@MamacitaBuena рецепт од чизкејкот ќе може? И @SofiMar_ од таа со јагодите. Преубаво изледаат. Фала однапред.
Од 3 јајца се делат белките од жолчките и се ставаат во посебни садови за матење.Жолчките се матат со 1 лажица вода и 90 гр. шеќер додека не се стопи шеќерот и обеле смесата убаво.Им се додава малку екстракт од ванила и прстофат сол,додека матиме постепено се додава и 90 гр. изладен стопен путер и 100 гр. просеано брашно.Потоа се додава 375 мл млеко и се меша со лажица. Белките во другиот сад се матат додека не станат многу цврсти да не паѓаат.Такви се додаваат на смесата од жолчки и се соединува со лажица убаво да нема грутки. Нека не ве буни тоа што смесата е течна и нехомогена,таква треба да биде. Ставете да се пече во мало тавче а високо,за да се гледаат поубаво слоевите,јас немав такво па не ми излезе идеално. Се пече во претходно загреана рерна на 150степени,50 минути.
Женска колку бискоти е потребно? И за магичниот колач едно прашање, се декорира ли со нешто или само се пече и се јаде?
1 пакување мелени плазма ставив. Магичниот се декорира само со шеќер во прав ама јас ставив и бело чоколадо. Ти како си сакаш можеш.
На претходната страна во темава го има Само во првиот дел многу млеко е тоа 400 мл., јас ептен малку ставив па ми дојде многу течно па морав да додавам уште бискоти. Ако правиш додавај млеко постепено.
@Salome Од каде ги купуваш беби-пченките? Порано ги имаше во Веро и Рамстор, а сега никаде не можам да ги најдам А ги обожавам
Даааа, такви и барам Прати по Карго Во кој маркет ги има кај вас? Ги имаше и во Ск во поголемите маркети, ама последниве година-две не можам никаде да најдам.
Mamacita zedov da go pravam kolacot, ako si tuka pisi dali treba pecivo. Ne si pishala ama mi e strav nemoj da ne narasne.
За овие крофни ви се потребни : 500 мл. млеко или вода 1 кг. брашно 4јајца 150 мл. зејтин 1 свеж квасец - кој ќе го стасате (млака вода брашно прстофат сол и малку шечер и квасецот стојат се промешуваат пак стојат додека да нарасне квасецот) Се замесува.Тестото стасува Се сука кора и со чаша правите кругчиња ги редите по ред. Кога сите ќе ви се готови се пржат. Од првата земате таака таа че ви е потстасана малку не ја менувате нејзината форма нит сукате.