Мирисот на јаболка и цимет секогаш ме потсеќа на есен За овој рецепт идеални јаболка се делишес црвени,бидејќи не се многу кисели и се ароматични,имаат посебен мирис.Ќе ти треба 1 килограм.На лажица путер се пропржуваат кратко 4 лажици кафеав шеќер,па му се додаваат сецканите јаболка.Се пржат додека не се стопи убаво шеќерот и целата смеса не стане леплива.Пред крај се додава лажиче цимет и екстракт од ванила. Чекаш да се излади смесава убаво,па ја префрлаш во блендер.Додаваш 150 мл јогурт и една лажица мед,па блендираш до совршено измазнување.Сервираш во висока чаша и попрскуваш мелени ореви,суво грозје и стапче цимет.Наздравје
@Arendelle бидејќи се многу малечки отворот каде што беше дршката го исполнив со смеса од кафен шеќер, мелени бадеми и цимет
На 200 степени во намастена тава со малку вода ставам да се печат компири рендани како чипс,зачинети по вкус. После 15-20 минути, во тавата додавам портокал исечен на крукчиња и врз него го ставам лососот со сол и рузмарин. Се печат заедно уште 20-30 мин(зависи од дебелината на лососот). Количината е индивидуална, јас за двајца возрасни и едно дете ставам 500гр лосос и 4 компири.
@Dust ме преварила Мамасита ептен убаво, сочно, жолта боја.. мене на Раванија ми личе ама ти кажи ни рецепт.
Раванија е 8 јајца, 8 лаж шеќер, 8 лаж.брашно, 12 лажици гриз, 1 ванилин шеќер, 1 пециво Прво јајцата со шеќерот се матат пенасто, па се додава гризот и пецивото, па брашното.. Се пече додека не се испече Шербет, 900 гр шеќер, 1 литро вода, 1 ванилин шеќер и малку сок од лимон.. Тестото ладно, шербетот врел... И така Најубава ми е од сите рецепти, исто правам и една со млеко ама не е оваа
За плех од шпорет или помало тавче? да знам во што да ја правам... макар што со 8 јајца може и во плех да иде сосема комотно...
Мојата е во делимано, 35х27цм ама можеш и во плех од шпотет. Иако мааалку потенко ќе ти излезе. Ама тука ја сакаат подебела
3 јајца 1 шоља млеко (јогурт) 1шоља зејтин 1ипол шоља брашно 1 пециво 150-200гр. кашкавал на ситни коцки 300-400гр. спанаќ претходно малку обоварен сол по вкус.
@MamacitaBuena тоа благото од последниот пост на фемина инстаграм што е ? Вака многу вкусно изгледа. Рецепт пиши. Успат и да те пофалам, вкусни јадење приготвуваш, јас од слика ги вкусив хаха мала шала, претпоставувам дека се вкусни.
Благодарам,и ти имаш вредни раце.Се што е вкусно за око,треба да е вкусно и за стомак Овој е рецептот https://moirecepti.mk/post/раванија-со-јаболка-без-брашно. Многу е вкусна навистина,нема да згрешиш ако ја подготвиш