@Serafima , одлично ! Многу ми се допаѓаат твоите и слики и готвачки сособности, кои се очиглено врвни ! Може рецептот за тартот ?
Благодарам за комплиментите мила @Abrakadabra . Еве и рецептче . Тестото за тартот го правев така, без мери. 250 гр. путер (или маргарин), 2 жолчки, 1 лаж. сол, 1 лаж. ракија, 1 пак. прашок за пециво и интегрално брашно (некаде помалку од 1/2 кг). Се замсува глатко тесто, доста меко. Откако се измеси, се сучи кора со дебелина од половина цм, се вадат кругови со помош на чаша или некој друг калап (или може да се сучи целото тесто, па да се обложи голем калап), па се стават во калапот за печење (калап за мафини). Долниот дел се боцка со нож или вилушка, за да не крене високо. Потоа се припрема филот: 1/2 кг. спанаќ, се мие и се обарува во врела вода, па се сецка ситно. Во него се додава сирење по вкус (јас ставив некаде 100гр), 2 јајца и 2 лаж. брашно. Од оваа смеса се полнат калапите. Додека од остатокот од тестото за да го употребам, со калапче извадив цветови и ги ставив горе. На крај се премачкува со белка., пред печење Се пече некаде 20 -30 минути, на температура од 180 степени.
Благодарам многу. Супер изгледа, а бидејќи сум љубител на пецива и тесто + зеленчук, ова е комбинација ((( БИНГО )))
Neznam dali go ima kaj nas,vnatre si ima biskvit,krema i zelatin. Biskvitot go podgotvuvam so margarin,kremata so mleko(kremata ima fkus na limon) i na kraj zelatinot so voda,potoa 2sata vo ladilnik i se servira. Mnogu e sveza i kremesta. Ako ja nema kaj nas mozam da vi nabavam pa za nekoj mesec koga ke idam mak ke se dogovorime za toa
Јас не сум видела таква по маркетиве. Едно време имаше едни грчки, мислам Yotis нешто така се викаа и имаше cheesecake и др. видови лесни за подготовка торти и колачи.Супер беа за набрзинка кога немаш време. Незнам дали ги има уште во Веро ?
Znam edno vreme nesto slicno na doktor oetker imase,ama kvaliteto ne im bese bas. Cameo se mnogu ubavi,najnovo im e torta od jagoda ama cekam da i simnat malce cena pa ke ja probam i taa. Isto i od kakao e mnogu ubava i cokolado.
@Lady Phoenix ајде те молам рецепта за колачот со јагоди. Бсш барам нешто такво да направам моментално, такво пенасто и воздушесто мх мх.
Бисквит колач со јагоди @Sky-butterfly, рецептава е ептен измислена и многу прилагодлива, некои работи и од око ги ставам, ама ќе се обидам колку е можно попрецизно да ти дадам мерки. 2 пудинзи од ванила 500 ml млеко (за пудинзите) ~400 g бисквити (јас преферирам од оние со путер, посните не се многу погодни за оваа намена) млеко по потреба за потопување на бисквитите јагоди 500 ml слатка павлака (хопла) половина маргарин Пудинзите знаеш како се подготвуваат: околу 400 ml од млекото се става да се загрее заедно со 6 лажици шеќер, а во остатокот од млекото во сад на страна се размешуваат прашоците за пудинг. Кога млекото ќе биде пред зовривање се додаваат размешаните пудинзи со мешање. Кога ќе се згуснат, се оставаат на страна да се изладат. На страна пенесто се мати половина маргарин со половина пакување шеќер во прав (може и помалку, не е страшно). Во таа смеса се додава изладениот пудинг и се мати за да се соедини. Е сега, за да биде се' лесно и пенесто, јас на страна матам 2/3 од слатката павлака и кога ќе се зацврсти (по 2-3 минути) ја додавам во смесата од пудинг и маргарин и матам да се соедини. Кога сето ова ти е подготвено, во една длабока чинија ставаш 50-100 ml млеко (може помалку ќе ти треба, може ќе треба да дотуриш, ова млеко никогаш не сум го мерела) и екстракт (јас ставив ванила во случајов) и во него ги потопуваш бисквитите еден по еден на неколку секунди и ги редиш на рамна површина по твоја мерка. кога ќе наредиш еден ред, го филуваш со кремот, а врз него редиш сецкани јаготки. Потоа ја повторуваш постапката додека не ти се потроши материјалот (ќе си распоредиш за да ти стигне, мене ми излегуваат 3 редови бисквити, се гледа и на сликата). Ако случајно ти остане малку од смесата со пудинг, врз најгорниот ред бисквити размачкај, ништо не се фрла. На крај, го матиш остатокот од слатката павлака и го филуваш колачот. Одозгора си украсуваш со јаготки. Толку е. Изгледа можеби сложено, ама е ептен просто и едноставно. Јас обожавам да го правам колачов со банани, па во тој случај употребувам пудинзи од чоколадо и одозгора рендам или посипувам растопено чоколадо, а бисквитите ги топам во млеко со рум. Има мал милион комбинации што можеш да ги направиш. Можеш да си додадеш и мелени јатки, ма што ти душа сака. По неколку часа отстојување во фрижидер, имаш освежителен и лесен колач. (ние не издржуваме, па веднаш сечеме ) Се надевам бев доволно јасна. Бон апетит и пофали се како ти излегол колачот.
@victoria, Пита со кашкавал 400гр брашно, 1 лажичка сол, 1 лажичка шеќер, пола пакетче сув квасец, млака вода за замесување. Тестото се меси, убаво меко да биде и се формираат 5 топчиња. Се оставаат да стасаат 20-30мин. Се зема едно топче, и се развлекува во форма на круг, се мачка со малку маргарин, и се става во округло тавче, с развлекува и второто топче, и се става врз првото. Се премачкува со маргарин. Се развлекува и третото топче, се става одозгора, се мачка со маргарин и се става рендан кашкавал. Се развлекуваш и четвртото топче, се ставаш врз третото и пак се мачка маргарин и се става помалку кашкавал. Се развлекуваш и петтото топче, и се ставаш врз останатите. Се зема потесна чаша и се вдлабнува на средина. Се подзасекува тестото во форма на + Секоја четвртинка се подзасекува на 4 дела. Се вртат два дела од четвртинката нанадвор. Од една четвртинка ќе излезат две плетенки. На крај излегуваат 8 плетенки. Се наросува сусам врз питата, се премачкува со едно јајце, па со маргарин и се пече на 250 степени додека да зарумени.
@Umbrella22, рецептот е погоре. И прилично вкусен е, да. Освежителен и универзален колач. Со какво сакаш овошје можеш да го правиш.