Мила кари сос е ништо особено,врз испржено пилешко истурив 500мл павлака за готвење,од зачини има бел,црн бибер,малце мускатно оревче и кари една лажица,некоја минута динстање и толку.Во чинијата одозгора има и пармезан,ама се стопи па не се гледа
2 јајца 150 гр шекер 1ванила 200 мл масло 100 мл јогурт 1 пециво брашно околу 280 грама овошјето е по избор мислам може и праски убаво би било мн јас горните состојки со жица ги матев не со миксер.Па истурам се во тавка и над тоа овојшето.Печев 25 мин на 180 степени (пертходно загреана рерна)
@theowndemon последниот рецепт, колачот дали е магичен колач од кој од една смеса излегуваат три слоја како на mamasatbuena, рецепт мислам има на претходната страна. Ако не е истиот кажи рецепт примамливо изгледа.
Да, да истиот е Мек и со три слоја, само немав помало тавче и секој слој е потенок и не се познаваат добро на слика.
@AnaKarenina може рецепт за американските палачинки? П.с превкусно изгледаат и ми се допаѓа декорацијата.. ми отворија апетит
@marta993 повели - 2 јајца - 250ml млеко - 200gr брашно - 1 лажица шеќер - 3 лажици зејтин - 1 лажичка прашок за пециво - 1 кесичка ванилин шеќер - малку сол Јајцата, зејтинот и млекото измешај ги во еден сад, а сувите состојки во друг. Потоа убаво измешај ги и двете, може и со жица за матење. Откако смесата ќе стане полугуста, остави ја неколку минути да отстои. Во тавче стави сосема малку зејтин да се загрее и со кутлача стави од смесата. Кога на горниот дел од палачинката ќе испукаат меурчињата, преврти ја од другата страна. Само внимавај да не ги правиш на премногу висока температура. После комбинирај со што сакаш, мене ми беа преубави со чоколаден крем, банани и малини Со овие мерки мене ми испаднаа точно 9 палачинки, ама тоа зависи од големината на кутлачата.
Секако Премачкав со мноооогуууу тартар сос,ситно сецкано свинско и малку пилешко мевце,пржени компири и кечап
@Natali.3 и @MamacitaBuena да се јават со рецепт едната за макароните, другата за тоа благцето.. Браво девојки
Мислиш на чизкејкот,така? Еве имам постирано рецепт веќе Само има измена на третиот слој,не го правев овојпат туку купив готов прелив од јагода.
Нема некој посебен рецепт за макароните (сама го смислив ), ама еве сега ќе го пишам. Макарони со сос. - 1 главица кромид (ситно насечкана) - неколку чешниња лук ((по вкус 2/3) рендан) - 2 пиперки благи (ситно сечкани) - 2 моркови (рендани) - 400 гр. мелено месо - 100 гр. шунка (ситно сечкана) - 1 паковање томатело од 500 мл. - 1 чаша домашна домата (нема потреба, ама јас ставив за поубав вкус) - сол - кари - вегета - масло - црн бибер - 1 ловоров лист - магдонос (ситно сечкан) - 1 кафено лажиче буковска (блага) - 2 кафени лажичина црвена пипер - 2 пакетчиња макарони (од кои биле, само да се подебели) - 250 гр. кашкавал (рендан) - 100 гр. бело овчо сирење (рендано) - Во тенчере се загрева малку масло и се става кромидот, лукот, пиперките и морковите малку да се подпржат. Откако ќе се подпржат се додава меленото месо, шунката, сол, кари, вегета, црн бибер, ловоровиот лист, магдоносот, буковската и црвената пипер. Сето тоа пржи, се додека стаса месото, односно да е готово, испржено. На крај се додават томателото и домашната домата. Врија додека да згусти. - Во друго тенџере се зоврива вода и се варат макароните. Се цедат и се оставаат да изладат. - Тепсија (бр. 40) се мачка со масло и се редат макароните исправени, се става белото сирење, се тура сосот и се става во рерна да потпечи. Се вадат, му се става кашкавалот и се враќа во рерна кашкавалот да се растопи. Печи уште 20/30 минути. Добар апетит.
Матиш 3 јајца со 200 гр. шеќер ,додаваш 200 мл јогурт,100 мл зејтин и екстракт од ванила,промешуваш.Додаваш 350 гр. брашно и едно пакетче пециво пак матиш со миксерот убаво. Го истураш во набрашнето тавче за печење и одозгора го редиш исецканото овошје.Се пече околу 40 минути на 180 степени.Ако имаш рерна со вентилатор,вклучи го пред крајот,ќе се добие убава крцкава кора.И наросуваш на крај со шеќер во прав и прелив од јагода ако имаш,ако не немора. Бон апетит