Куварска тајна и јас се чудев како во ресторани се толку совршени и прашав другар - кувар. Рецептата толку едноставна и лесна Ја сечеш на колку сакаш дебели кругови тиквичката. Во еден сад вода (со вегета, сол, зачин некој што сакаш), во друг сад брашно и брцкаш кругче тиквичка во водата па во брашното па назад во водата нежно и право на пржење. Значи тиквичка - вода со зачин - брашно - вода со зачин - пржење, нема утка и совршено крцкави се Пржам на 7ца (ринглата ми е 1-9).
Кришки леб (јас секогаш практикувам бриош, некако многу ми се допаѓа вкусот конкретно во овој случај), ги мачкам путер на надворешната страна а од внатре ставам кашкавал (овде смешав гауда и ементалер ама не ми се растопија еднакво). Сигурна комбинација ми е гауда и моцарела па во средина ставам некое парче шунка и потоа пак кашкавал и на крајот втората кришка лепче. битно е лебот секогаш да биде до кашкавалот оти кога се топи станува како лепак и не се раздвојува сендвичот. На крај ги запекувам во нелеплива тава и од двете страни и притискамн најчесто со тањир. Колку се распишав и усложнив чиниш рецепт за којзнае што е.
Amerikanski palachinki Se mati 1 golemo jajce (ili dve mali), se dodava 1 sholja za chaj mleko i 1 lazhica zejtin i se mati ushte malku. Vo drug sad se stava 1 sholja za chaj brashno, 1 pecivo, 1 vanila, 2 golemi lazhici sheker, maaalku sol. Se promeshuva, a potoa technite sostojki se isturaat vo suvite. Se mati so mikser da se soedini. Ke vidish kakva e gustinata ako e mnogu gusta dodadi mleko, ako e mnogu techna brashno. Ne treba da bide techna smesa kako za obichni palachinki tuku malku pogusta Zagrevash namrseno so salfetka tavche na pojaka temperatura a posle namaluvash na srednatemperatura i isturash na sredina po malku odsmesata (nepolna kutlacha) i sami se oformuvaat
Ништо посебно па ти. Кај нас мм не јаде спанак, па само за синко и мене и затоа малку правам. Го запржив кромидот, го додадов оризот, малку вода, сол и малку го издинстав. Настрана спанакот го обарив 3-4 мин и го исецкав. Ги споив оризот и спанакот, ги префрлив во тавче, долеав вода да ги покрие. Му скршив две јајца и го ставив во рерна да се потпече, односно дур испари водата.
1 јајце 100гр шеќер 100мл млеко 100мл масло 8 лажици брашно 1 пециво 1 ванилин шеќер 2 лажици какао Се се мати како за торта. На шпорет се става тенџере со вода. Водата треба да биде до пола на филџаните. Филџаните се полнат до пола со смесата и на среде се става по една коцка чоколадо. Кога ќе почне да врие водата се редат филџаните во тенџерето, се покриваат со капак и се оставаат да вријат 15-20мин. Превкусни се!
@♡BuBaLe♡ мила , палачинките се купени од маркет само декорацијата е моја.Јас имам правено ама пред две три години , баш овде на страната на фемина го најдов рецептот, побарај , многу беа убави.
@♡BuBaLe♡ @MamacitaBuena повелете рецепт,многу брзо и лесно а преубаво на вкус Направте па пофалете се со слика
Солени мафини Јас базата ја правам 3-4 јајца во зависност од големината, лажичка сол. 1чаша јогурт, 1/2чаша масло, 2чаши брашно, 1пециво..чашите се стандард шоља за чај од 200мл.. После додавам сирење, рендана шунка, рендан морков... Комбинирам по желба, вкус и тоа што имам во фрижидер спанаќ и сирење, пица - печурки, оригано, лажичка кечап, шунка...
Овошен колач 5 јајца се матат со 14 лажици шеќер, откако убаво ќе се изматат се додаваат 14 лажици млеко, 14 лажици зејтин, 2 ванили, 1 пециво и 17 лажици брашно сето тоа се меша и се става во плех озгора ставив кајсии од компот. Убав, сочен колач, ванилата му дава шмек а кајсиите киселкаст вкус, се на се добра комбинација. Озгора наросив шеќер во прав.
4jajца се бијат со 200гр.шеќер и 1ванила и му се додава 200мл.млеко и 200мл.масло сето го помешувам и затоплувам .Откако ќе го избијам 400гр.брашно и 1 пециво додавам. Кугловот премачкан со масло и ја тураш смесата повеќе од пола,а во остатокот додаваш 1до 2 лајци какао и го тураш на останатиот дел.Печеш во заграна релна на 200степени 20 мин.и го намалуваш потоа на 180 степени да извре смесата уште 25 мин.Откако е готово исклучуваш релната и по 5 мин.го вадеш и го покриваш со крпа ,за полесно да ти се извади ...чекај го прво да излади . Одозгора топиш едно чоколадо и го прелеваш кугловот.. Добар апетит !!!