Да по рецептот на Биодевојка. Инаку стојат , и колку стојат повеќе се поубави (тоа е така за сите колачи што содржат мед )
250gr melena plazma se mesha so 100gr rastopen puter i 1 golema lazhica nutela. Ubavo da se soedini i se istura vo kalap i so lazhica se pritiska ubavo se izramnuva da stane kako biskvit. Posle nastrana se mati 500gr mascarpone i 400gr nutela, se istura vrz biskvitot i se izramnuva. Si dekorirash so shto sakash odozgore.
Сум ја правела, преубава е. На бисквитот додадов и рендана кора од портокал, посебен шмек доби @DAngel ќе може рецепт од интегралните мафини? Однапред фала
Леле Јас мафини секогаш правам вака: 1 јајце, 1 шолја брашно 1 шолја течност прашок за пециво. Остатокот иде по вкус. Значи во овие има: 1 јајце 1 шолја јогурт со ниска масленост 1 шолја интегрално брашно 1 ќесичка прашок за пециво. Малку масло (околу 3-4 супени лажици) Околу пола пита (150 гр.) рендано биено сирење Пола пакетче сончоглед Пола пакетче семки Околу четвртина пакетче ленено семе Сол не додадов затоа што сирењето ми беше ептен солено. Од оваа смеса излегуваат 12 средни мафини. Скалирај по потреба Јас вака правам секакви мафини, само менувам видот на течноста, брашното или полнењето. Ако течноста е погуста (на пример јогурт со поголема масленост) ќе додадам пола јогурт пола минерална вода. Ако течноста ми е поретка (млеко или минерална вода) ќе додадам уште малку брашно. После полнењето си го правам по желба. Многу убави се вака, интегрални со банана и темно чоколадо. Имам правено и со тиквички, со шунка, кашкавал и кисели краставички, и што ли уште не. Нема утка со рецептот, универзален е.
@eli25 @Mariangel @ines.h Девојки, се извинувам што каснам Потребни состојки: - 2-3 пакетчиња орео - 2 паковки маскарпоне ( кремата, таа што е во висока паковка, а може да се користи било кое сирење за чизкејк) - нутела голема - 2 чоколади нугат од Канди ( од по 100 гр) - путер - млеко - темно чоколадо - чоколадо за готвење - 1л слатка павлака - 3 жолчки -какао Подготовка: 1 слој: -Се дели белиот фил од ореото и се трга настрана. Бисквитите се мелат, се додава малу путер, малу млеко и какао колку да се добие смеса. Потоа смесата се става во тавиче за торта и во фрижидер да се стегне. Пред да се почне со другите слоеви, се мати 500 мл или повеќе од слатката павлака со маскарпонето. Е,зависи се од вкуд може и да додадете плус или одземете. Се дели на три дела смесата. 2 слој:- Во првиот дел од претходно поделената смеса се додава нутела и се мати. Нутела колку сакате може да додадете, ствар на вкус е. Се става во фрижидер да се стегне овој слој додека го правите другиот слој. 3 слој:- Се прави крем со 3 жолчки на пареа и 1-2 лажици шеќер. Потоа се додаваат 2 чоколади нугат и се меша брзо за да се направи убава смеса. Потоа оваа смеса се додава во вториот поделен дел од слатката павлака и маскарпонето и се мати. 4 слој: Во третиот поделен дел од погоренаведената смеса се додава филот кој претходно е одделен од ореото и се мати. 5 слој: Се додава чоколадата за кување, нутела колку што сакате, слатка павлака од око ќе видите колку треба и малу темно чоколадо. Ја би ви препорачала само нутела и слатка павлака, затоа што мене премногу јак овој слој ми испадна. Рецептата не е моја, ама направив некои измени. Тортата е превкусна Повеќе ми испадна ко сладолед торта него чизкејк,затоа што не се осеќаше кремот. Бон апетит П.С веќе кога сум тука,сакам да ми препорачате некој добар сир крем за следен пат кога ќе ја правам да се осеќа дека е чизкејк, а не сладолед торта
Повели 4 јајца 2 чаши шеќер(заедно добро се мати) 2 чаши млеко 2 чаши зејтин 1 чаша какао Кога ќе го изматиш тестото од него ќе извадиш една чаша поголема и ќе ја оставиш на страна. Остатокот ќе го ставиш во правоаголна форма и се пече на 180 степени,отприлика 30 мин ( најдобро да се проба со чачакалица). Откако ќе се испече,додека е уште топло се прават дупчиња во целиот колач и чашата на страна што ја остави се посипа одозгора и се остава убаво да упие. Потоа одозгора може да се посипе по желба,јас ставив чоколадни трошки и бадеми. Малата чаша е за мерите горее (околу 200мл е отприлика) ,а во поголемата се вади тестото за одозгора.
Замесив тесто од 1 кг брашно, 1 јајце, 3 лажици густ јогурт, 100 мл млеко, и во 150 мл вода растворив квасец 20 гр и 5-6 лажици масло и сол. (Вода во месењето си додадов уште, ќе сетиш ако треба уште) Оставив да стаса тестото потоа од делив одприлика четвртина од тестото за пицата остатокот од тестото го расукав и премачкав со маргарин и го ставив во фрижидер до вечерта да одмара и ми дојде полу лиснато, ако сакаш лиснато ќе го оставиш до наредниот ден во фрижидер, па го направив како погача со сирење ( слика подоцна или утре) За пицата една кора поголема пресеков друга помала. Поголемата кора ја развлеков поголема од тепсијата во која се печеше за да можам да ја преклопам, ставив кечап многу кашкавал и салама, помалата кора ја развлеков точно колку што е тепсијата голема и ја затворив со краевите на поголемата кора т.е првата.
3 јајца се матат убаво со 250гр шеќер и кесичка ванилин шеќер.Потоа се додава 150мл јогурт и 100 мл зејтин,се меша со лажица.На ова просејуваш 250гр брашно во смесата и едно пециво,матиш убаво.Откако ќе се соедини смесата рендаш две поголеми јаболка и ставаш една кесичка суво грозје во неа. Ја ставаш да се пече во загреана рерна на 180 степени додека не се испече Се сече ладна заради јаболките,за да не се распадне. Добар апетит