Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Рецепти од Фемина Инстаграм

Дискусија во 'Рецепти' започната од Cakica, 27 јануари 2015.

  1. Shelea

    Shelea Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    4.257
    Допаѓања:
    43.756
    @Rubiii се водев по овој рецепт:
    http://grid.mk/read/news/509263219/9367985/chorba-od-tikvi-i-kompiri

    со тоа што ставив пропржени семки сончоглед на крај и павлаката исто сосема на крај, не сакав да ми се изгуби низ варењето.
     
    На Rubiii му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Abrakadabra

    Abrakadabra Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 април 2015
    Пораки:
    1.468
    Допаѓања:
    20.043
    Пол:
    Женски
    За тиквици на Медитерански начин ти требаат:

    - Тиквички 2 - 3 средни ( тоа и зависи за колку лица )
    - 4 чешниња лукче
    - 3 лажици босилек
    - 1 лажиче мајчина душичка
    - 1 лажиче оригано
    - јас ставам и малку жалфија
    - 1 лажица Био - Зачин на Виталиа
    - 200 гр црни маслинки ( обескотени и сецкани )
    - 250 гр. павлака некоја покремаста ( јас правам бешамел и павлака комбинација )
    - 100 гр. пармезан
    - маслиново масло

    Лупиш тоа тиквиците и ги сечкаш на 1 цм коцкички. Ги ставаш во некој подлабок сад додаваш истиснатото лукче и сите зачини што ги набројав погоре, промешуваш убаво да се соединат. Додаваш тоа павлаката или бешамелот и пак промешуваш сето убаво. Огноотпорен сад ќе го намастиш со маслиново масло убаво, и ја сипуваш смесата. Печеш на 200 Ц. едно 25- 30 минути. Ја вадиш тавата 10 мин пред да заврши времето за печење и го посипуваш пармезанот да фати убава златеста коричка. И тоа е тоа !
    :party:
     
    На Sky-butterfly, joy1, Petar80 и 2 други им се допаѓа ова.
  3. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.213
    Допаѓања:
    56.857
    Пол:
    Женски
    @do-re-mi може рецепт за браунис?
     
  4. do-re-mi

    do-re-mi Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2013
    Пораки:
    1.056
    Допаѓања:
    16.014
    Секако @LivingGlam :) . Да предупредам дека има тиквичка во десертов.

    Оригиналниот рецепт е од овој блог:

    http://www.thebakerchick.com/2014/08/fudgy-zucchini-brownies/#_a5y_p=2174944

    Единствено го заменив белиот со кафеав шеќер, а за мерките користев онлајн конвертори. Ги печев во силиконски калап.

    Глазурата е комплетна импровизација. На тивок оган, истопив малку бела чоколада (околу 50гр.) со кокосово масло (3 супени лажици) и додав 1 кафена лажичка сок од свежо цвекло. Ако ви изгледа прегуста смесата, додадете уште масло.

    Го чувам на собна температура, во стаклен сад со херметички капак и останува сочен до крај (кај нас дома тоа е 3 дена :D). Ако решите да го чувате во фрижидер, препорачливо е да се извади барем 1 саат пред послужување, затоа што доста се стврднува.

    На здравје.
     
    На Abrakadabra, Sky-butterfly, irenna и 4 други им се допаѓа ова.
  5. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.473
    Допаѓања:
    201.299
    Пол:
    Женски
    Ау топ е колачов. Уште вечер го праам, па ќе се пофалам... само се мислам за фростингов... дали да го правам или не... пошто кај нас дома се забранети рафинирани шеќери во било каква форма, најмногу чоколадо. Не знам дали би го бивало овој прелив од рецептов со друг засладувач, малтекс на пример... ама тогаш да не ставам путер, што мислиш ти @do-re-mi ?
     
    На do-re-mi му/ѝ се допаѓа ова.
  6. do-re-mi

    do-re-mi Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2013
    Пораки:
    1.056
    Допаѓања:
    16.014
    @Annath види дали ќе ти се допадне овој фростинг:

    http://www.travelingspoonblog.blogspot.com.es/2012/02/divine-vegan-chocolate-frosting.html?m=1

    Многу чоколаден, веган, нема путер и функционира со секој тип засладувач. Сум го правела и со агаве и со кокосов шеќер. И во двете варијанти е превкусен.

    А, за измени во оригиналниот рецепт за фростинг, јас би го заменила путерот со кокосово масло и шеќерот со кокосов шеќер (го мелам во машинка за кафе додека не стане прав). Течен засладувач, би требало исто да заврши работа, но не сум пробала. Ако пробаш, сподели искуство.
     
    На Annath му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.473
    Допаѓања:
    201.299
    Пол:
    Женски
    Мене ми е најмногу поради шеќерот, тој е проблемот. Мислам дека со малтексот ќе е доволно течно, и доволно ќе се стврдне кога ќе се излади, да не мора да ставам путер, секако не е многу количински. Ќе пробам некоја варијанта, само нема кај нас кокосов шеќер, можеби во Биокулт да видам.
     
    На do-re-mi му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.473
    Допаѓања:
    201.299
    Пол:
    Женски
    Извињавам се за пост под пост, ама морам - го направив браунито со тиквички - и само едно ќе кажам - излезе чоколадна ПЕРВЕРЗИЈА! Направив пола доза, оти толку имав тиквички, место бел шеќер ставив дарк мусковадо, третина од напишаното. Малку бев скептична бидејќи ми беше прилично сува смесата пред да ги додадам тиквичките, ама кога ги додадов стана вистинско убаво тесто за браунис. Печев 25 минути, толку беше доволно, колачот е сочен како внатре да има растопено 300 г црно чоколадо.
    Преливот го направив со кокосово масло, какао, малтекс и млеко, без путер, излезе супер, малку потечен, не како на сликата.
    Ако ви кажам дека го правев синоќа во 9, до 9 и пол беше готово, до 10 маф се стори, со 7 души дома, ама дека пола направив.... нареден пат во тепсија ќе правам и ќе сликам, I promise!
    @do-re-mi, ти должам за рецептов, благодарам што го сподели!
     
    На Abrakadabra, kjukli, Giovanna и 7 други им се допаѓа ова.
  9. Lady Phoenix

    Lady Phoenix Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 мај 2015
    Пораки:
    2.033
    Допаѓања:
    58.308
    Пол:
    Женски
    Еве ме женски, се извинувам за доцнењето. :angel:

    Потребно:
    • 2 маргарини
    • 4 јајца
    • ½ l млеко
    • 1 тазе квасец (стасан на стандарден начин, во млака вода, со лажичка шеќер и лажичка брашно во покриен сад)
    • 4 раце шеќер
    • брашно по потреба (оди околу 1-1.5 kg)
    • цимет (по вкус)
    • ванилин шеќер (2 ќесички отприлика)
    • ореви (200-300 g, толчени)
    • дополнително шеќер за валкање
    Од дадените состојки (освен последните две) се замесува меко тесто (да се разбереме, меко, но да не се лепи, ако ме сфаќате) и се остава да стаса. Потоа, стасаното тесто го извлекувате во некоја долгнавеста форма и вадите топчиња со големина на орев. Ги расплескувате во елипсовидна форма. Во многу мелени ореви помешани со шеќер ги виткате во вид на кифлички. Се печат како обични кифли на 180-200 степени, зависи од рерната. Не можам да ви кажам колку време, секоја рерна е различна, но кога ќе забележите дека добиваат златна боја - готови се. За понеискусните - може да проверите со чепкалка (јас како лудак притискам нежно со прст на една кифличка и следам реакција на тестото; јака ми е методава, не ја применувајте вие :rofl:). Излегуваат две тепсии кои имаат големина на рерната, па бидејќи мене ми се многу, јас ја преполовувам дозата.

    *Совет: Не ги препекувајте, затоа што поради шеќерот може да бидат тврди кога ќе се изладат (а и во тој случај брзо стануваат суви).

    *Забелешка: Јас понекогаш ги правам со брашново Алтан, со нив пецива ми излегуваат помеки дури и после ден-два (инаку сакам само тазе пецива).

    *Предлог: Тестово е добро и вкусно и за да го направите со полнење. Нормално, ќе треба да ги свиткате поинаку од даденово за да не ви тече филот. Јас досега ги имам полнето со еурокрем и втора варијанта - со пекмез од сливи и афион. Во тој случај не ги валкам во шеќер и ореви, евентуално ореви може да ставам само врз оние со еурокрем. Несвест!

    Бон апетит, девојчици! :*
    (Па пофалете се :))

    [​IMG]
     
    Последна измена: 5 јуни 2015
    На mirandaa, IronLady, Jordanovska-K и 5 други им се допаѓа ова.
  10. joy1

    joy1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    19.772
    Допаѓања:
    324.690
    Пол:
    Женски
    @Adina
    8 големи лажици бело брашно
    8 големи лаж. Пченкарно
    2јајца
    Пециво,малце сол
    Голема чаша јогурт
    Пола чаша масло
    Спанак и сирење по желба зависи колку ги обожаваж

    Мешав се со вилушка и истурам во тостер специјален за вакви крофни :)
     
    На Annath, Jordanovska-K и Adina им се допаѓа ова.
  11. Adina

    Adina Популарен член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2013
    Пораки:
    1.048
    Допаѓања:
    8.016
    Пол:
    Женски
    Tenkju bejb :* obavezno ke probam,receptov lesen,bas ko za mene :D
     
    На mirandaa и joy1 им се допаѓа ова.
  12. joy1

    joy1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    19.772
    Допаѓања:
    324.690
    Пол:
    Женски
    На Natali.3 и sinorinJa им се допаѓа ова.
  13. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.473
    Допаѓања:
    201.299
    Пол:
    Женски
  14. Giovanna

    Giovanna Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2011
    Пораки:
    1.970
    Допаѓања:
    10.190
    @Shelea ако не е проблем рецепт за лазањата :mm:
     
  15. Sfera

    Sfera Популарен член

    Се зачлени на:
    14 септември 2014
    Пораки:
    479
    Допаѓања:
    2.416
    @Lady Phoenix ќе те замолам за рецепт од питата - превара:)
     
    На Abrakadabra, rainbowec, marama и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  16. Lady Phoenix

    Lady Phoenix Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 мај 2015
    Пораки:
    2.033
    Допаѓања:
    58.308
    Пол:
    Женски
    @Sfera, еве ја рецептата за питата-превара

    Точни мерки не можам да напишам, затоа што мајка ми прави се' од око, па и мене ме научи, ама еве отприлика како оди:

    1 прашок за пециво
    1 свеж квасец
    неколку лажици брашно
    минерална газирана вода (околу 400-500 ml)
    малку масло
    500-600 g готови кори (ако сте брзи и вешти - тенки, ако не сте - дебелки)
    (фил по желба, мојот беше со кравјо сирење, а често комбинирам сирење и рендан кашкавал, а може и со кашкавал и запржени печурки, мелено месо и слично, само секако да не е нешто водено)

    Во една длабока чинија (како оние за салата) ги ставате квасецот, прашокот за пециво и околу 350-400 ml газирана вода. Со маталка ќе го растворите сето тоа и потоа мешајќи ќе додавате брашно за да добиете смеса со густина отприлика како за класични палачинки (или мааалку поретка). На крајот ќе ставите малку масло (3-4 лажици отприлика) и ќе измешате. Тајната е во оваа смеса. Бидејќи е практично течно тесто, на крај прави користе да изгледаат како да се свежо сукани, а не готови (многу искусни жени се збуниле, па затоа ја крстив пита-превара :rofl:)

    Ставате една кора на маса. Ја прелевате со неколку лажици од направената смеса, во количество доволно за да ја премачкате целата кора (јас полевам со околу 4 лажици и потоа размачкувам со раце убаво, бидејќи корите ми се подебели, не сум толку вешта). После тоа ретко расфрлате од филот на половина кора и почнувате да ја мотате во ролна. Таа ролна ја мотате во полжавче и ја ставате во подмачкана округла тава на средина. Секоја наредна кора ја вртите околу тоа полжавче, од каде што сте застанале претходниот пат. И тоа е тоа. Ја печам на 220 степени (вие ќе видите според вашата рерна). Готова е кога ќе добие светла златна боја. На крајот од печењето, кога ќе биде готова, питата ја попрскувате со кисела вода и ја враќање уште малку во рерна. Ја вадите, ја прекривате некое време со крпа и после - ЈАДЕЊЕ! Оди со јогурт, ајран, таратор, павлака, што ви е мерак - тоа и, нормално, зависи и од филот.

    *Совет: Ако забележите дека нема да ви стигне од смесата за премачкување (некаде на половина, на пример), можете да додавате кисела вода и брашно и да ја „обновувате“. А ако ви остане, можете на крај малку и одозгора врз питата да полиете со лажица и тоа ќе си стане како тесто.

    *Предлог: Врз питата може да си поросите и некое семе пред печењето, ако сакате или пак да си ја направите во некоја друга форма (пример даден подолу :)).

    P1030686.JPG

    Добар апетит! :sun:
     
    Последна измена: 14 јуни 2015
    На Valentina.Vaki, girl-miri, duffi и 7 други им се допаѓа ова.
  17. Mrs.Bass

    Mrs.Bass Популарен член

    Се зачлени на:
    7 април 2012
    Пораки:
    897
    Допаѓања:
    7.318
    На Lady Phoenix му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Lady Phoenix

    Lady Phoenix Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 мај 2015
    Пораки:
    2.033
    Допаѓања:
    58.308
    Пол:
    Женски
    @Mrs.Bass, мила, еве линк од рецептата, многу убаво е објаснето (без промашај се прават):



    Предлози за намазот: Инаку, јас намазот го правам со блага пиперка (бидејќи не можам луто да јадам) и само со зелена, без црвена. А ги имам јадено и со кремаст бел сос со печурки и пилешко (може и малку кари за вкус). Ми оди и со некоја салса или ситно сецкано доматче со ситно сецкано пиперче, магдонос и маслинка. Прилично се неутрални, иако внатре има сол, така што слободно може и со некој џем или мармалад да се јадат, според мене.

    Одлично лесно јадење, иако навидум не е така затоа што се користи така, „малку повеќе“ путер, две се доволни за да се засити човек. Малку повеќе труд се вложува, ама на крај многу се исплати!


    Добар апетит! :)
     

    Прикачени фајлови:

    На anel, joy1, irenna и 2 други им се допаѓа ова.
  19. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.073
    @koritsaki што е овааааа???
    [​IMG]
    Давај брзо рецепт лиги ми потекоа :o
     
    На crazylady, sweety90, pamelche и 6 други им се допаѓа ова.
  20. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    18.515
    Допаѓања:
    106.014
    Пол:
    Женски

    мимс89 , чоколаден куглоф со кафе :D
    еве
    Состојки-
    -300 гр брашно
    -1 прашок за пециво
    -2 лажици какао
    -цимет по вкус
    -4 јајца
    -15 лажици шеќер
    -1 шолја млеко
    -125 мл масло
    -2 лажички инстант кафе
    -85 гр темно чоколадо
    -2 лажички ванила
    -малку рум
    -една рака сува брусница

    Подготовка :
    Во сад за матење се просејува брашното , циметот, пецивото и какаото. Во др сад се матат јајцата и постепено се додава шеќерот, млекото , маслото и кафето. Се соединуваат двете смеси и се додаваат чоколадото сечакно на коцки , румот , ванилата и брусницата. Калапот се премачкува со путер и посипува со малку брашно и потоа се пече во загреана рерна на 200 степени 15 мин а потоа се намалува на 180 уште од прилика 15 мин
    Се декорира по желба - јас дека немав друго чоколадо дома го премачкав кугловот со нутела :D и посипав малку сечкани ореви (y)
     
    На sweety90, Viktorijaaa5, Giovanna и 11 други им се допаѓа ова.