Во сад се прави смеса од урда, 100 грама мелени ореви и сув лут буковец по желба, се соединува смесата, не се пече туку веднаш се формираат бомбици.
1кг.брашно 1квасец 1лажиче сол 1лажиче шеќер 50мл. зејтин млака вода колку да се замеси. Го оставаш да одмори тестото 30 мин. го размесуваш и пак го оставаш да стаса околу 30 мин. Кога повторно ќе биде нараснато го делиш тестото на два дела и го растегнуваш како пишии (лангиди) премачкуваш со маргарин и ги замотуваш како кифлите. Го оставаш повторно да стаса, по желба го засекуваш одозгора, јас во едниот ставив и семиња (ленено, циа). Се пече на 200° околу 40-45 мин.
Ролат со џем @ines.h 1кг ,1квасец ,200мл масло 1 чаша шеќер.Се замесува со млака вода средно тесто.Се остава да кисни . Се дели на 4 дела .Се сучи од секое кора се премачкува со џем .Да скиснат и се печат . Одкако ќе бидат готови се премачкуваат топли со топла вода и шеќер. @saramila09 еве рецепт
Извини што се мешам јас ама го има пишано рецептот на предходната страна. Јас ги правев вчера. Сварив 1 пудинг (од ванила) и почекав да се излади малку па половина путер измешав внатре и го оставив да постои малку ама да не се стврдне. И имај во предвид дека ќе ти требаат многу ресани пошто мене ми остана од пудингот. Една ресанка ја сечеш на два дела на половина и на тој дел кај што е бисквитот мачкаш од пудингот и ги лепиш двата дела и валаш во кокос може и во шарени мрвици ако имаш. И во фрижидер да се стврднат малку и тоа е, превкусни се.
Две јајца, 400 мл кисела вода (може и обична), 400 мл млеко, 400 г брашно, малку сол, малку шеќер, филџан масло. Со миксер се мати, ама јас секојпат со рачна маталка ги правам. Прво јајцата ги разматувам со солта и шеќерот, па ги додавам млекото и водата, после тоа брашното, просеано, и постепено, со мешање цело време да не се направат грутки. На крај го додавам маслото. Е сега, ова е малку погуста смеса, па може да ја разредиш уште малку ако сакаш. Јас обично правам пола доза, доволно ни е. Инаку, по правило јајцата треба да се изматат како за пандишпан, да се кренат и да побелат. Ама јас не ги правам така, туку само ги разматувам. Иначе рецептот ми е од соодветната тема на форумов, на првите страни.
@chocolade како ти е спреман компирот, јас го обожавам па да пробам и вака, многу вкусно изгледа. Благодарам.
Вкусен и сочен А нема ништо посебно. Го печев месото прво со маслиново и ловоров лист. Потоа во таа водичка од месото што пуштило додадов компири и целер, сол, црн пипер и пак маслиново. Додадов и малку доматна салца. Моето е густо многу па го измешав со мала кафена шоља вода. Ако додавам по течен доматен сос вода скоро и да не ставам. Печено е во пекач, секако и тоа има удел за вкусот
80гр.брашно 30гр.какао 90гр.шеќер 1/2 пециво, сето тоа го ставаш на едно место. Додаваш 2 јајца и 120гр.растопен путер. Мешаш со жица да се соедини смесата, го печеш на 180° околу 20 мин. Додека кората се пече се прави филот од: 500гр.намаз (на друг начин не знам како се вика кај нас, ако најдам слика ќе ставам)тука е formaggio fresco spalmabile 200гр.урда 120гр.шеќер 1 ванила 3јајца 160мл.слатка павлака Сето тоа се става врз испечената кора и се враќа назад во рерна уште 40-45мин на 170° За одозгора загреваш 170мл.слатка павлака и ја налеваш врз 150-200гр.чоколадо (зависи колку си по благото) да се растопи и ја истураш врз тортата. На тој начин не се крши чоколадото додека ја сечеш тортата а има и сјај.