Ова е торта,само сечена уште не ја сликав. За тестото: 100гр путер или маргарин 120гр шеќер 150гр брашно 30гр какао 1 лажичка пециво 2 јајца 75 мл млеко Од состојкиве се меша тесто и се пече 30мин на 170 степени. Откако ќе се испече се вади средината на тестото,со тоа што се остава раб од околу 2 цм. Потоа во средината се редат банани како на сликата. Потоа се мати слаг и се меша со чоколадни трошки. Се мачка врз бананите. На крај одозгора се троши тестото од извадената средина претходно. Брзо се прави,а превкусен е. За да ти биде појасно напиши на YouTube Maulwurfkuchen и ќе ја видиш постапката.
Не е ништо посебно. Неутрална павлака (хопла) и оригано. Некогаш ставам и печурки и димена сланина, ама во моментот немав.
@duffi poveli 1/2 litar mlaka voda,1kvasec,12lazici zejtin,3lazici seker I 2lazici sol. Gi polnev so belki,kecap,sunka I kaskaval.
Кога си веќе тука, да те прашам дури не сум заборавила. Може рецепт за пастрмајлиите? Лиги ни истекоа, мора да се пробаат.
Мишелке повели. Тестото е на Фичо за пица. Не го стасувам само во фрижидер оти кај мене не беше успешно, туку на собна температура. Ако правиш само две пастрмалии на пола од ова доза е доволно. Месото оти немав време да стои во фрижидер, го крчкав 15мин со вода и масло и зачини. Пред печење ставив путер врз нив на двата краеви. Ако имаш маст уште подобро. Кога ги извадив премачкав со вода и масло на краевите. Печење на најјако 15тина мин. Мене ,,по бели,, како што е тестото на пицата испечено ми се виде повкусно. Ама и исцрвени, ич не се лоши.
Изгледа едноставно рецептов, а и фотографиите се одлични - мора да се проба кога-тогаш. Фала ти за триковите, да си истемпирам време за месење и ќе споделам ако испаднат фотогенични. Ќе се потрудам. И многу ти благодарам!
Коа бев во Норвешка јадев нешто слично па пробав да направам. Лебот го сечеш на пола и двете половини ги мачкаш од двете страни со маргарин па на едната половина ставаш/рендаш кашкавал, салама , печурки, оригано го ставаш во релна да се растопи кашкавалот( јас секогаш за вакви работи користам млечен кашкавал ), од кога ќе се растопи го ставаш другиот дел од лепчето и во релна уште 5/10 мин . Тоа е тоа
За подлога 250гр. кекс по избор 125гр. омекнат путер За фил 500гр. маскарпоне 250гр. крем сирење 150гр. кисела павлака 1 лажица густин 175гр. засладувач (шеќер, кафеав шеќер или мед, јас користев мед) 3 јајца 2 лажици сок од лимон - Ги мелиме кексите, го додаваме растопениот путер и добиената смеса ја распоредуваме еднакво во калап број 26. Оставаме во фрижидер да се стегне додека го спремаме филот. - Со миксер ги матиме сите состојки за филот освен јајцата. На крај ги додаваме јајцата едно по едно, притоа добро матиме до соединување. Смесата ја истураме над приготвената подлога. - Калапот за печење го обложуваме со алуминиумска фолија од сите страни и од долната за да не пропушта вода и го смесуваме во подлабок плех, кој го полниме до 2/3 со вода. Ставаме да се пече во загреана рерна на 170 Ц 45 минути. - Тортата после 5-10 минути полека со нож ја одлепуваме од калапот и оставаме целосно да се излади. Идеално е преку ноќ во фрижидер. Прочитај повеќе: https://moirecepti.mk/post/the-perfect-cheesecake