:
    1.517
    Допаѓања:
    1.056
    Хроно исхраната е таман за во комбинација со вежбање, вечерата во неа се состои од протеини а и ручекот во најголема мера.
     
  11. MandyLane

    MandyLane Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2011
    Пораки:
    2.522
    Допаѓања:
    9.549
    Пол:
    Женски
    После вежбање најдобро е оброк богат со протеини, а количината на самиот оброк зависи од тоа што сакате да пoстигнете, дали сакате да билдате мускулна маса, или пак сте на некаков режим и држите диета, индивидуално, но факт е дека протеини се клучни. Јас најчесто после вежбање правам протеински шејк, со разни додатоци, и обавезно банана, затоа што иако е овошје и има шеќери како што погоре пишува, сепак е богата со калиум кој нели е добар за мускулните влакна. Е сега друга работа е ако сакате да ги избегнете шеќерите од бананата поради диета, тогаш друга храна богата со калиум е втора опција ( авокадо, сушено овошје, печурки ).

    Со оглед на тоа што темава е за рецепти за после вежбање, еве што се користам за протеинскиот шејк - млеко, банана, овесни снегулки, козја сурутка, мед и путер од кикиритки... Намерно ставам се' ова затоа што ми требаат повеќе калории, ако на некој целта му е обратна скратете било што, во секој случај е вкусно и што е најважно брзо и лесно и нема некоја филозофија околу припремање.
     
    На Hipster и sonce555 им се допаѓа ова.
  12. Marossa

    Marossa Популарен член

    Се зачлени на:
    8 септември 2012
    Пораки:
    2.380
    Допаѓања:
    6.862
    Пол:
    Женски
    Нешто од мојата професија да споделам,посебно за спортисти и оние кои тренираат:
    1.Според општите принципи на спортската нутриционистика, енергетските, структурните и другите метаболички потреби на спортистите треба да бидат задоволени со внес на 50-70% јаглехидрати, 20-30% масти и 10-20% белковини.
    Значи најбитни се јаглехидратите,поточно гликозата која служи за давањето енергија.
    2.После вежбање,прва работа е рехидратација,односно надокнадување на загуба на вода.Потоа следи надокнадување на јаглехидратите и минералите(посебно внимание на калиумот).Калиумот е потребен за синтеза на гликогенот.

    Во рецептите за после тренинг обавезно да има вклучено барем едно од следниве:
    •Кајсии Банана Јаготки
    •Сливи Вишни Цреши
    •Тиква Јаболка Грозје
    •Домати

    Еве еден пример за оброк после тренинг:

    Во првиот час после тренингот:
    Вода,банана и шака бадеми или ореви(20г)
    После 2-3 часа :
    Супа по ваш избор,може и со тестенини
    Месо-печен стек.Салата зелка и маслинки.
    Втора опција наместо месо:грав или грашок,ориз со варен зеленчук,или компир со печурки.
    2 парчиња леб(по можност интегрални)

    И уште ова.
    Протеините се користат како гориво само кај долготрајни спортови или интензивни, а кратки спортови,пример бодибилдингот,или во случаи кога се потрошиле јаглехидратните резерви..
    1 г протеини на килограм телесна тежина треба да се внесува.Многу билдери ги препорачуваат и ги сметаат за најбитни,но не смее да се внесува повеќе од 2 г/кг телесна тежина,бидејќи со тоа се зголемува количината на мочна киселина во крвта.
    Затоа протеинското надокнадување за спортисти се прави во фазата на опоравување,после направената рехидратација,реминерализација и реенергизација.

    Отидов малку офф,ама се надевам нема да замерите.
     
    На ♡BuBaLe♡, Hipster и do-re-mi им се допаѓа ова.
  13. crimson

    crimson Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 декември 2011
    Пораки:
    3.349
    Допаѓања:
    47.728
    Пол:
    Женски
    Баш се смеев денес со другарка ми во теретана, трчаме на трака и збориме што ќе јадеме после. Ќе почека телото за летово :D

    Јас обично вежбам сабајле, пред вежбање правам сок, после вежбање smoothie со се што ќе најдам по дома. Обично банана и некое смрзнато овошје, малини, јагоди :)
     
    На Hipster му/ѝ се допаѓа ова.
  14. IamSexyAndIKnowIt

    IamSexyAndIKnowIt Популарен член

    Се зачлени на:
    18 април 2012
    Пораки:
    954
    Допаѓања:
    1.718
    Пол:
    Женски
    Јас саκам да пρашам
    за лебот. Вежбам и пρавам κаρдио сеκој ден(почесто навечеρ), и внимавам на исхρаната внесувам помалκу κалоρии, значи помалκу јадам, и поρади тоа често чувствувам глад. Затоа ρешив да почнам да јадам и леб(интегρален исечκан). Пρашањето ми беше, бидејκи целта ми е да ослабам, κолκу паρчиња леб во еден ден можам(тρеба) да јадам?
     
  15. K.Mari4ka

    K.Mari4ka Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2011
    Пораки:
    1.342
    Допаѓања:
    1.139
    Пол:
    Женски
    Во никој случај не треба да чувствуваш глад, јади повеќе пати ама по малку и гледај тоа да не биде пржено или маснотии. На сабајле обавезно појадувај, нека биде тоа овесни + банана или мед, можеш јајце варено или нешто слично за да имаш енергија во текот на денот, ако до ручекот ти се пријаде касни бадеми, ореви или слично, можеш да се напиеш јогурт а за ручек гледај да јадеш салата многу и нешто поздраво јадење. Ако мораш да каснеш леб нека биде едно до две парчиња интегрален и ако веќе јадеш леб поарно нека биде за ручек отколку за вечера. Пак кога ќе осетиш глад можеш да јадеш бадеми или др. јогурт напиј се или касни урда и за вечера салата непто по лесно. Битно да не гладуваш, да јадеш ама по малце и здраво и секако мпиј многу вода. Избегнувај шеќер и сол. После тренингот обавезно касни протеин. За да ослабеш јади повеќе пати ама храни се здраво наместо да не јадеш и да гладуваш. Ова по мое, некој поискусен нека ме поправи или нека каже како подобро да се исхрануваш.
     
    На Neodlucna и IamSexyAndIKnowIt им се допаѓа ова.
  16. IamSexyAndIKnowIt

    IamSexyAndIKnowIt Популарен член

    Се зачлени на:
    18 април 2012
    Пораки:
    954
    Допаѓања:
    1.718
    Пол:
    Женски
    Фала. Инаκу се хρанам здρаво веκе цел месец ама ете тоа во последно вρеме ми се случува да осеќам глад, бидејκи поρано јадев многу леб и тестенини, сега воопшто не ги јадам, затоа и пρашав. :))
     
  17. Neodlucna

    Neodlucna Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 септември 2010
    Пораки:
    806
    Допаѓања:
    906
    Дали е добро после тренинг јогурт да се пие? Јас обично чаша јогурт со аронија блендирам и пијам а сега и си замрзнав и ко сладолед ми иде.
     
  18. kristii

    kristii Популарен член

    Се зачлени на:
    10 април 2010
    Пораки:
    1.644
    Допаѓања:
    1.686
    Сакам да прашам дали некој има пиено гроздов сируп? Разбрав дека било добро за после вежбање