@LiliBoz и останатите што ја правеа фамозната Лилибоз торта, каква чоколада ставате, планирам и јас утре да ја направам, па од која да купам, која дава најубав вкус?
јас користам чоколадо за готвење на Свислион, а млечната што оди во филот било каква. чекам критики п.с. немој само цела да ја правиш со млечна чоколада зошто помека испаѓа.
Чоколадите на Свислион се шеќерни табли, ч немаат од чоколадо, подобро земи ја чоколадата за готвење на Алпико од Кам или на Дорина, исто за готвење. Тортата ќе биде поубава со нив.
Еј фала ти многу, поодамна беше знам. Ќе пробам па ако испадне убаво ќе ставам Едит- Колку време се пече?
Тиквата да биде со средна големина .Се вари ,ја оставаш да се исцеди и ја пасираш.Во неа додаваш 3јајца,1фил.млеко,2ванили шеќер во зависност од блажината на тиквата и гриз додека добиеш густа смеса да ја впие влагата.Во плехче и печеш додека фати кора .Се сечи откако ќе се излади.
@winter flower moze recept od trileceto? (se izvinuvam ako ne treba da bide mislenjeto tuka , ne slum to tek so novostite )
Секако @EMoonlight . Гранола е еден од ретките рецепти што ги правам "на око" и ретко повторувам комбинација, но последнава тура толку ми се допадна што би било убаво ( и за мене) да си ја имам запишано. Еве што ставив овој пат: 80 гр овесни снегулки (стандардни, не од фините) 80 гр пуканки од амарант (ги купувам, но на нет има инструкции за подготовка) 80 гр печени лешници 1 с.л чиа 1 с.л какао 3 с.л кафеав шеќер 1 к.л цимет 1/4 к.л ѓумбир во прав прстофат сол 3 с.л кокосово масло 1-2 с.л мед Сувите состојки се мешаат во подлабок сад. На тивок оган се топат кокосовото масло и медот и се прелева смесата од суви состојки. Убаво се меша, до изедначување на смесата. Во меѓувреме се загрева рерната на 180°С и ставаме да се пече околу 15-20мин. Гранолата лесно гори, затоа препорачливо е да се држи под око. Лично, првите десет минути печам на 180°С и следните 5-10 мин на 120°С. Мојата рерна е со вентилатор. Состојките може да варираат, зависно што ви се наоѓа по дома. Важен е принципот (прелевање на сувите состојки со смесата од мед и масло) и печењето. Останатото е моментална инспирација.
Исто и јас. Вакво лудило немав пробано. Одозгора и бела чоколада и изрендав, како малку да се тие 800 гр Повели рецепт: Во пандишпанот додадов три лажици брашно и мн малку пециво. Во филот плус 50гр путер, многу ретко излезе, како слатката павлака многу да беше. П. С. Еве ти и мој рецепт за чоколадна торта, со јагоди е најубава. Немам слика во овој тел Нутела торта. Готов пандишпан кафен (3дела се во пакувањето), нутела, слатка павлака и јагоди. Прво нутелата ја матиш со малку слатка павлака да ја разретчиш малку. Од око се ставав, околу 500-600гр нутела и 100-150мл слатка павлака. Првиот дел од пандишпанот го премачкуваш со слатка павлака да омекне малку, па мачкаш од нутелата со слатка павлака, па редиш јагоди сецкани. Така и вториот дел од пандишпанот и третиот ја премачкуваш цела торта и одозгора јагоди цело кило ставаш Тортата е нутела - банана, ама е мн тужна со банана, па јас со јагоди ја правам, некако јагодите ја освежуваат.
@eli25 @orhideea Тортава/ колачов се вика да потрошиме што останало по дома , го измислив сама. Не се пече и се прави се за половина час. Ќе ви кажам "рецепт од прилика " па вие модифицирајте го по тоа што имате да дотрошите по дома . Подлогата е било какви кекси и бисквити што ви стојат отворени. Јас ставив некој chocolate chip cookie од жито лукс едно пакување, околу 100 гр. обични бисквити и околу 150 гр. некои божиќни бисквити со цимет. Е тие завршија работа ептен, многу убав шмек даваат. Се сомелено на купче, додадов околу 6 лажици млеко и 50 гр. растопен путер. Се меша и се прави подлога во калап или тавче. Белиот и црниот крем од др. еткер (види слика) Ги сматив по упатството со 300 мл. млеко и 50 гр. путер секое. Помеѓу белиот и црниот фил ставив сецкани лешници (околу 120 гр) Одозгоре растопив 2 чоколади (имав едно дорина и едно милка -млечни) Во фрижидер 2 часа (ако издржите) Сите го испофлија рецептов а не е ништо посебно за правење. *Имаат и жито лукс некои бисквити со цимет или какви и да имате мислам дека прави разлика на крај. Ако некој дотрошува по дома нека се пофали со слика