@toogood за кои колачиња точно мислиш? Тие со кокосот, тие сусамките или тие со крембананките насредина?
4 јајца се матат со 12 лажици шеќер да се добие воздушеста смеса, т.е да сменат боја. Се додаваат 12 лажици млеко, 12 лажици масло, 12 лажици брашно, ќесичка прашок за пециво и 100г кокос. Притоа се меша со маталка или шпатула. Се истура смесата во правоаголно намастено и набрашнето тавче и се пече околу 20-25 минути на 180 степени во претходно загреана рерна. Се вари прелив/шербет/глазура (како сакаш наречи го) од 400 г шеќер и 400 мл вода, да се стопи шеќерот и да згусне. Во врелата течност се додава 100 г чоколадо за готвење. Може и лажица какао ако немате чоколадо. Се прелива печената торта претходно исечена и набоцкана со вилушка одозгора за полесно да навлезе преливот. Одозгора може да се украси со шлаг.
Прво ги варам макароните. За пола пакетче ставив 3 јајца, 200 гр св.врат, сирење и 4 гол лаж павлака ги мешам со макароните и печам на јака темп.колку да се запече
Па требаше да биде... ама немав интернет... и ништо не бидна. Здравје. Мило ми е што ти се допадна, повели, има уште
Вака само за сликање ги распоредив печурките и кашкавалот на секаде хуху, иначе само на едното ќоше ги турам, го преклопувам стекот кој е чукан, и краевите ги дочукувам убаво да се залепат, нема потреба од чачкалици , после нежно валкаш во јајце и презла пржиш на загреано, и не паѓаат воопшто
Рецептот за ресанките во кокос валкани го имам пишано неколку страни наназад ама ќе го пишам пак. Само имај во предвид дека за овие слатки ќе ти требаат многуу ресени, зошто останува премногу пудинг. Вака, се вари еден пудинг од ванила и се остава 5 минути да се излади малку па се става половина коцка маргарин/путер и се меша се заедно смесата да се соедини. Секоја ресанка се дели на два дела и на делот што е бисквитен се мачка од пудингот и се лепи другиот дел, па се валкаат во кокос а може и во мелени ореви, чоколадни мрвици зависи што имаш. Нека отстојат малку во фрижидер и толку. Бомбиците од сусамки се прават со сусам и локум. Се става едно или две пакетчиња сусам во тавче на тивок оган и се меша со дрвена лажица. Ама се става значи само сусамот, ни зејтин ни ништо и се меша внимателно додека не се попече малку за да не изгорат зрнцата да станат црни. Кога ќе се попржи малку се додава локум по потреба, ќе видиш колку коцки ќе ти требаат за да стане густа смеса. Се меша сето тоа заедно и се остава неколку минути да се излади ама смесата треба да бдие густа. И се зема со рака се прават бомбиците и тоа е тоа. Другите колачиња се правени од исто тесто. Се зависи од тоа колку колачиња сакате јас ги правам вака. Ставам млеко во еден мал сад и бисквити кршам да дојдат исто со млекото и ставам половина коцка маргарин и ги мешам. Се става и шекер во прав, може помалку може повеќе зависи колку обожавате благо. Се меша сето тоа да се соедини смесата и да стане густа. Може да додадете по потреба и желе бонбони, мелени ореви или крембананки ама подобро е крембананките да ги оставите за крај.Се вари еден пудинг чоколаден се додава и тој во целото тесто и пак се меша да стане потврдо тестото. После во калап за ролати се става од тестото ама до половина калап и се редат крембананки и се става пак тесто до крај. Се замрзнува и се сечи по желба. Од истото тесто ми остана па ставив во друг калап и одозгора прелив со чоколадо. Се извнувам што доцнам со одговорот ама дури сега најдов време за интернет. Се надевам дека добро објаснив, ако нешто не е јасно слободно прашајте ме. Рецепт може ли?