@MamacitaBuena според овој рецепт одев Се решив да правам и првпат правам, првенче е . Разгледував повеќе рецепти и го најдов овој на фемина споделен од ситно сецкано. Се решив за печена варијанта и не погрешив. Одев точно по рецептот само глазурата ја сменив, ставив ванила бурбон, ја растопив на пареа со две лажици зејтин и озгора наросив кокос. Пакувањето беше 250гр јас ставив половина сметам доволно е. Убаво се олади во фрижидер па го пробавме. Превкусно, вистинска бомба од вкусови. Најбитно мм и ќерката ја аресаа, ќе се прави повторно.
Лесна е за правење, и јас вчера првпат ја правев, многу вкусна излезе. http://www.kolaci.biz/kolac-sa-visnjama-i-puding-kremom.html
Еве овде ми е објаснато како го правам тестото. Ова вртеното е од исто тесто, го развлечив на намрсена маса со масло и во должина ставив од филот со спанаќ и како ролат ја завиткав кората и ја извртив. За филот го направив вака: 500 гр обарен спанаќ потоа го пржев му додадов 2 јајца, сирење и малку јогурт ама искрено мене не ме бендиса филот а пак мажот ми го бендиса. Друг пат не би го правела спанаќот на тој начин најубаво е само обарен да биде спанаќот и кршено сирење си ставаш колку сакаш.
@danichap ако може во соодветна тема рецепт и постапката за чорбата, вкусно изгледа и сакам ново нешто со телешко да пробам малиот престана да јаде секако. Ни ќофтенца, ни печено во тава со зеленчук, ни компир манџа ми прифаќа веќе. Фала
Рецептот го изгуглав од интернет, од некој македонски сајт. Телешкото го валкам во брашно и го запржувам со путер. Ситно исецканиот зеленчук( целер, пашканат, морков, кромид, лук а по избор може и др. зеленчук) го потпржувам исто во путер. Предходно потпрженото месо и зеленчуков ги варам во експресен лонец. Можеш и само месото а зеленчукот да го додадеш покасно, ви тенџерето. Клучни се зачините. Јас ставам може 10 различни видови, заедно со екстра лукче, тие ми го даваат целиот шмек. Одкако ќе се свари се во експресниот префрлам во обично тенџере, со тоа што месото го ситнам на најситно пред да го префрлам со останатите состојки а додавам и ситно рендан кромпир за густина. По потреба, доколку во експресниот нема доволно чорба, од варачот за вода додавам жешка вода во тенџерето и дотурам од зачините. На крајот додавам и магдонос врз чорбата.
Црвен пипер плус овие( најчесто ставам од око, плус минус тие се, иако варираат. Спојлер Три врсти бибер, две врсти сол, кромид и лук во прав, три се мешавини од разни зачини. Заедно со пиперот, тие ми се основните. Останатите некако од навика напрскувам само врз чорбата.
700мл млеко да зоврие се додават 16 лажици шеќер и на страна растопен желатин две ќесички со еден филџан вода и тоа се додава се трга на страна да излади или во фрижидер. На страна се мати 400 мл млеко со 300 гр шлаг и се додава изладеното млеко. Се дели на три дела и се става што сакаш јас ставив бисквити,наполитанки и кокос и се става во длабоко преубава е за овој период
500 гр мелени бисквити 250мл слатка павлака 200 гр бело чоколадо 100 гр лешници Кокос за валкање Чоколадото се топи на пареа.Лешниците се мелат многу ситно. Во сад се ставаат бисквитите и кон нив се додава слатката павлака,лешниците и топеното чоколадо.Се меша многу убаво.Се остава кратко во фрижидер.Од смесата се прават топчиња и се валкаат обилно во кокос. Толку