Ако може @EMoonlight да го даде рецептот за мафините со банана, ореви и чоколадо? Прекрасно изгледаат, сигурно се превкусни, сакам да ги пробам.
Секако дека може, со задоволство Мафини 2шолји брашно Пола шолја шеќер Пола шолја зејтин Пола шолја млеко или вода(убави се и така) Прашок за пециво 2 јајца Ванила 1 банана Ореви и чоколадо по желба(може и нешто друго) Се меша се и се печат на 200степени. Може да се додаде и уште малку шеќер за повеќе благи да бидат (мене вака ми се таман) . Шолјите се по избор, во иста се мери се.
намазов стана популарен од групата здрава храна здрави деца инаку јас го правам со печен модар патлицан, лукче, сол , павлака, ленено семе, маслиново масло, има и други варијанти
Хаха не сум знаела дека и за деца е погоден,прилично соленко ми е да го давам Се пече модриот патлиџан излупен и посолен.Потоа се оди во блендер,модар патлиџан,павлака,лук,масло и ореви.Се си ставаш количински по вкус,како вам ви одговара.Нема да згрешиш.Можеш дури и малку мајонез да додадеш,јас не ставив. За крекерите месиш нелепливо тесто од 200 гр бело брашно и 200 гр пченкарно брашно заедно со 150 мл ладна вода,100 мл масло и додаваш малку буковец или црвен пипер и лажиче сол. Потоа го расукуваш многу тенко и вадиш форми,редиш на хартија за печење и печиш на 220 степени 20 минути. Врз нив стави си семиња по вкус,или само крупна хималајска сол пред печење.И набоцкај ги со вилушка пред тоа.
Ептен е хит таму, не знам дали си член во групата ама секоја втора мајка го прави, само што модриот го печат несолен така без ништо.
Мајок,не следам групи од мајки на фб,страв ми е Онака,одамна го знам рецептов и ми текна да го направам
Групaтa е oснoвaнa oд aвтoрките нa Бебе гoтвaч, супер кoриснa е , не е кo oние другине кaј штo се рaспрaвaaт кo бaби нa пaзaр
По овој ги правев, сите го бендисаа и дефинитивно ќе се прави често превкусно и брзо и лесно Спојлер: Рецепт
@H.VAGA Пилешко со печурки и павлака Го сецкам пилешкиот стек на коцки и го ставам во вода да постои. Печурките исто ги ставам во вода да постојат, а претходно ги мијам низ 3-4 води. Во делимано тава го ставам пилешкото со малку вода и многу малку зејтин. Напоменувам делимано, оти не се лепи пилешкото на тавата. Кога ќе зарумени, го тргам и ги ставам печурките. Ставам две големи лажици павлака. Од зачини ставам веѓета, црн пипер, сол малку(оти ставам повеќе веѓета), оригано малку. Го промешувам и го враќам на гингла со постојано мешање да се провари уште 2-3 минути. На крај, сервирање и уживање