Феминки, мислам дека е подобро при опис на рецептите да се ставаат и слики. Кој сака веднаш ќе го зачува рецептот со слика и текст, а и попрактично е да се сетиш за кој рецепт се зборува.
125г путер пенасто се мати со 125г шеќер, може кафеав или бел по желба, јас ставам 100 г кафеав и 20 г бел шеќер. Откако ќе се изматат убаво се додава ќесичка ванилин шеќер и едно јајце. После тоа, откако убаво ќе се измеша, се додава едно пециво, 300 г брашно и 100г сецкано чоколадо или ако имаш од оние капките што се специјални за кукис. Се замесува ровко тесто, се прават топчиња и се редат на хартија во плех. Се печат на 200 степени (претходно загреана рерна) околу 15-20 минути, зависно од рерната. Во мојата 20 минути е многу, следен пат 15 минути ќе ги печам, можеби и помалку, ќе видиме. Околу 20тина колачиња излегуваат од оваа доза.
Gi stavam predhodno izlupeni i isecheni kompirite i stavam malku maslinovo maslo, i mnooogu zachini. Od se shto imam doma gi redam vo plehche na hartija za pechenje i stavam vo relna. Nit voda nit nishto ne im stavam vo pechenjeto, preubavi se!
Шоља и пол кисела вода, шекер зависи колку благо сакаш од прилика помалку од пола шоља,две три големи лажици мармалад,едно пециво,малку зејтин и брашно по потреба.Некогаш ставам и мелени ореви. Од како ке се испечат додека се вруки се мачкаат со мармалад и после може да се стават мелени ореви,а може и растопено чоколадо. Само чоколадо се става од како добро ке се оладат. Тоа е тоа
Пилешки стек се сече на коцки се вари. Два до три компири исто се сецкаат на коцки. Се става домашен сос се пржи се додаваат компири и стекот оригано малку вегета,мелен коријандер и кога убаво ке се испржи се става пола лажица брашно се меша убаво и се досипува вода во која се варел стекот и во релна одма
Печена палачинка. 4 јајца, 300мл млеко и 6 лажици брашно се мешаат да нема грутчиња. Премачкуваш тепсија со маргарин и ја ставаш во рерна да се растопи путерот. Ја вадиш, истураш претходно направената смеса и печиш на 200с дури да порумени. Премачкуваш со што сакаш, благо, солено.
http://moirecepti.mk/post/торта-со-орев-и-капучино Еве повели ептен е убава и лесна за правење. Ова ми е втор пат што ја правам.
Кромит, стар и млад, лук, чушка, жолта и црвена паприка, морков, патлиџан, грашок...мислам дека тоа беше. Мисиркиното беше предходно варено во експресен за да е меко за детево.Што најдов во фрижидер, тоа. Секогаш варира според тоа што имам во моментов.