Овие се Buhtle, кај нас точно незнам како би се викале За тесто : 500гр. Брашно 50гр. Шеќер 20гр. Квасец свеж или кесичка 230мл. Топло млеко 30гр. Маргарин 1цело јајце и 2 жолчки 1лажиче рендана кора од лимон Полнење : Мармалад по избор или крем Декорација :Шеќер во прав Се замесува меко тесто, може ќе треба уште малку брашно ама треба да остане меко тестото, се остава да стасува во намастен сад 1час.Откако ќе стаса тестото се расукува со дебелина 5мм и се сечат кругови со сад/чаша за сладолед или тегла се додека не се потроши тестото. Секое се полни и се затвора убаво, се редат во тепсија со затворениот дел одоздола и не многу оддалечени.Стасуваат повторно половина час, па се премачкуваат со 70гр стопен маргарин, се печат на 180степени 25-30минути. Меки се и вкусни, за појадок или за со кафе, чај одлични .
Ke sakash da mi pishesh poraka da te prasham neshto da ne bidam off topic tuka? Probav jas da ti pisham imash zabrana
Рецепт за бомбици 200гр мелени ореви 200гр мелени бисквити 200гр коцка маргарин 100гр чоколадо за готвење 150гр шеќер 1 шоља млеко 2 жолчки 1 лажичка рум ( јас немав и не ставив ) Млекото, шеќерот,маргаринот и чоколадата за готвење се ставаат во тенџере на оган да се растопат. Кога ќе се стопат, се трга на страна и се додаваат жолчките, бисквитите и оревите и сето тоа добро се меша. Кога ќе се олади смесата , се прават топчиња и се валкаат во кокос. Можеш и во мелени оревчиња да ги валкаш. По желба.
Нема рецепт . Од око брашно, вода, масло и квасец во кесичка. Кога стаса тестото го намачкав со домата, напрскав со рендан кашкавал и ситно сецкано лукче.
https://popara.mk/2012/recepti/chokoladni-kocki-fantazija/ Повели Само овде пишува 1л хопла, ама стави пола затоа што многу е тоа. Јас одев по рецептот и малку го утнав преливот течен излезе.
Топло-ладно е ова погоре или грешка сум? Ако е тоа, ако сакаш пиши ми рецеп од него во лп сакам да го правам да пробам. Фала
Ова е суфлето во тенџере што вртеше на фб и нема кој не го направи. Еве го рецептот: 200 гр. шеќер 1 јајце 1 филџан зејтин 1 филџан млеко 8 лажици брашно 2 лажици какао 1 ќесичка прашок за пециво 1 ќесичка ванилин шеќер Се заедно се мати, се полнат филџаните до половина, се става во секој филџан по две коцки чоколадо за готвење. Филџаните се ставаат во тенџере со жешка вода (отприлика до половина на филџаните) се покриваат со капак, и откако ќе зоврие водата на тивок оган за 10 минути се готови.
Јас имам правено по овој рецепт: http://www.femina.mk/рецепти/популарни-јадења/чоколадна-лава А има и цела тема: https://forum.femina.mk/threads/soufflé-топло-ладно. @ilyan тоа е рецепт за суфле истиот што јас го постирав, топло-ладно или чоколадна лава не е исто.
Мислев за тоа прашува дека имаше некој ставено слика од суфлето. Иначе знам дека не е исто и јас правам често лава
Измешани се пудинг чоколадо, ванила и карамела, а втората смеса е во нутри правена со млеко, плазма ванила бурбон и ресани а на крај се става пена