@Annath ако може рецепт за колачот со вишни. Преубаво изгледа.. не можам никако вака да го погодам јас, не знам каде грешам.
4 јајца се матат со 3 филџани шеќер да се добие пенлива воздушеста смеса што ќе се тегне. Со миксер се матат едно 10-15 минути, може и помалку. Се додава филџан јогурт, филџан масло, 3 филџани брашно и ќесичка прашок за пециво. Брашното и пецивото просеани да бидат. Се меша со шпатула внимателно, да не излезе воздухот. Се истура во подмачкано тавче (со масло и брашно). Одозгора се ставаат вишни, 500 г идат во рецептов. Се пече на 180-200 степени околу 15-20 минути, ќе видиш со чепкалка за заби дали е готово.
Солен ролат е тоа. Месам тесто како за кифли, брашно, 4 јајца, коцка квасец, малку сол, јогурт и малку зејтин. Количината на брашното и јогуртот сама ја одредувам. Тестото стасува и расукувам поголема кора, не многу тенка. Ја премачкувам со павлака, ставам сирење и маслинки. Кој што сака тоа може да ставе. Ја виткам кората испаѓа како штрудла и печам. Вкусно и сочно е. Неколку ролати испаднаа едни со мармалад други вака.
Свежи шампињони се исечкат и пропржат а потоа додавам смеса за готов сос од печурки и вода. Сосот е во прав на Кнор. Некогаш сама го правам,но во овој случај не.Поздрав
Блендирам 100 грама овесни снегулки, една зрела банана, околу 30 грама вегански протеини и една шолја растително млеко(јас користам најчесто од лешник и соја) и ја оставам смесата да отстои околу пет минути. Ги „пржам“ во тава која не лепи, па не користам масло. Измеѓу мачкам мармалад од малини, а одозгора ставам путер од кикиритки, чоколаден сос(јаворов сируп и какао/рогач на тивок оган) и чипс од кокос.
Благодарам да вкусни ги правам исто како и другите јадења може секако . за две пици средна големина мене ми беа потребни следниве состојки : околу 300 ml млака вода ставаме во сад каде ќе се прави тестото, мала ќесичка сув квасец ,две мали лажички шеќер,мала пола лажичка сол,мала лажичка маслиново масло, една чаша брашно и почнуваме да месиме.како се меси тестото ќе видиш ќе додаваш брашно уште 2 чаши големина околу оние за чај што се, значи околу 500/600 g брашно се на се ќе биде ,додаваш вода ако е потребно убаво се меси сето тоа.одкако ќе се замеси тестото се става во фрижидер околу 8 до 10 часа да ферментира. се вади на работна маса се меси повторно. се делат две парчиња се месат повторно се формираат (вештини за формирање на пицата ) ставаш посакуваната смеса се пече на висока температура околу 6 минути зависно од шпоретот и многу љубов се разбира . добар апетит
Од вечер се мешаат пола канче пасирани малини со две лажици чија семе и една лажица мед. Јас ја чувам смесата во тегла во фрижидер. Наредниот ден ја истураш теглата во чаша, сецкаш банана, бадеми и цимет наросуваш од горе.
@LiliBoz чизкејк е на втората слика без бисквит . Рецептот го има на линкот јас го изоставив бисквитот т. е. првиот дел и супер испадна. Инаку вообичаено го правам целосно и многу е вкусно. http://sitnoseckano.blogspot.de/2009/11/cheesecake.html?m=1
@Someonespecial ти благодарам,и уште само ова,бидејки нема наведено во рецептот,кој бр.на тавче користеше?