Карамел торта Лесна ефтина и највкусна Пандишпан 4 јајца 190 гр шеќер 10 гр ванилен шеќер 120 мл масло 170 гр брашно 2 лажици какао 10 гр прашак за пециво Се матат јајцата со шеќерот, се става се останато се промешува и де пече 15 на 180 степени. Фил 300 мл слатка павлака 220 мл карамел прелив од туба За прскање на пандишпанот 120 мл млеко Се мати сларката павлака до карамелот и се филуваат 3 те исечени кори. Јас карамелот го правев сама на начин што ставив во трнџере мало фулџанче шеќер и 3 мали фулџани млеко. Матев се дур не згусте. Па ставив во фрижидер конплетно да се олади. Мојот најголем шмек на тортата беше кафеавиот шеќер специјално наменет за кафе.
Млaд кoмпир гo миеш, гo лупиш стaндaрд и гo сецкaш тенкo нa кругoви. Пoтoa ги стaвaш вo длaбoк сaд кaде штo дoдaвaш мaслo, црвен пипер, црн пипер, сoл, кaри и сусaм, сетo тoa гo мешaш и нa крaј кoмпирите ги редиш вo тaвa и печеш. Сo зaчините мoже и дa експериментирaш, не мoрa дa се бaш oвие. Мoжеш и сo куркумa, лук вo прaв, oригaнo. Сo oвие јaс штo ги стaвив нaлутнувaa кoмпирите мaлку. И дa, дебелинaтa нa гругoвите ти ќе си јa oдредиш, мoже дa се пoтенки и дa бидaт бaш чипс, a мoже и мaлку пoдебели и дa ти испaднaт меки. Истo тaкa мoже дa ги јaдеш сo некoј сoс бидејќи мoже дa ти бидaт мaлку суви вaкa. Еве уште некoјa идејa кaкo би мoжелa дa ги нaпрaвиш:
300гр. мелени бисквити ги мешаш со 200гр.растопено буро (путер). Кога смесата ке биде соединета добро, ја ставаш во тавче и притискаш добро да се израмни. Тавчето го ставаш во фрижидер додека го правиш филот од: 3 јајца 100гр. шеќер 250гр. урда 250гр. маскарпоне 1лажица брашно Филот го додаваш врз бисквитите и ставаш да се пече на 180° 15-20мин. Одозгора може да ставаш по желба чоколадо или мармалад. Јас ставам мармалад од шумски плодови или домашен од сливи, така ми е повкусно.
Јас ги правев, ама толку знаев дека ако има квасец треба да стаса тестото, и ми искочија неуспешни, но имаа убав вкус, дома ги пофалија иако не беа стасани и воздушести, тука тнки како даски
Нордиски леб 100гр. сончоглед 100гр. семки од тиква 100гр. ленено семе 100гр. чиа 100гр. сусам 100гр. афион 100гр. ореви 100гр. бадеми 100гр. масло 100гр. вода 5 јајца, и малку сол Се ставаат прво сите семиња во блендер да се измелат, и после тоа се додаваат другите состојки (масло,вода јајца, и сол). После се става да се пече во калап на хартија за печење, и се пече се додека не почне од горе да се гледаат пукнатини
Тестото не е ништо посебно го правам без мерки. Квасец лажичка шеќер и топла вода да стаса па го додавам во брашното филџан зејтин сол и топла вода по потреба.Оваа од прилика за 1кг брашно +/-повеќе. Тестото да е многу меко и да стаса барем 2 пати да го размесиш. Стекот претходно исецкан ситно и одвечер во саламура.Млеко,масло,сенф,кари,сол,вегета бибер. Делиш од тестото делчиња и развлекуваш со раце со сукалка не ќе биде тврдо. со раце полека го шириш и му правиш форма,витките од страна гледај да останат недопрени за да се меки. Одоздола рендан кашкавал па стекот и оди на печење Откако ќе се испече премачкуваш со малку масло,преубаво меко тесто излегува,се надевам јасна бев
@orhideea eве рецепт па да може да се каже чоколадна Пандишпанот го купив готов, немам време за матење, печење..а може да се направи дома оди по некој стандарден пандишпан. Фил 1л млеко 400гр шеќер 2 пудинга од чоколадо 1чоколадо за готвење 250гр мелени бисквити 1/2 маргарин Плус за посипување на корите користев околу 150мл млеко и 2-3 лажици краш или несквик, може и капучино. Пандишпанот ми е многу сув па со млако млеко и краш го преливам така е посочен. Го ставаме прво млекото и шеќерот од млекото одделуваме малку за да го разматеме пудингот потоа го додаваме и вареме. Го ставаме и чоколадото.Кога ќе ја добие потребната густина тргаме од оган, кај мене не е многу густ затоа и користев мелени бисквити.Бисквитите ги мелам во ќесе и со сукало (детето ми се разбуди па не ги домелев убаво имаше и поголеми парчиња ама убаво испадна) Кога го тргам пудингот додека е уште топол го ставм маргаринот, се растопувам потоа и бисквитите и се филува. Се украсува по желба. Најважно мм ја ареса ммногу сочна била