1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Рецепти од Фемина Инстаграм

Дискусија во 'Рецепти' започната од Cakica, 27 јануари 2015.

  1. Valentina.Vaki

    Valentina.Vaki Популарен член

    Се зачлени на:
    12 август 2013
    Пораки:
    351
    Допаѓања:
    579
    Пол:
    Женски
    женски ај рецептот од баунти споделте го тука :) Тенкс :^::l:
     
    На Lady Phoenix му/ѝ се допаѓа ова.
  2. iskraFem

    iskraFem Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 ноември 2014
    Пораки:
    134
    Допаѓања:
    2.475
    Пол:
    Женски
    Какво сирење користиш за чизкејк?
     
  3. Abrakadabra

    Abrakadabra Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 април 2015
    Пораки:
    1.468
    Допаѓања:
    20.043
    Пол:
    Женски
    Овој конкретно ми е правен со крем сирење и фета. Јас не ставам јајца и не го печам..не ми се чека :o:
     
    На iskraFem му/ѝ се допаѓа ова.
  4. joy1

    joy1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    19.772
    Допаѓања:
    324.675
    Пол:
    Женски
    @anni93 како го спремаш сосот со печурки и месо ?
     
  5. Sfera

    Sfera Популарен член

    Се зачлени на:
    14 септември 2014
    Пораки:
    479
    Допаѓања:
    2.416
    @Abrakadabra ако сакаш пиши како ти се правени полнетите тиквички:)
     
    На Abrakadabra му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Abrakadabra

    Abrakadabra Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 април 2015
    Пораки:
    1.468
    Допаѓања:
    20.043
    Пол:
    Женски
    Ama mene mi e mirisot na svezo peceno pecivo neodoliv. Da ima parfem takov, odma ke si go kupam :lol:
    Davaj recetata !! :l:
     
    На Lady Phoenix му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Abrakadabra

    Abrakadabra Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 април 2015
    Пораки:
    1.468
    Допаѓања:
    20.043
    Пол:
    Женски
    Повели ^_^ @Sfera

    Полнети тиквици ( овие се без месо )


    За двајаца нека биде меркава, макар да јас со мерки сум скарана.

    Состојки:

    - 2 тиквички поголемки или 4 помали ( околу 500 гр )

    - малку сол/вегетета по вкус

    - 3 лажици ладно цедено маслиново масло

    - 3 до 4 чешниња лук

    - сос од домати т.н. пасата ( мене околу 200 гр ми беше доста)

    - павлака за готвење ( ја у овие заборавив да ставам и си беа супер )

    - лажиче насецкан босилек, малку мајчина душичка и оригано ( јас сакам тревки )

    - 4 до 5 лажици лебни трошки

    - гауда неколку парчиња за одозгора, ама може и фета и моцарелка.


    Подготовка:

    Се сечат по должина тиквичките и се вади средината со лажиче, да се направат како чамчиња

    тиквиците. Се посолуваат чамчињата и се остава да отстојат, а во меѓувреме се прави смесата.

    Во блендер или со пасатор во длабок сад, ставаш средината од тиквичките, со сите горе наведини состојки освен презлата и блендираш или пасираш додека не добиеш каша.

    Тогаш ја додаваш презлата и промешуваш се заедно за да добие погуста смеса.

    Ги полниш со сместата чамчињата од тиквиците ( ако ти остане вишок ќе ја ставиш на дното од тавата за печење) редиш во тава за печење и ги пропрскуваш тиквиците со маслиново масло.

    Одозгора се става по парче гауда( или што сакаш ) за да се покријат и се печат во претходно загреана рерна на 200 C околу 25-30 минути да заруменат.

    Е толку ..брзо и едноставно ! Ова се јаде и ладно и оди со бело винце.:inlove:
     
    Последна измена: 24 јуни 2015
    На Mama25, Lady Phoenix и Annath им се допаѓа ова.
  8. Lady Phoenix

    Lady Phoenix Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 мај 2015
    Пораки:
    2.033
    Допаѓања:
    58.308
    Пол:
    Женски
    Интегрални лепињи со семиња

    @Abrakadabra, јас ги правев на следниов начин:

    - 1/2 нараснат свеж квасец (имам пишано во претходен рецепт за понеискусните)
    - 350 g бело брашно
    - 150 g интегрално брашно (јас од Danubius имав дома)
    - вода по потреба (не знам колку вода ставив ниту приближно, само додавав постепено поради интегралното брашно, додека не замесив средно меко тесто)
    - 1/2 лажичка сол

    Тестото го замесив најобично и го оставив на топло да порасне барем 40-ина минути. Потоа формирав лепињи и ги ставив во плех со хартија за печење (иако печам на хартија, сакам да ја наросам со брашно). Ги засеков, со готварска четка ги намачкав одозгора со малку млеко и наросив сусам и ленено семе (сончогледот си го изел брат ми :lol:, како што кажав, инаку ставам обавезно). Потоа ги покрив со крпа и оставив да нараснат уште еднаш (минимум половина час). Ги печев на 220 степени (ама рернава е слаба, инаку можеби ќе треба да се намали малку), околу 20-30 минути: никогаш не гледам време, туку проверувам дали јадењето ми е зготвено (во случајов со чепкалка, сакам да бидам сигурна). Пред да ги извадам, ги намачкав уште еднаш со млеко (убава боја дава одозгора), ги оставив уште 2-3 минути, да се засуши и кога ги извадив - ги одделив од хартијата (инаку од долу остануваат влажни, би требало да знаат тие што печат на хратија), прекрив со крпа за да омекнат и кога се подизладија си реков - да пробам едно залче да видам што сум направила, ама од едно залче се претвори во цела лепиња што си ја изедов како десерт да беше.

    Ете толку од филозофијата. Кој како сака, така може соодносот на брашната да си го менува, сепак е работа на вкус. Може и разни семиња да си става одозгора. Јас не сакам внатре, со тестото да ги мешам, така лебот понабиен ми излегува. Вака беше воздушест и мек, а и денес беше одличен.

    Добар апетит! (y)
     
    На Annath и Abrakadabra им се допаѓа ова.
  9. Abrakadabra

    Abrakadabra Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 април 2015
    Пораки:
    1.468
    Допаѓања:
    20.043
    Пол:
    Женски
    [​IMG]
     
    На Lady Phoenix му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Kimora

    Kimora Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 октомври 2014
    Пораки:
    264
    Допаѓања:
    1.036
    Пол:
    Женски
    Ќе може ли да го напишеш рецептот? Превкусно изгледа. :inlove:
     
    На rainbowec, lovemme и Lady Phoenix им се допаѓа ова.
  11. duffi

    duffi Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2011
    Пораки:
    12.732
    Допаѓања:
    145.124
    @Oscar Lady рецепт за чоколадната торта.

    Со очи ја јадам...ммм...:smirk::^:
     
    На Oscar Lady и Lady Phoenix им се допаѓа ова.
  12. Oscar Lady

    Oscar Lady Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2015
    Пораки:
    1.202
    Допаѓања:
    6.380
    Пол:
    Женски
    Не знаеш колку е најсовршена и најјјпревкусна! :D Ти пишувам утре пораче:*
     
    На duffi му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Luna91

    Luna91 Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јули 2013
    Пораки:
    3.154
    Допаѓања:
    17.622
    Можеби Лејди го има пишано рецептот на тортата , не го најдов. @marama ако не ти е тешко пиши го пак :)
    [​IMG]
     
    На marama и joy1 им се допаѓа ова.
  14. Lady Phoenix

    Lady Phoenix Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 мај 2015
    Пораки:
    2.033
    Допаѓања:
    58.308
    Пол:
    Женски
    На marama, Luna91 и joy1 им се допаѓа ова.
  15. Luna91

    Luna91 Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јули 2013
    Пораки:
    3.154
    Допаѓања:
    17.622
    На Lady Phoenix му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Lady Phoenix

    Lady Phoenix Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 мај 2015
    Пораки:
    2.033
    Допаѓања:
    58.308
    Пол:
    Женски
    @Oscar Lady, поминав да видам рецептот дали си го оставила, ама гледам си рекла во порака ќе го пишеш. Ај, ако не е тајна, сподели го тука, зашто и јас се излигавив кога ја видов тортава :P, а бидејќи веќе некој го побарал, не сакав да се повторувам и јас со мислење. Ама ете, бидејќи сега сум принудена, те замолувам јавно да го ставиш :angel:.
     
  17. Oscar Lady

    Oscar Lady Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2015
    Пораки:
    1.202
    Допаѓања:
    6.380
    Пол:
    Женски
    Ќе го пишам рецептот девојки, не ве заборавам, знам..само не сум дома.. :) непланирано :)
     
    На Lady Phoenix му/ѝ се допаѓа ова.
  18. SunnyGirl2

    SunnyGirl2 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 ноември 2012
    Пораки:
    5.523
    Допаѓања:
    5.887
    Пиши ми гo и менеее. Едвaј чекaм дa јa вкусaм.
     
    На AnaKarenina му/ѝ се допаѓа ова.
  19. rainbowec

    rainbowec Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2010
    Пораки:
    810
    Допаѓања:
    5.126
    Пол:
    Женски
    Малце каснам со одговоров, се надевам нема да ми замериш.

    Потребни состојки за 3-4 лица:
    1 пакување тортиљи (јас ги купив од Кам а внатре има 8 тортиљи)
    2 пилешки стека
    700мл салса од домати
    1 лута пиперка
    1 лут сос/кечап од тие малите пакувања
    2 чешниња лук
    магдонос
    лимон

    Пилешкиот стек го посолувам и го сечам на пола за да бидат потенки парчињата, и го ставам во претходно загреана тава на оган (средна температура) колку да фати боја, а после 1 минута ја додавам салсата од домати.
    Ова треба да си крчка и да се динста, за да може пилешкиот стек да поприми од вкусовите и да омекне.
    Во сосот може да додадете и малку босилек, копар, чили.
    Потоа го додавам лутиот сос/кечап, и лутата пиперка исецкана на ситно.
    Промешувам и го додавам ситно исецканото лукче и магдонос, и оставам да се динста.
    После отприлика 30 минути ја тргам тавата од рингла, и почнувам да го цепкам со вилушка пилешкото на мали парчиња како конци, а потоа го враќам пак на оган и со поклопен капак динстам уште 10-15 минути.
    Сосот е готов, останатиот магдонос исецкан на ситно и лимонот на парчиња па сега сервирам.
    1 тортиља малку ја загревам во микробранова, може и во рерна ама вака е најбрзо.
    Така топла ја ставам на послужавник и почнувам да ја полнам, ставам ред од сосот од пилешкото но не премногу за да не се распадне бидејќи треба да се свитка, па одозгора ставам малку сецкан магдонос и стискам малку лимон за свежина.
    Потоа ја виткам тортиљата и спремна е за јадење. :)

    Буритава ми се хит, утре планираме пак да правиме со другарките ама поинакво бурито (со пилешко, пиперка, патлиџан и авокадо). :inlove:
    Го имам пробано во La Puerta и многу е добро, се вика пролетно ролињо па ние ќе си направиме наша верзија од тоа бурито.
     
    На Barbie20, lovemme, duffi и 3 други им се допаѓа ова.
  20. SunnyGirl2

    SunnyGirl2 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 ноември 2012
    Пораки:
    5.523
    Допаѓања:
    5.887
    kako izgleda pakuvanjeto od tortiljite,kade da go baram?