Сега правев од месо само, бут мислам беше. Ама од се сум правела, па и со коска. Секако во експресниот убаво ке се свари, а потоа и ќе го расситнеме на мали парченца, со секакво мевце испаѓа убава чорба.
За тесто 350 гр брашно 1/2 свеж квасец пола лажиче шеќер прстофат сол 1 пециво 1 чаша млака вода Се замесува тесто од состојките и се остава да стаса пола час.Стасаното тесто се дели на две еднакви половини,за два ролати.Се сукаат тенки кори и врз нив се реди по 50 гр пршута,по 150 гр кашкавал едамер,листови спанаќ па се витка во ролат,се сечат вишокот краеви и се ставаат во подмачкан плех да стасаат уште пола час пред печење. Пред печењето се премачкуваат ролатите со жолчка,се става сусам оригано и сол па се пече на претходно загреана рерна на 220 степени околу 25 минути. Печени се попрскуваат со вода и се става крпа за да бидаат мноогу меки,а ако сакаш крцкави не треба. Мнооогу се вкусни!!!
@Someday Сосот е моја измишљотиња Пропржив на загреано масло стекче на мали парченца, ставив печурки, додадов томатело сос како на сликата на тивок оган, лукче, црн бибер, сол, малку оригано, на крај послужив со изрендан кашкавал
Ако може рецепт за панцероти да споделите? Ги гледав во Фемина Инстаграм мислам ама не знам кој имаше правено
@azelea тука ќе одговорам, тоа е колач печен во правоаголно плехче едноставен и вкусен. Ќе напишам и рецепт 3јајца 100гр шеќер 1пециво 100гр шеќе во прав 300гр брашно 1 ванила 180гр омекнат путер 125мл млеко лимонов сок по желба Јајцата се матат со шеќерот, потоа се додава шеќерот во прав,путерот,пецивото, ванилата, брашното, млекото и сокот од лимон.Се меша убаво и се пече може и во куглоф или во правоаголно плехче претходно омсено околу пола час на 180степени. Декорарирање по желба, јас ставив малку бои да биде шаренолико но слабо сум ги измешала .
@azelea да може слободно стави, доколку користеш малини, боровинки ќе добиеш прекрасни бои и повкусно ќе биде. Касно го правев немав такво овошје на располагање па разбив монотонија со боички.
Секако Се замесува меко тесто од 1кг брашно (по потреба се додава) , 1 свеж квасец, 1 голема шолја ( за чај) млеко, 1 голема шолја јогурт, 1 мала шолја (неполна) зејтин, 3 големи лажици сол и 2 мали лажици шеќер. Тестото веднаш се дели на два еднакви дела. На набрашнета површина се зема едниот дел и се дели на 7 исти топчиња. Од сите топчиња се расукува мали кори. 6 корички се мачкаат со коцка маргарин (кристал), а последната не се мачка. Многу е важно да се стави повеќе маргарин, мене ми оди цела коцка маргарин кога ги правам. Се става секоја од намачканите кори една врз друга (со мачканото нагоре) и на крај се поклопува со онаа последната без маргарин. Се расукува голема и тенка округла кора. Кората се сече на четвртинки а потоа од секоја четвртинка се сечат 5 исти делови (ако сакате големи кроасани може и помалку), не знам како поинаку да објаснам.. Се оформуваат кифлите и се оставаат да стасаат 2 часа на подмачкан плех. Постапката се повторува и со другата половина од тестото. Еве како се сечат и се ролаат. (Сликата е од нет)
Омилено брзинско јадење За две порции Во тава(длабока бар 3-4цм) запрживаш полна лажица брашно, додаваш мало лажиче црвена пипер, вегета, сол по вкус. Налеваш околу 800мл вода..мешаш до вриење и убаво да се направи хомогена смеса.. Врие околу 5минутки..додека уште врие се кршат директно јајцат, едно по едно. Се остава да врие но на потивко. Со лажица од кашата преливаме преку јајцата..колку и од озгора да бидат готови. Со сиренце на страна, брз летен вкусен ручек
@MamacitaBuena што е тоа, некоја торта со кокосот озгора (мислам кокос е). Вака ми изгледа освежително и вкусно. Кажи и ние да направиме
Тоа е ролатче правено со што имав дома,во калап 20×10цм. Најпрво ставив купен пандишпан на парчиња од Винчини и го полив со млеко за да омекне.Врз него ставив шлаг пена,банани и чоколаден прелив.Врз тоа уште еден ред со пандишпан и врз него шлаг пена,банани,кокос,мелени бисквити и чоколаден прелив. Па во замрзнувач околу 2-3часа. Не заборавај да го обложиш калапот или тавчето со прозирна фолија за да можеш да го извадиш полесно и да не ти се растури.