Nerazbrav ova so resankata sto se dvoi na dva dela. Horizontalno ja delis i vadis zele ili ja delis na pola (vertikalno ja seces)?
@toogood една цела ресанка ја сечеш на два дела и на едниот дел од бисквитната страна мачкаш пудинг и лепиш со другиот дел исто од бисквитната стран. Не и го вадиш желето туку фактички чоколадниот дел да биде горе и доле и се мота во кокос. Се надевамд ека е појасно?
E sega e pojasno. Blagodaram Izmini sto te macam ama mnogu slatko mi izgledaat, morav da pobaram dopolnitelno objasnuvanje.
@Acka22 ќе пробам да ти го кажам рецептот иако ги правев со ќерка ми по некое видео од јутуб: -200гр,маргарин или путер -1 шоља(од 200 мл отприлика)кафеав шеќер -пола шоља бел шеќер Се мати убаво па се додава 1 јајце,1 лајче сода бикарбона,на врв од лајче сол,парчиња чоколада(јас ставив пола црна пола млечна чоколада) и брашно по потреба .Јас ставив околу шоља и пол брашно. Се прават топчиња или се вадат со кугларниче за сладолед и се ставаат на хартија во плех на поголема раздалеченост оти во печењето се шират како кругови. Се печат 8-9 м на 200 степени. Меки се кога се вадат ама ако после се стврднуваат така да доволно им е толку печење.
Да,цел ден грицкаме уз кафето денес. Заборавив да спомнам доста се благи па следно би намалила на шеќер.
@Adi888 извини што касно ти одговарам но еве тоа е баник со спанаќ и урда обичен , купувам готови кори и смесата е спанаќ ,урда ,кисела вода и кисело млеко и редам 3кори па од смесата па пак исто и најодозгора го премачкувам со јајце и може да го декорираш со сусам и го печиш
@Natali.3 јас не го гледам рецептот или нема.. за детски роденден мислам ќе бидат супер.. те молам пиши го
Од срце @eli25 Милка торта (со мали модификации) Оригинал рецептот е со плазма потопена во млеко, бел крем, чоколаден крем, ама првиот пат некако течна ми дојде, па кората ја зедов од друга торта. Кора: - 300 г. мелен кекс - 200 г. мелени ореви(или бадеми) - 100 г. шеќер во прав - 100 г. маргарин - 200 мл. сок од портокал Фил: - 1 л млеко - 10 лажици шеќер - 3 пудинга од ванила - 2 лажици густин (може но не мора) - 100 г маргарин - 100 г бела милка чоколада - 100 г млечна милка Слатка павлака за декорација. Припрема: најпрво се спрема пудингот и густинот во литар млеко со 10 лажици шеќер. Се остава да олади, маргаринот се мати и додава лажица по лажица во пудингот до изедначување. За кората, се додаваат сите состојки наеднаш, освен сокот од портокал, може нема да е потребна целата количина, се меси како тесто и распоредува во соодветен калап. Се остава во замрзнувач, кратко, а во меѓувреме пудингот(со маргаринот) се дели на 2 дела, во едниот се додава белата милка растопена на пареа, а во другиот млечната. Многу детална сум, прости, за мене рецепти само вака, чекор по чекор. Bon appetit
срц ова е чоколадо за готвење стопено заедно со млечно и малку масло. внатре има чоко топчиња органски од зегин (не дека мора такви) и малку суво грозје. нема рецепт на бафтана го правев.. а