Убаво изгледаат и баш помислив дека се баајги високи, крупни за пивски колачи а на тие ми личат, не дека не може и тие да бидат крупни ама така си ги имам зацртано.
Сега гледам слепец сум Само јајца и сирење и ги испеков со ништо не полевав @kikin се слагам. Или да се направи во целина темава.... Вака незгодно е. Модератори?
Доколку на повеке од Вас Ви одговара покраj рецептот да стои и сликата, ке го ставиме како правило. Мене ми е сосема ок. Како ке одлучите така.
Може да, попрегледно би било, вака гледаш рецепт, не знаеш што е, па да видеш на другата тема, па заборавиш и толку е таа. Вака ќе си го примени рецептот и некој што не го е побарал. Слика да ставе тој кој го кажува рецептот.
Ели по тамина,од око праз пропржив(4-5страка) додека убаво омекне.. Урда околу 300гр, 2 јајца.. Оставам малку да излади.(сакам кога има повеќе фил).. .правам смеса за мачкање на корите: околу 100мл млеко, 100јогурт,50-60 масло ,1 јајце и 1лажичка пециво. Една кора мачкам со 3-4лсжици од смесата, ставам друга кора.. Па на еднста страна ставам од филот долж целата кора и виткам како баклава. Така со сите кори.. Јас во две ролатчиња ставив и 3кори зошто се погодија многу танки. Ги редам коричките на намрсен плех.. Ги мачкам со остатокот од смесата. (2-3лажици се доволни дамо да се поминат) ставам сусам,ги сечам на големини како на сликата и печам 20тина минути на 180 степени.. Превкусни се.. Сигурно и со друг фил, спанаќ, блитва, сирење.. Но праз и урда мене ми е највкусно
https://m.facebook.com/story.php?story_fbid=1587237058004848&id=653964384665458&fs=5 Наместо босилок ставив оригано