Да дополнам само дека не мора утредента да се прави глазура, може и по саат-два после ставање на тортата во фрижидер. И исто така овој пат пред редење на бисквитите ги потопував во млеко, исто е вкусна само побрзо омекнува. Па ако сакаш побрзо да ја пробаш, потопи ги *ги користам пудинзите на dr. Oetker што не се варат туку се матат со миксер и за една минута се готови.. многу е побрзо отколку варење па ладење на пудингот.
Оо па ова и свекрва ми го прави, ама ова твоето некако повкусно и посочно изгледа, мислев дека друг е филот, а тоа само пудинг да ти биде. Вечер и јас ќе направам, се чудам овие денови што да му правам на пудингот, а само пудинг не ми се јаде.
Пандишпанот е купен, ко прашок е додаваш само јајца, вода и масло и печеш. Откако се испече врз него се истура оладен пудинг од ванила со исецкани јагоди и врз него шлаг. Ептен лесно.
@danichap Ај те молам објасни ми ја процедурата за кокошка со компир печен Јас се се бунам, дали треба месо варено или живо, дали заедно ги ставаш или прво месото, па после компирот или па прво компирот па месо хуху, ме интересира процедурата, супер се испечени и кокошката и компирчето, па баш ме интересира процедурата, фала ти
Кокошката ја намачкав со зачини и со едно четче ја поминав со масло. Во тавата ставив вода, масло и истите зачини( 2-3 прсти висина) и покрив се со фолија. 1.5-2 часа се печеше под фолија а потоа ја тргнав фолијата и ги ставив компирите. Компирчињата исто се оставаат да се зацрват, јас си сакам покрцкаво ама ради детево не претерав. Набјудувам преку стаклото од релната до каде е за да знам да го вадам. Мевцето беше ептен кревко, кај мене малата се изнајаде.
@danichap ти ја видов сликата и решив грав да правам денес Може ли да ми кажеш како го правеше? Без месо ке е мојот.
Од вечер го ставам да кисне. Другиот ден го варам и првите три води ги фрлам. Во четвртата вода заедносо гравот ставам и сецкана чушка, морков и кромид. Зависи од гравот, на некој му треба 1 на друг 2 часа... Кога ќе биде сварен го тргам на страна. На ринглата ја ставам тавата(треба да може да се користи и за во релна и за на рингла, во спротивно мора во тавче па се префрла во тавата), во неа ставам масло и кога ќе се вжешти додавам црвен пипер и домата. Мешам се заедно во маслото кратко и тргам на страна. Во тавата каде сме го потпржиле пиперот и доматата додавам гравот и дел од чорбата. Ставам и зачини. Мене ми е нането омилено со грав. На крај ја ставам тавата во релна. Бидејќи гравот си е веќе сварен, по желба, односно дали сакате почорбасто или посуво, го ставам да чемрее во релната и вадам кога од око преку стаклото мислам дека е доволно.
Рецепт И кажи внатре остануваат празни за да можат да се полнат со крем како што ми стои на втората слика, така??
Некаде од нет го најдов, па си го испринтав. Финтата е да стасува на топло и кога ги редам парче по парче да стасуваат на работната маса, ги префрлам во тавата за пржење така што горната страна што била додека стасувале на работната маса да биде во тавата долна. Односно таа страна ја ставам во маслото. Се надевам добро објаснив. Потоа се прскаат со масло и им се менуваат страните секако. Инаку јас празни ги сакам па такви ги правам, претпоставувам може и да се полнат со крем.
@eli25 те молам пиши го пак рецептот за интегралните перничиња, мајка ти ти ги имаше подготвено, па после и ти ги спреми... Барав на темава од 90 стр наваму ама не најдов, а јас ги правев во јуни и знам дека згрешив зошто не оставив на стаса тестото и ги утнав. Одеше 800 гр интегрално брашно, и др не памтам.. А сакам за доручек да ги спремам утре кај моите, па да си изпазарам.
Благодарам Баунти торта Пандишпан 10 белки 10 лаж шеќер Прстохват сол 150 гр кокос 3 лаж брашно 1 пециво Измена за мојот рецепт беше со скратување од 10 на 3 лаж шеќер што сметам дека е сосема доволно и малку повеќе кокос Бирај од овие две што повеќе ти одговара. Фил 10 жолчки 100 гр шеќер 150 гр млечно чоколадо 150 гр црно чоколадо 100 грама неутрална павлака за торти 50 гр млеко 150 гр маргарин Глазура за одозгора врз торта 50 гр павлак неутрална за торти 100 гр бело чоколадо или повеќе по желба. Белките се матат со шеќерот и со солот накрај се додава брашното кокосот и пецивото се пече на 180 степени 20 мин. Кората се дели на 3 еднакви дела. Фил: жолчките се матат со шеќерот (по можност во мерениче) што потесна површина тоа поубаво. Се стават на пареа 10 мин па се става млекото и чоколадото. Се се топи и се лади на собна температура. Откако ќе изладат жолчките се згуснуваат бааги па се става изматрниот маргарин со павлаката и се соединува. Се филува кора , фил.. Па се премачкува со бело чоколадо.
Не е баш некој сос. Го сечеш пилешкото на потенки парчиња, го посолуваш со сол, вегета, бибер и кари. Потоа го валкаш во супа од печурки и во подмачкано со путер тавче редиш еден ред стек, печурки и рендан кашкавал, па ја повторуваш постапката уште еднаш. Ставаш малку вода колку да се покрие стекот. Печеш со капак, на 250 степени а потоа ќе го извадиш капакот и ќе намалиш температура. Ќе следиш да зарумени убаво, а да не е суво да има од сосот.