Брзо и лесно...мешаш и печиш Тесто: 540 мл јогурт 300 гр брашно 250 гр шеќер..(јас ставив под 200 ..неќам многу благо..а има шеќер и во преливот) 120 мл масло 1 полна со врв голема лажица какао 2 мали л. сода 1 лажиче нескафе-(и не мора ) Се се меша и се пече во убаво подмачкан плех( потанко тесто повкусно е..оваа доза во поголемо плехче оди),во загреана рерна 200° околу 20 тина минути. Глазура: 150 гр маргарин 150 гр чоколадо за готвење( јас сега обично ставив) 120 гр шеќер 120 мл млеко Жежок прелив ставаш на ладен колач (избоцкан за поубаво да прими) Мене ми е превкусен со една топка сладолед од ванила
Посни бомбици 1 пудинг од чоколада ( може и друг вкус по желба) Од другиве состојки ставав од око, додека се добие убава густа смеса : Мелени бисквити Мелени ореви Сецкани урми и сецкани смокви Декорација по желба. Пудингот се вари со вода, откако прилично ќе се излади се додаваат: бисквитите, оревите смоквите и урмите, се заедно убаво се меша и се формираат бомбици. Јас ги валкав во кокос, чоколадни трошки и декоративен шеќер во боја.
@❤ sneze❤ постапката е вообичаена како и секој леб, само го печам под капак затоа е распукано и крцкаво.
Белото е бела бајадера, преубава е, се топи во уста ролатот е направен со растопено чоколадо, мелени бисквити, мелени ореви, еурокрем, сечкани урми и смокви
@eli25 3 јајца со 3 филџани шеќер се матат. Потоа се додаваат 3 лајци мед, 3 филџани масло, 1 лајче сода, 1 пециво и брашно по потреба. Се меси, се прави кора и се сечат форми. Се печат во подмачкан плех на 180 степени. Потоа се лепат со мармалад и се брцкаат во какаото (чоколаден прелив) и во кокос. Кај нас дома зошто сме комплицирани дел ги намачкавме со еурокрем зошто брат ми не јади мармалад, и дел ги брцкавме во мрвици зошто јас не јадам кокос. Прво се тврди, но со преноќевање тие што беа со мармалад омекнаа, а тие со еурокрем се покрцкави.