@Annath парената торта што ти беше пред извесно време, тортата да е оладена па се прелива со врел шербет или? Секогаш ме буни таа постапка...и шербетот колку да е густ? Благодарам
Јас се извинувам што каснам со постирање на рецептов. Еве рецепт за медената торта. Медена торта (посна) 6 филџани брашно 5 филџани шеќер (Можи и 4 филџани шеќер) 2 филџани масло (се' се мери со еден ист филџан) 500гр. кисела вода 1 кафена лажица сода бикарбона 2 кафени лажици какао 1 пакетче цимет Целата смеса се меша со лажица, се става во подмачкан плех и се става да се печи. 5 минути пред целосно да се испечи се вади тортата од рерна, се премачкува со мармалад (мармалад по желба) и се враќа повторно во рерна да печи уште 5 минути. Се вади и се премачкува со предходно стопено 1 чоколадо за готвење со 2 лажици масло. Се остава да излади.
Пица топчињата немаат посебен рецепт, јас го измислив. Се замесува тесто за пица, се остава да стаса. Откако ќе стаса тестото се дели на мали топчиња. Потоа топчињата се сукаат и во нив се става кечап, кашкавал, шунка, печурки, оригано. Се формира топче, се мачка со јајце и одозгора се става сусам. Се печи.
Млак пандишпанот, ама исечен на коцки и набоцкан со чепкалка за заби. Шербетот штом го тргнам од оган го истурам одозгора. За густина, па вака, кога на лажицата со која го мешаш ќе поминеш со прст и останува линија на неа, тогаш е доволно густ. Се надевам ме сфати.
Растопени чоколада млечни 3 и со 70%какао 2 малку крем и сецкани ореви и малку путер се мешаш заедно и ставаш во корпички можеш да ги декорираш со нешто.
Рокула, манго, авокадо, шери домати, пилешко. Сосот од маслиново, цеден протокал, цеден лимон, сенф, мед. Додавам сол и црн бибер.
Пoвели https://www.coolinarika.com/recept/pogacice-od-cvaraka/ Сaмo кoгa ќе ги прaвaм пaк не би стaвилa брaшнo вo чвaрките, би ги oстaвилa сaмo нив и би ги исецкaлa нa ситнo a не вo блендер дa се oсеќaaт пoвеќе. Истo тaкa мoјa препoрaкa е кoгa ќе нaпрaвиш "пликце" и ќе гo исукaш дa гo премaчкaш сo oмекнaт (не скрoз рaстoпен) мaргaрин или путер зa дa се листaaт пoвеќе- сите 3 пaти.
Ги имаш направено по рецептот на Биодевојка? Дали стојат неколку дена или брзо стануваат бајати? Знам дека ми е прашањево глупо , но лани направив прекрасни колачиња кои колку повеќе време стоеа- толку беа поубави, ама си го изгубив рецептот . Оваа година направив колачиња по друг рецепт, ама никакви ми излегоа