^ обично кај тестенините стојат или кај оризот/гравот и сличните.Во шарено ќесе како за тесто за пица се спакувани тортиљите во Кам. Јас сакам да прашам каква салса употребуваш? Не експериментирам со новини, и држам до томатело, а тој е поредок- далеку од салса, па затоа прашувам каква користиш?
Оди во Кам маркет и прашај за тортиљите ќе те упатат каде им стојат и ќе си земеш, вака иначе спакувани се стандард во ќесичка полупровидна, имаше нешто црвено на ќесата и си пишува tortillas. 73 денари а внатре има 8 тортиљи.
Не користев томатело, не толку густа салса. Ја има по маркетиве во шишиња, има и со зачини и обична. Еве јас оваа ја користев, убава е.
Se izvinuvam sto upagjam vo razgovorov tortilji moze da si napravite i domasni lesno se pravat i se mnogu podobri od kupenite spored mene
Веднаш, женски! Е сега, кој сака внатре може да си стави за вкус цимет, а кој сака - каранфилче. Јас со цимет ги зачинувам, а во белиот дел секогаш ставам ванила за поубав вкус. Колачињата се како бисквитни, не излегуваат количински многу, ама се калорични. Одлични се за со чајче, какао, кафица, кој како си сака... Бон апетит!
Pa samo prasa dali e pravena... hehheee Tzaziki lesno se pravi, mislev deka site znaete Ako treba ke pisam, ne e problem
Eeeee..arno me potseti ! Jas denes prv pat gi pravev, ama receptot ne go zacuvav. Sea ke go pobaram, zosto i mene mi treba pa ke go pisam tuka.
Receptot za Arpaski pita lepcinja da ti bil od youtube, a bidejki treba da go preveduvam od videoto, eve go linkot
извини дури сега се уклучувам.Пилешко сецкано и сецкани печурки малку продинстани,па се оставаат да седат малце додека не омекне месото. На крај се додаваат зачини и павлака за варање на страна се става да проврие малку. И на крај сето тоа се меша. Место павлака може и со лажичка брашно помешано во малце млака вода.
Кукла, втората слика ми остана во очи. Ми изгледа како питулици, ама ме интересира дали се правени со палачинки, или пак со мекици, па потоа ги печеш во рерна, или на некој друг начин? Да е сега ова до мене цело ќе го изедам.
Хаха и да ти кажам искрено сите ги изедовме,трошка не остана Инаки да, ги правев корите како палачинки па со сирење и лук ги правев а може и без лук ако не сакаш. Одозгора масло,ги сечеш на коцки или како моите и на печење.
Го кажа кукла погоре рецептот- правиш палачинки, ама не им ставаш шеќер туку да бидат неутрални, и потоа ставаш палачинка, попрскуваш масло, па сирење, па пак палачинка и така се додека имаш палачинки. На крај се сече, се прска со масло и се става да се запече. Јас мислев да не се правени со мекици, наместо палачинки, тоа не ми беше јасно. Инаку вака ги имам јадено и се преубави, потсетуваат на ѓомлезе.
^^^ Ние тоа си го викаме боден дедо, се прободува на средина тоа четириаголникот, го правиме со обично тесто, не со палачинки
Zatoa i prasav, zosto ima variacii od ova dali e porazlicno od 'turi - potpeci' ? baba mi pravese takvo !