Прво го обрнувам. Ама не многу, околу 5 мин малку да омекне. Во 3 матени јајца ставаш 100мл млеко, 1 лажица вегета и бибер. Го валкаш карфиолот во брашно, во јајцата и пак во брашно и го пржиш. Многу е вкусно.
Можеш последниот пат во лебни трошки да го извалкаш и да го печеш наместо пржеш. Не одзема време а мн е вкусно.
Еден карфиол и една брокула се обаруваат во солена вода а потоа се ставаат во намрсено тавче, се додава врз нив исецкана сланина или друго нешто по желба. Во меѓувреме матиме 3 јајца со речиси цело канче кисело млеко, во смесата додаваме и вегета, оригано, може и др зачини по избор. Ги поливаме брокулата и карфиолот со смесата и по желба ставаме дробено сирење. Ставаме да се запече а пред крај го вадиме и ставаме одозгора рендан кашкавал. Превкусно
@Ivan4e04 рецепт за манџичката со диво месо.... И некој др рецепт ако имаш... Имаме вакво месо во повеќе количини ама домаќинкава не знае како да го спрема....
Колку цм дијаметар садот за печење пандишпан?? 400+200+200 чоколадо Ова е само за мене.. 200 јадам на едно седнување
Супер. За 10 минути работа и 20 минути печење имаш супер здрава ужина 3 јајца 100 гр шеќер (мед) (ако јаболката е блага и не мора) 140 гр брашно 3 лажички пециво 1 лажица млеко Прстофат сол 1 кора од лимон 4 јаболка (јас правев со зелена) Се матат јајцата со шеќерот, се додава брашното пецивото млекото рендана кора од лимон и солта, се сецкаат јаболката како сакаш по желба, се става во мало округло плехче последната јаболка се става одозгора и се пече во загрена рерна на 180 степени 20/30 мин. (Имај в обзир дека питата е мала, мојата е ко чинија, ако сакаш повеќе зголеми доза) Buon apetitto!!