Дали може некој да ми каже како се прави супа од тиква? @danichap или @vitamina мислам имаа објавено слики во фи. Ако сум грешка извинете женски
Не. Во миксерот, кога ги миксам сварената тиква и останатите работи, додавам по желба павлака и зачини.
Рецептата е таа по СофиМар, единствено што сменив се бисквитите, путерот и млекото. Наместо нив додадов посни бисквити, кристал маргарин и вода. И ете посна верзија на оваа торта
Јас ја знам како сано торта и омилена ми е бидејќи е лесна за правење. Пандишпанот е купен па само за филовите ќе ти кажам. 1 литар сано сок 3 пудинзи од ванила 2 пудинзи од чоколадо 250 гр маргарин 250 гр шеќер во прав На оган се става да проврие околу 700 мл од сокот, а во преостанатиот сок се разматуваат пудинзите и се истураат во др сад и се варат поточно треба да се направи густ крем-пудинг . Во друг сад се миксираат маргаринот и шеќерот во прав ( треба да станат пенасти) и се истура изладениот пудинг. Јас пудинзите ги разделив со бисквити.
Домашно месено е. Иначе 1кг брашно, еден филџан зејтин и млеко, една лажица сол и шекер, и една чаша вода.