250 гр. путер, 200 гр. шеќер и 2 кесички ванилин шеќер се матат со миксер. Се додава 120 мл. јогурт и убаво се мати. На крај 500 гр. брашно. Се домесува со рака. Сукаш кора и вадиш фигури со калап. Ако сакаш да ги спојуваш со мармалад или крем направи ги потенки - околу 2-3 милиметри зошто нараснуваат уште толку. Се пече околу 10-12 мин на 150 Ц. Не треба да потемнат, штом заруменат на краевите- вади! Колку подолго стојат толку се повкусни, ама кој да чека
Овие се мрсните колчиња, од горе им напрвив icing со матена белка и шеќер во прв и мрвици. И овај е посниот рецепт, само шо од горе на првaта турa ставив парче банана, на вторта тура ставив мармалад од кајсија и на третата тура ставив коцка посно чоколадо.
Се прават како бомбици ама помали, се валкаат во многу шеќер во прав и се редат на хартија за печење. Се печат 10тина мин. на 180.
http://allrecipes.com/recipe/9870/easy-sugar-cookies/ Состојки: 2 3/4 чаши брашно 1 лажичка сода пола лажичка пециво една чаша добро намекнат путер, ако не е доволно мек идат камен тврди чаша и пол шеќер едно јајце и во рецептот стои ванила екстракт, јас ставив од банана и има многу специфичен вкус, не многу добар Подготовка: Се загрева рерната на 190 степени, и се мешаат сувите состојки: брашното, содата и пецивото и се оставаат настрана додека во друг сат долго се матат путерот и шеќерот дур добро се измешаат. Потоа се додава јајцето со екстрактот, се доматува, па се додаваат сувите состојки. Потоа се вадат топчиња кои се редат на хартија за печење која не е намрсена, самите пуштаат како мрсно и треба откако ќе ги извајш да ги оставиш околу две минути на хартија да поседат. Во рецептот пиши да се печат 8-10 минути, ама јас зошто вадев со лажица за топки од сладолед ми дојдоја големи па мораше поќе од 10 минути да ги печам за да не се живи внатре. Украс: Сакам многу да направам украси од белка и шеќер во прав, ама поради голема мрза со чоколадо кое го имам дома, скоро цело чоколадо ставив, со две лажици масло и го стопив и после само украсував де со мрвици, па со кокос и на крај направив и неколку со зелени светки кои случајно ми се најдоја при рака. Баш се лични да се украсат Божиќно. За така ги спремав ама неубаво видов во делот јајца. Не забележав колку изгледуваат, на линкот пишува 48 парчиња, ама претпоставувам од помали топчиња, а не огромни како моите. И брзо се прави, се одма се мати, се печи брзо и се тоа.
Повели https://www.coolinarika.com/recept/beli-i-zuti-rolat/ https://www.coolinarika.com/recept/slani-rolat-palacinka/ Солени крекери со фил од што имаш во фрижидер крем сир ,павлака, шунка,кашкавал,кисели краставички..да не емногу течен филот,повеќе на крем сир...ставаш од филот..лепиш два крекери од страните одма ги тркалаш во сусам и ги иставаш еден ден да си примат..пред да служиш малку павлака и горе ставив кикиротка во зачини како чипс. Превкусно а брзо
Знам дека сум досадна ама може ли рецепт за слаките? Да не се тие истите што минатиот пат барав рецепт? Тоа солени ролати ли се? Може ли рецепт?
Не знaм дaли е oвa истиoт рецепт нa @SofiMar_ aмa кaкo и дa е aкo не и е тешкo нa билo кoјa зa рецепт. Акo се рaзлични уште пoубaвo Прaвaм две тури
Пишав и во ФИ дека тортава е со три намирници и е доста вкусна 500мл. хопла 500гр. ресана 10 крем банани Се мати хоплата и се додаваат во неа исецкани на ситно крем бананите и ресаната. Украсување по желба